Не сакам да започнам кавга ниту пак сакам да ја омаловажам титулата на Вардар - ама, дали нема некои големи глупости во текстот? Како на пр. играчите на Вардар секогаш имаат императив да бидат први, а играчите на другите екипи тој импертаив го имале оти биле водени од финансискиот притисок од спонзорите. Како тоа, жити се? Играчите на Металург не сакаат да се шампиони? На Шкендија? На 11 Октомври, на Пелистер, Беласица, на Љуботен? Апсурдно е ова, не можам да го сфатам. Понатаму, круната е без дамка. Ако фузија со второлигаш, менување на име и подоцнежно враќање на името не е дамка во богата историја - тогаш не знам кои се критерумите за дамка. Да убиеш човек најверојатно. Она со најдобрата одбрана исто така е глупаво многу - и нема потреба да се споменува на истиот оној начин на кој што Работнички нема потреба да се фали дека биле најдобар клуб во 2011 според некој си таму IFFHS.
Можеше новинарот да оди со наслов 7 причини зошто титулата на Вардар е двојно повредна - ама изгледа така им е наредбата за пишување. Јас се согласувам и со неговиот дел дека навивачите го следат клубот, се согласувам со делот дека Вардар е светла точка и основа за подобрување на фудбалот, дека можеби може да се најде и по некој репрезентативец (не сите како што се набројани таму Лико кој нема право да игра, Оса кој нема потреба сосила да го правиме Македонец или пак Захов кој има 10-тина натпревари одиграно или пак Вајс и Бојовиќ па и Таневски кои играат на позиции каде што сме сосема добро покриени (Мојсов, Новески, Шиков и Грнчаров се сепак далеку поквалитетни од Вајс).