Фан Клуб: Вардар

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.327
Поени од реакции
22.631
fali eden nazad i centarfor...omeragic ne e na zadovolitelnoto nivo. nazad slabo pokrivame presporo zatrvarame.

iako gubime raduva igrata na vardar do sega. moze duri i preofanzivno vlegovme vo duelot, ova e nesto sto ke treba da se podrazmisli vo idnina.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
1.601
Поени од реакции
4.617
Добро си знаеме екипи кој ќе се борат за опстанок во пл сме ние,Македонија и Брегалница.Ништо чудно преку бараж да се спасуваме пак,следно коло со Работнички мораме 3 бода да земеме.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Не може да судиме уште, сепак игравме со Гостивар кој смени 100000 играчи и Брега која е со една нога во втора лига (кажав и претходно, не толку во играчки кадар колку што се гледа индиспонираност).
Подобар е тимот многу со тие неколку засилувања, ама да не се летаме дека сме тим за Европа. Треба да се оди чекор по чекор.
Како што кажав, многу лесно луѓето претеруваат со очекувањата, после две утакмици во кои првата беше со екипа која туку што се состави, а вториот со екипа која е главен кандидат за отпаѓање.

Шкендија најмалку ни одговара од сите екипи, затоа што игра напаѓачки фудбал. Со дефанзивна тактика може ќе извадевме некое мртво нерешено, али реално беше да изгубиме. Не се споредувајте како поминуваат други екипи со нив. Една е мотивацијата на екипите кога играат против Вардар, друга е кога играат со останати клубови.

Добро е што Брегалница и Ѓорче загубија и веќе се знае дека ние ќе ја биеме битката со нив. Дуелот во среда е од клучно значење и огромен минус е што се игра во мртов работен ден...
Лошо е што Воска веќе ни бега и за жал ќе обезбедат опстанок, а на сметка на тоа три македонски екипи ќе се борат за која ќе се спаси делумно...
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.217
Поени од реакции
4.112
По мене мислам дека Михајлов згреши што искочи офанзивно со 4-2-3-1 против гости на Шкендија ,им оставивме доста простор на наша половина а Шкендија тоа го искористи.

Требаше да играме формација 4-3-3 напред само Лемос , Ристовски и Омерагиќ ради правилото у-21 , со тоа што Алтипармаковски ке беше на клупа а ке играше Мујезинович или некој друг во средина ..

Иначе малце се претера со очекувањата ние сме Вардар и идеме на победа во Тетово , да бидеме реални со Шкендија и во најдобри сезони сме се мачеле таму на гости а не па вака далеку послаби ,Шкендија во моментов е подобра од нас и тоа е тоа ..

Ѓорче и Брегалница со овие порази денес се први фаворити за 2 лига , ние со Воска ке се бараме кој ке го избегне баражот , ако играме пак бараж најверојатно ке играме со Детонит кој го држи тоа 3 место и не би требало да иаме проблем да обезбедиме опстанок ..
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Како што кажав, многу лесно луѓето претеруваат со очекувањата, после две утакмици во кои првата беше со екипа која туку што се состави, а вториот со екипа која е главен кандидат за отпаѓање.

Шкендија најмалку ни одговара од сите екипи, затоа што игра напаѓачки фудбал. Со дефанзивна тактика може ќе извадевме некое мртво нерешено, али реално беше да изгубиме. Не се споредувајте како поминуваат други екипи со нив. Една е мотивацијата на екипите кога играат против Вардар, друга е кога играат со останати клубови.

Добро е што Брегалница и Ѓорче загубија и веќе се знае дека ние ќе ја биеме битката со нив. Дуелот во среда е од клучно значење и огромен минус е што се игра во мртов работен ден...
Лошо е што Воска веќе ни бега и за жал ќе обезбедат опстанок, а на сметка на тоа три македонски екипи ќе се борат за која ќе се спаси делумно...
Вардар и требаше да оди на реми, секако никој објективен не очекуваше наша победа денес. Грешнаа беше идејата да се излезе со двајца напаѓачи, во ситуација кога реално немаш никаков импакт од нив во играта. Алтипармаковски е крајно време да се седне на клупа, Омерагиќ ќе мора да го толерираме ради татица и статусот на У-21 играч, иако дечкото е тотално безопасен и нема инстинкт на голгетер.
Околу мотивацијата се слагам, дури ми се чини дека кај нив беше на доста повисоко ниво. Дали поддршката од домашната публика и самото име Вардар делумно си го направија своето, останува да анализираат од стручниот штаб, но како кај нас да изостана мотив плус.
Воска ни бега 3 бода тачно, но далеку е тоа од недостижна предност. Има уште многу за игра бе луѓе, не се ни Тиквеш, Пандев и Работнички предалеку избегани.
П.С. Не можам да не го искоментирам судијата. Па онакво лигавење, к*ропушење кај домаќините, дури и во моменти на одлучен победник, е толку мизерно да не може да не' те иритира...
 
Член од
11 април 2023
Мислења
1.601
Поени од реакции
4.617
Да видиме утре кога ќе се излезе со сопштение каде ќе се игра Работнички Вардар во среда, јас мислам на Градски ќе се игра да почекаме да видиме.
Него памти ли некој која ни е последна изиграна утакмица на Градски како домаќини?Мене не ми текнува.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765

Во маџари ќе се игра, пишав и претходно.
 
Член од
18 август 2019
Мислења
150
Поени од реакции
191
Во маџари ќе се игра, пишав и претходно.
Џабе ли земав слободен ден за во Маџари да се игра Нека се договорат некако со Работнички они да платат сега за стадионот па кога ќе се стабилизира Вардар да вратат.
 
Член од
23 април 2022
Мислења
245
Поени од реакции
1.115
Да видиме утре кога ќе се излезе со сопштение каде ќе се игра Работнички Вардар во среда, јас мислам на Градски ќе се игра да почекаме да видиме.
Него памти ли некој која ни е последна изиграна утакмица на Градски како домаќини?Мене не ми текнува.
12 март 2022 против Охрид како второлигаши
Ако не ја сметаме прославата против Железничар
 
Kajgana Shop

На врв Bottom