Фан Клуб: Вардар

Член од
7 мај 2008
Мислења
2.818
Поени од реакции
368
Напиши како што ја напишав вториот пат ќе видиш што сакам да ти кажам. Во Македонски Спорт имаат грешка
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Напиши како што ја напишав вториот пат ќе видиш што сакам да ти кажам. Во Македонски Спорт имаат грешка
Пријателе, тоа е стариот сајт. Овој новиов го видов на службените коли, а и на пресот минатата недела.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Ај тргна работата......

Сеа со Пелистер ќе биде на 24 август или ????

Некој ми кажа ама не сум сигурен дали е тој датум.....
 

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Е сега навистина е чест да се биде навивач на Вардар (мене ми е чест цел живот што крвта ми е црвено црна меѓутоа сега го осеќам вистинскиот шмек на таа магија наречена Вардар) Вчерашниот натпревар едноставно не смеев да го пропуштам,за него живеев цело лето,и не згрешив. По првото полувреме кое заврши 0:0 и во кое Победа имаше неколку убави прилики за гол, можеби секој еден од нас си помисли дека на овој нов Вардар ќе му треба малце време да влезе во ритам и дека нема да биде се така глатко, меѓутоа во вториот дел конечно дојде до израз далеку подобрата физичка подготвеност на вардаровите играчи (Глигоров, Милисављевиќ, Петров и Положани едноставно беа незадржливи).Токму во тоа лежи главната причина за убедливото вардарово второ полувреме и тоа е тоа што се однесува до натпреварот. Сепак она што мене ми го стопли срцето беше солидно исполнетата и навивачки акитвна "Јужна" (особено кога ќе се присетам како беше пред само 3 месеци кога игравме со младински состав и кога на јужна бевме само 20-30 комити). Ако и со Пелистер за две недели биде без пари влезот, тогаш може да се очекува атмосфера како со ЦСКА и со Спарта, пошто вчера Скопје покажа дека е жедно за Вардар!
 
Член од
7 мај 2008
Мислења
2.818
Поени од реакции
368
Јас мислам дека управата ќе направи одличен потег доколку влезот повторно биде без пари. Сигурен сум дека тогаш ќе има најмалку 7000 гледачи, не само затоа што е најголемото дерби, туку многу луѓе го немаат видено новиот Вардар. Како што кажа ти, и мене ме беше мерак кога ја видов Јужна во издание кое го немало добри 3 години во домашното првенство.
 

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Вчера на излегување од стадион после утакмица,го видов Иди Баба - најновото засилување во нападот за Вардар.Истото беше потврдено и во денешен спорт, т.е. дека во последен момент го пријавиле за предстојната сезона. Доаѓа од Гана и информациите велат дека е повремен репрезентативец на оваа земја,а во својата кариера настапувал и за Алеманија Ахен и Хапоел Тел Авив. ако се сеќавате истовака помпезно беше најавуван пред некоја година и Даниел Адо,меѓутоа се надевам дека овој пат нема да се повтори целата таа бламажа, на крајот на краиштата и од стручниот штаб и од клубското раководство рекоа дека првин ќе мора на дело т.е. на тренинг да се уверат во неговите способности пред да заклучат дека е достоен да го носи вардаровиот дрес.
 
Член од
7 мај 2008
Мислења
2.818
Поени од реакции
368
ако се сеќавате истовака помпезно беше најавуван пред некоја година и Даниел Адо,меѓутоа се надевам дека овој пат нема да се повтори целата таа бламажа, на крајот на краиштата и од стручниот штаб и од клубското раководство рекоа дека првин ќе мора на дело т.е. на тренинг да се уверат во неговите способности пред да заклучат дека е достоен да го носи вардаровиот дрес.
Интересна е приказната за тој Адо. Минатото раководство успеа да ја излаже целата јавност дека се работи за оној Адо кој настапуваше во Германија. Всушност со сигурност ви тврдам дека фудбалерот беше само цел на перење на пари и ништо повеќе, односно беше подпросечен фудбалер кој за несреќа имаше име кое се совпаѓаше со истиот.
 

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Интересна е приказната за тој Адо. Минатото раководство успеа да ја излаже целата јавност дека се работи за оној Адо кој настапуваше во Германија. Всушност со сигурност ви тврдам дека фудбалерот беше само цел на перење на пари и ништо повеќе, односно беше подпросечен фудбалер кој за несреќа имаше име кое се совпаѓаше со истиот.
Ова искрено кажано иако прв пат го слушам,сепак не ме чуди, сите добро знаеме кои се дубари ги правеа претходните раководста на чело со freak ликови како борче и брацо со својот легендарен помошник гризли.Одлично се сеќавам на случката со напаѓачот од Бразил Вилсон кој на своето деби во вардаровиот дрес против штипска Брегалница постигна 2 гола,а после одеднаш го снема.Испадна дека дошол во Скопје само колку евтино да си ги поправи забите како што напиша еден новинар на Дневник. и стварно така му доаѓа,дојде на сред сезона (се играше негде 7-8коло) го изигра тој еден натпревар,даде два гола, и таман сите си помислија дека Вардар конечно дојде до асално засилување,и одеднаш му снема трага. Сепак тоа беше во минатото,било поминало и никогаш да не би се вратило.Вчера на натпреварот се виде дека денес конечно имаме еден Вардар кој вреди да се сака.
 

VaZzilL

Сантино Џеновезе
Член од
23 април 2007
Мислења
921
Поени од реакции
39
Милсам дека со силен Вардар публиката ќе се врати не само на Градски туку и на сите стадиони во Македонија, бидејќи ќе биде мотив повеќе за да се докажат другите навивачи, а и секако присуство на добар натпревар.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Почна походот кон титулата...одлична игра и организираност и разбиена Победа...сепак се чувствува неуираност ама сепак ќе биде нека се запознаат меѓу себе играчите...не ни бега титулата :vozbud: :eek:lee:
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Вардар ке биде шампион на Македонија. Тоа се знае и пред првото коло да дојде. Со оваа екипа незнам кој може да му парира??? Можеби Ѓорче ке извади еден 1-0 пораз, инаку се друго би било наредена утакмица:salut::salut::salut:
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Не го заборавај и Милано...а тоа да не верувам дека некој трет освен овие два клуба ќе се замешаат во титулата :toe:
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
А бе каков Милано каков Ѓорче. :tapp: Вардар ке биде шампион и готово. Од цела сезона ке има само 2-3 интересни натпревари, НАЈМНОГУ!!!! Секој друг резултат нема да биде одраз на квалитето. Нема конкуренција, тоа е. Не крив ни Вардар ни Милано ни Турново. Лугето од врвот се криви:salut:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
496
Поени од реакции
27
]Почна походот кон титулата...одлична игра и организираност и разбиена Победа...сепак се чувствува неуираност ама сепак ќе биде нека се запознаат меѓу себе играчите...не ни бега титулата :vozbud: :eek:lee:

Drugar ne se neuigrani posto istite igraci igraa i lani ali vo rabotnicki
moze samo ova novive sto se 2 3 da ne se uigrani... inaku istata ekipa e
A za titulata ne ni bega nasa e
 

Kajgana Shop

На врв Bottom