Со офанзива на Вардар!
Три порази на 4 натпревари и само една победа. Тоа е малку за големите амбиции во Хоризонт Турново за стартот на пролетниот дел од сезоната. Тимот има квалитет и може секого да победи, посебно кога игра дома на свој терен. Поучени од грешките во минатите натпревари избраниците на тренерот Шефки Арифовски денеска го очекуваат Вардар
Најтрофејниот тим секогаш е мотив повеќе за секој клуб во земјава без разлика на тоа што "црвено-црните" по секоја цена се борат за бодови за спас.
"Овој меч за нас е шанса да влеземе во една победничка серија со која ќе се избориме за топ 5 екипи на табелата. Немаме повеќе бодови за раздавање и затоа денеска одиме на полн погодок. Да го победиме Вардар тоа е нашата главна цел и затоа ќе играме офанзивно", коментира Цветан Чурлинов, фудбалерот кој со 5 голови е најефикасниот фудбалер на турновци оваа сезона.
ХОРИЗОНТ Т - ВАРДАР
Стадион "Кукуш" во Турново. Капацитет: 2.000. Почеток: денеска, 16 часот. Главен судија: Зоран Петковски. Помошници: Горан Манасиев и Петар Новачев (сите од Велес).
ХОРИЗОНТ Т: Димовски, Митров, Милушев, Петров, Божинов, П. Стојанов, Мавров, Лазаревски, Ковачев, Чурлинов, Бајлозов.
Тренер: Шефки Арифовски
ВАРДАР: Симов, Нено, Бојовиќ, Никанчевски, Ристов, Р. Карлос, Т. Џангаровски, Трипуновски, Мојсов, Настевски, Вандаир
Тренер: Зоран Стратев
ПОСЛЕДНИ НАТПРЕВАРИ
Вардар - Хоризонт Т 1:1
Хоризонт Т - Вардар 3:0
Вардар - Хоризонт Т 0:1
Хоризонт Т - Вардар 0:1
ВКУПНО:
8 4 2 2 10:6