Епа те лажат брат. Долгот не е намален и ниту едно евро не е уплатено на ниту еден доверител. Водени се разговори (од претставникот на Комити В.К.) за намалување на долгот со некои доверители, од кои има збор (ништо на писмено) дека би го намалиле долгот. За други не знам, но речиси сигурен сум дека нема писмени спогодби за намалување на долгот. Евентуалното намалување на долговите кон државата и пуиг, кое се уште не е официјално, секако не се дело на Миленко туку на В.Н.(?) и Г.Д.
За извршен директор знаеш дека намерно беше оставен С.К. од овие сегашните како би се заштитиле од евентуални парични казни. Понудено им беше да се организира акционерско собрание (дури и закажано беше на нотар) и да се постави директор кој тие ќе го предложат (било кој) ама сепак самите под изговор дека спонзорот доаѓа сега, рекоа дека подобро е да се почека новиот инвеститор (уште во јули месец).
Тимот го градеа Иди и Миленко, кој колку играчи или тренери од аргентина донел не знам. Знам дека донесоа ѓубре, а Миленко со тоа ѓубре прв се фалеше на социјални мрежи. Значи и он стоел позади тие играчи. Сега и двајцата ретерираат со тоа дека најважно било годинава да се испеглаат сметките и да се избори опстанок, а тоа не е точно. На вториот состанок во хиподром на кој присуствуваа М.О., Иди и Миленко самите тие најавуваа борба за врвот. За сега, да бидат задоволни со опстанок. Ако беше така немаше да се искараат и напаѓаат меѓу себе. Двајцата се обвинуваат меѓу себе кој е крив за резултатскиот дебакал. Месечниот буџетот за плати во моментов е дупло поголем од буџетот на Комити, а тимот е значително послаб. До сега, 14.10.2024 год. Миленко и Иди потрошија повеќе пари отколку управата на Комити за време на целиот свој мандат.
Дополнително, не е точно дека Комити не вратија дел од долгот. Комити подмирија околу 5000 евра долгови кон сметководството, 1000 евра долгови кон ЦДХВ и други институции, долг од 10 000 евра кон голман од србија заради кој имавме трансфер блокада, и долг од 7000 евра кон други доверители. Значи вкупно 23 000 евра директно платени за намалување на долгот. Знам дека ова не е ништо, но сепак е повеќе од тоа што вратил Миленко.
За крај, со тоа што Комити се изборија за влез и опстанок во прва лига, клубот има директен прилив од уефа од околу 200 000 евра ама ајде тие нема да ги сметаме како пари од комити со кои се намалил долгот. На блокираната сметка на ФК Вардар има веќе 280 000 евра, така што при тоа одблокирање кон другите доверители „уделот“ на Миленко ќе биде дури и помал од тој на Комити.
Бидејќи имаш директен контакт, а гледам дека и другите се прашуваат за тоа. Многу е важно да знаеш(знаете) дека Миленко и Иди прават се што е во нивна моќ за да ги избегнат обврските од договорот за дар без надомест со кој Атила стекна удел од 85% во Вардар. Во моментов речиси никој од Комити не учествува во било која управувачка структура на клубот и нема што да се крие тоа. Изговорите се дека се чекало да се официјализира договорот или не знам што, ама фактичката состојба е таа. Миленко и Иди со своите постапки ги прљаат имињата на тие што гарантираа за нив, секој ден се оди чекор понатаму до конечно пукање на тиквата заради овие двајца, а не заради Комити. Никогаш не постоело толку стрпливо и внимателно раководство на групата, меѓутоа многу брзо чашата може да прелее, а тогаш којзнае дали ќе има можност за враќање назад.