Фан Клуб: Вардар

Член од
23 април 2022
Мислења
421
Поени од реакции
2.133
Bitna stavka vo seto ova e dali Komiti po doagjanjeto na noviot sopstvenik ostanuvaat vo rakovodnite strukturi kako bi imale uvid na se ona što se raboti vo klubot?
Па имаа ли увид во суспензијата на двата играчи пред некој ден, во казната 30 % од плата на целиот колектив, ги праша ли некој околу доведувањето на играчи и нивните плати и договори? Ги праша ли некој за Горазд, за Чунга, за Срле? За помошниците? За платите на новите вработени во клубот? Околу правилникот за премии? На гостувањето во Кавадарци ги ставија на трибина со домашни навивачи вон секаков протокол. Најбитните вести одат на сосема нови профили. Какви се тие раководни структури?
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.965
Поени од реакции
9.602

Ne znam be druže ja prašav dali, zatoa što beše najeveno deka ke bidat vo strukturite i ke imaat uvid vo se. Kako toa nikoj ne gi ebe toa ne mi e jasno. Za koj kur se u rakovodni strukturi ako nemaat glas nešo da smenat ili da vlijaat na odluka? Togaš voopšto neka ne bidat, nema smisla. Rabotata so ovoj nov gazda beše da se napravat novi dogovori kade nema da bide napravena istata greška kao so Sams.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.639
Поени од реакции
4.243
Она мемето со двете деца што играат плејстејшн и трето, седнато до нив со исклучен џојстик, што се замислува дека и тоа игра - така отприлика изгледа и учеството на Комити во управа досега.
 
Член од
7 јули 2023
Мислења
25
Поени од реакции
179
Целосна поддршка за луѓето од Комити, барем они не заслужија да бидат спомнати во некоја негативна конотација. Едноставно кај нас чесен човек не може да се избори со цела таа партиска машинерија. Ако беше одбиено и ова единствено понудено "решение", тоа ќе значеше директна војна со владеачкава партија. И тие мали пари што влегуваа како помош од општиниве ќе ги снемаше, а за влез на некоја стабилна фирма да не зборуваме, знаеме како одат тие работи кај нас. Плус, дежурните душегрижници по социјалниве мрежи едвај ќе чекаа да ги обвинат Комити дека ете они се деструктивците во случајов. И да се одеше со сценариото да се почне од нула во најнизок ранг, ќе се стигнеше некако после одредено време до втора лига и кочница, за понатака ќе требаа пари а пари нема дур не намигнат од партија. И така полека но сигурно Вардар го чекаше тотален распад. Чесна приказна не проаѓа во ваква скапана држава со толку многу профитери на метар квадратен. Сите управи на клубови полни со партијаши, се менуваат само во зависност од тоа кој е во локалната власт, ама на сите устата полна за Вардар, да се чудиш. Нека зборат сите колку сакаат, Вардар е единственото нешто што успеа да извади повеќе од 100 илјади луѓе на улица, се заборавија и партии и сите гомнарии во тие моменти, се покажа некој пркос и се осети некое национално единство како никогаш претходно, најверојатно и тоа го вклучи алармот кај многу на кои тоа баш и не им одговара.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
168
Поени од реакции
408
Ок, ај вака... Реакции негативни и замислете сега туракот од Маџарска ќе го остави Вардар, Миленко се трга, Иди се трга, ОК се трга, Масар се трга итн... Остануваат Комити, лавовски се борат за одржување на клубот,нема да се игра во Европа, ама клубот ќе има душа. Само ова е сценарио кое повеќето ќе ги задоволи... ама па дали е тоа решение?

Ние како народ дозволивме државата да ни ја уништат и обезличат, па сега Вардар ќе го спасиме, пошто од што многу се секираме се изгубивме... Оф леле, за грев сме.
Не сум сигурен дали се работи за песимизам или за оправдување на еден трул процес кој од километри се гледа дека не чини, ама ајде ќе претпоставам дека е ова првото. Да бидеме реални, реакциите се премеки во однос на тоа што реално се случува, затоа што уште постои надеж кај нас дека работите може сеуште да се свртат во правилен правец, но како што одминува времето мислам дека ќе биде се потешко да се случи тоа, особено после секое лажно ветување кое го даваат од новото раководство на клубот. Ни донесоа докажан и осуден криминалец, односно преварант, да ги ,,среди" работите што се случувале порано на преварантски начин, бидејќи тој само тоа го познава. И сега треба да чекаме овој подлец да ги изеде другите подлеци што порано ровареле во клубот, но во меѓувреме поради неговата природна нискост, тој по автоматизам прави зли работи во клубот, на кои никој нормален навивач не може да остане рамнодушен. Наместо процес во кој што ќе се решат старите долгови од кои голем дел се фиктивни, ги добивме старите менаџерски шеми, а со првото не знаеме до каде сме. Се потпишуваат играчи на повеќегодишни договори, некои од нив веќе зрели за играчка пензија, 9ка-та има постигнато 2 гола цела сезона од кој едниот на пријателски натпревар, се даваат енормни плати на играчи кои не заслужуваат толкава плата (читај - вишокот на пари завршува во нечиј џеб), се одбиваат договори од менаџери на кои не им е позната шемата на процент и слично. Понатаму, од клубот на народот, стана клуб на Свињенко. Сите официјални соопштенија најпрво идат на профилот кај свињата, па после на официјалните профили на клубот. Што е тоа ако не е покажување моќ? Моќ која патем се заоснова на лажен ветар во грб даден од некој многу поголем од свињата, кој сега нема образ да ја признае грешката, па поради преголемото его наместо санкции ќе гледаме по стотици специјалци на запад на секоја утакмица. Ако намерите околу ФК Вардар се искрени, тогаш козарот треба да се испрати во неговата природна околина, да одгледува кози и шарпланинци, а не да води фудбалски клуб кој што патем е многу поголем од него. Во спротивно, иднината според мене ќе биде празни трибини, уништена група и соопштенија од типот на MAKE VARDAR GREAT AGAIN, кои се на линија на шизофренија и од кои на секој нормален навивач на Вардар му се повраќа.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.965
Поени од реакции
9.602
Целосна поддршка за луѓето од Комити, барем они не заслужија да бидат спомнати во некоја негативна конотација. Едноставно кај нас чесен човек не може да се избори со цела таа партиска машинерија. Ако беше одбиено и ова единствено понудено "решение", тоа ќе значеше директна војна со владеачкава партија. И тие мали пари што влегуваа како помош од општиниве ќе ги снемаше, а за влез на некоја стабилна фирма да не зборуваме, знаеме како одат тие работи кај нас. Плус, дежурните душегрижници по социјалниве мрежи едвај ќе чекаа да ги обвинат Комити дека ете они се деструктивците во случајов. И да се одеше со сценариото да се почне од нула во најнизок ранг, ќе се стигнеше некако после одредено време до втора лига и кочница, за понатака ќе требаа пари а пари нема дур не намигнат од партија. И така полека но сигурно Вардар го чекаше тотален распад. Чесна приказна не проаѓа во ваква скапана држава со толку многу профитери на метар квадратен. Сите управи на клубови полни со партијаши, се менуваат само во зависност од тоа кој е во локалната власт, ама на сите устата полна за Вардар, да се чудиш. Нека зборат сите колку сакаат, Вардар е единственото нешто што успеа да извади повеќе од 100 илјади луѓе на улица, се заборавија и партии и сите гомнарии во тие моменти, се покажа некој пркос и се осети некое национално единство како никогаш претходно, најверојатно и тоа го вклучи алармот кај многу на кои тоа баш и не им одговара.
Прво никој не ги спомнува Комити во негативен контекст и никогаш нема да ги спомене. Беа наведени како евентуална брана и кочница за матни игри во Вардар, а одговорите се дека немаат никаков глас и дека никој не ги ебе два посто, што е стварно поразително. Ако е така, а не би сакал да е така, тогаш нема што да очекуваме чиста работа во клубот, и некој работи кои овде сите на форумот ги бараме. Дека ќе дојде шеик и ќе избрка се политичко од Вардар и ќе го направи неприкосновен тоа може само да сањаме. Комити во управа беше таа трошка надеж со која требаше да биде контролирана работата, да се врши притисок за чесно работење во клубот или бар да не се забегува и евентуално да не се остави клубот во ситуација слична како после владеењето на Самс. Друго нема што да се каже. А тотална брука се причите дека некој ги обвинува и едвај чека да ги спомне Комити во негативна конотација.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.256
Поени од реакции
18.205
Mislam nerealno da se ocekuva deka nekoj so ne dava pari kje ima odlucuvacka mokj za bilo sto.
Tuka semata e jasna, vlaata kje turka pari vo vardar preku nekoj fiktivni likovi i firmi od stranstvo, pri so niv kje upravuvaat lokalni partiski potrckovci.
Podobra opcija nema a i ne veruvam u dogledna deka kje ima tuka.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.242
Поени од реакции
4.163
Кој може да вети дека нема да биде истото сценарио како Самс?
Па и газдата на ПСЖ да дојде може преку ноќ да го снема и да нема долгови.
Да не се лажеме, шеик не доаѓа во Вардар, кој и да дојде може да дава додека зема од владата, од чиста љубов - тешко!
Едино што може да напраат Комити во случајов е да се најдат добри правници и се да биде со закон потковано, за афтершокот да биде што помал, пример ако финансиерот го снема преку ноќ, само тековните трошоци да бидат неподмирени, а не како сега 5-6-7 милиони евра.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
141
Поени од реакции
151
Додека не слушнам дека лицето О,К го напуштило ФК Вардар еднаш и засекогаш не се радувам на веста за новиот сопственик. Па макар да вложи и помалку од очекуваното само да таа тајфа профитерска од ФКВ еднаш засекогаш си отиде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom