Фан Клуб: Вардар

Член од
1 август 2015
Мислења
1.090
Поени од реакции
2.356
Козарот ќе остане во клубот ова е локум ситуација за него какво идење надевајте се на тоа само.Тие што ќе си идат се навивачите што бевме со клубот и кога беше во втора лига и едвај преживуваше.
Ќе се осети и кај бројката кај Комити сигурно ќе има незадоволство и таму.
За брзо очекувајте нови профили на платформите фб/инстаграм на ФК Вардар ,на Твитер веќе бидна.Ништо чудно со допис од клубот да се кикнат постоечките што ги водат дечки од Комити.
А зошто да си одат Комити? Не разбирам.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.156
Поени од реакции
7.214
А зошто да си одат Комити? Не разбирам.
Има незадоволство према козарот и дел од управата,се што правеа за клубот Комити и сите вардарци кога беше најтешко новиве го уништија во 3 месеци водење.Многу луѓе што идеме на трибина не им се иде токму заради тие работи.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
317
Поени од реакции
1.776
Како најголем клуб очекувам наскоро газдава да дојде во Скопје и да се одржи пресконференција каде ке се објават сите детали (не да остане само на едно пишано соопштение )

Да видиме кои луѓе ке бидат во управа и дали Миленко ке има некаква функција во Вардар , и секако да каже колку пари планира да вложи во Вардар за да веруваме во овој нов проект ..

Неофицијално пишува дека газдава има акции во тимовите Ујпешт, Бачка Топола и Осијек ..
Таман ќе помислам не може нешто поцрно да има од судбината на Вардар и ете си ти со твоја прогноза…
 
Член од
1 август 2015
Мислења
1.090
Поени од реакции
2.356
Има незадоволство према козарот и дел од управата,се што правеа за клубот Комити и сите вардарци кога беше најтешко новиве го уништија во 3 месеци водење.Многу луѓе што идеме на трибина не им се иде токму заради тие работи.
Па Комити се дел од управа колку што знам... Или не се повеќе?
 
Член од
3 септември 2020
Мислења
366
Поени од реакции
1.484
“Let’s make Vardar great again”. Реченица што само на козарот може да му текне и на никој друг!
Баш,па и во изјавата неговото име е болдирано,као да потврдува ете,ја сум главен,не ми можете ништо...која превара е овоа,аууу...поголема од "Конти"
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.709
Поени од реакции
4.489
Баш,па и во изјавата неговото име е болдирано,као да потврдува ете,ја сум главен,не ми можете ништо...која превара е овоа,аууу...поголема од "Конти"
Не е болдирано, уште тоа фалеше миленко да е болдиран
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.808
Bitna stavka vo seto ova e dali Komiti po doagjanjeto na noviot sopstvenik ostanuvaat vo rakovodnite strukturi kako bi imale uvid na se ona što se raboti vo klubot?
 
Член од
1 август 2015
Мислења
1.090
Поени од реакции
2.356
Ок, ај вака... Реакции негативни и замислете сега туракот од Маџарска ќе го остави Вардар, Миленко се трга, Иди се трга, ОК се трга, Масар се трга итн... Остануваат Комити, лавовски се борат за одржување на клубот,нема да се игра во Европа, ама клубот ќе има душа. Само ова е сценарио кое повеќето ќе ги задоволи... ама па дали е тоа решение?

Ние како народ дозволивме државата да ни ја уништат и обезличат, па сега Вардар ќе го спасиме, пошто од што многу се секираме се изгубивме... Оф леле, за грев сме.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.206
Поени од реакции
2.241
Bitna stavka vo seto ova e dali Komiti po doagjanjeto na noviot sopstvenik ostanuvaat vo rakovodnite strukturi kako bi imale uvid na se ona što se raboti vo klubot?
Ќе останат Комити на раководни функции ама помалце на трибина, ако козарот остане со неговиот однос према нас.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.323
Поени од реакции
21.585
Козарот ќе остане во клубот ова е локум ситуација за него какво идење надевајте се на тоа само.Тие што ќе си идат се навивачите што бевме со клубот и кога беше во втора лига и едвај преживуваше.
Ќе се осети и кај бројката кај Комити сигурно ќе има незадоволство и таму.
Нека се врати клубот таму каде што му е местото, на врвот, во борба за титули и настапи во Европа, па после ако сакаат и Заев, Бранко и Грујо нека ги стават во управа, курот ќе ме боли.

На навивачите им е важно прво да не згасне клубот, удавен во долгови, а второ резултати и титули. Ако се успее во тоа, ако вроди со плод работата на сегашното раководство, небитно е кој е во управа. Никој не е глуп да пропушта натпревари на успешен и силен Вардар, само затоа што имал некакво незадоволство кон некој член на управата.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.156
Поени од реакции
7.214
На навивачите им е важно прво да не згасне клубот, удавен во долгови, а второ резултати и титули. Ако се успее во тоа, ако вроди со плод работата на сегашното раководство, небитно е кој е во управа. Никој не е глуп да пропушта натпревари на успешен и силен Вардар, само затоа што имал некакво незадоволство кон некој член на управата.
Незнам дали е за смеење дали е за плачење ова што гo напиша.
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.323
Поени од реакции
21.585
Незнам дали е за смеење дали е за плачење ова што гo напиша.
Сосема разбирлива ми е недовербата и скептицизмот, матен лик е Козарчиќ, нормално е никој да не верува дека ќе вроди со плод неговата работа. Многу не веруваа и дека ќе се најдат спонзори, па ете се најде некој. Не веруваа и дека некој ќе го купи клубот со толкав долг, на раб на згаснување, па ете и тоа бидна.

Сите сакаме брзи резултати, разбирливо, но според мене е премногу рано за носење заклучоци и бедирање. Допрва ќе се консолидира тимот, не сме ни на полусезона уште. Според мене успех ќе е да обезбедиме опстанок оваа сезона, стабилизирање на клубот, административно колку-толку да застане на здрави нозе и да не згасне, а од следна веќе може да се очекуваат посериозни резултати. Така да, рано е уште за било какво паѓање во духот, без разлика на досегашните резултати.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.206
Поени од реакции
2.241
Незнам дали е за смеење дали е за плачење ова што гo напиша.
За плачење е...Разлистај ја темава уназад 10 год. и ќе видиш дека сме макс. 30-40 луѓе кои коментираме и правиме некаква дискусија, и од пред некој месец се појавуваат вакви ликови испратени тука со уредба да креираат некакво мислење и да ги релативизираат негативностите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom