Фан Клуб: Вардар

Член од
20 септември 2023
Мислења
353
Поени од реакции
1.984
Ако успее управата на Комити кои во моментов го водат клубот да најдат спонзор со долг од 3 милиони евра тоа ке биде џек пот , но реално тоа е тешко остварливо ..

И сега решението е или вака да се тера клубот со парите од град Скопје(прашање до кога би ни давале и колку) и колку би бил силен Вардар со тие пари , и имаш друга опција новава власт да пронајде спонзор и Вардар да се бори за шампион ?

Ова тука го кажувам како мој став , јас секако ниту сум во управа ниту па сум дел од вмро , само кажав тоа што слушнав , а богами и сите добро знаеме дека силен Вардар може да има само со падот на сдс , односно со оваа власт сега во моментов ..
Таа власт ако пронајде спонзор како претходниот, тогаш ќе дојдеме до она што го пишав погоре во претходниот пост... Долгот го направија паразити поврзани со новата власт, старава ковчегот до гроб го носеше.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
641
Поени од реакции
3.418
Не знам колку е за еуфорија тоа со "стабилен" спонзор, треба да се најде спонзор на долгорочен план што нема да е зависен од партијата на власт, зошто искуството со еден таков спонзор директно поврзан со владеачката партија во тој момент не ни е баш сјајно, донесе огромни успеси ама и ги донесе и двата клуба на раб на гасење, така да треба да се биде внимателен во иднина со такви "бумови", да не се зема се здраво за готово...
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
Таа власт ако пронајде спонзор како претходниот, тогаш ќе дојдеме до она што го пишав погоре во претходниот пост... Долгот го направија паразити поврзани со новата власт, старава ковчегот до гроб го носеше.
Се согласувам со све, кое е решението во моментов за Вардар , сакаме вака да тераме или нов стабилен спонзор и јак Вардар ?

Прашање до тебе и до сите други што ке правиме со Вардар , (нормално да останеме прва лига ) парите од град Скопје 200.000 евра ке се потрошат до лето и потоа ?

Јас мислам вака сега за опстанок без пари (да неможеме на градски) и ваков слаб Вардар веќе на сите ни е дојдено преку курац ...
 
Последно уредено:
Член од
13 август 2019
Мислења
641
Поени од реакции
3.418
Се согласувам со све, кое е решението во моментов за Вардар , сакаме вака да тераме или нов стабилен спонзор и јак Вардар ?

Прашање до тебе и до сите други што ке правиме со Вардар , (нормално да останеме прва лига ) парите од град Скопје 200.000 евра ке се потрошат до лето и потоа ?

Јас мислам вака сега за опстанок без пари (да неможеме на градски) и ваков слаб Вардар веќе на сите ни е дојдено преку курац ...
Сите сакаат јак и стабилен Вардар, мислам дека нема некој што не го посакува тоа, но тој јак и стабилен Вардар треба да опстои и да биде секоја наредна година се појак и постабилен, а не да се тресе дали се сменила власта или не, тоа е муабетот... нормално е дека партијата која што е на власт ќе сака да има силен Вардар и во фудбал и во ракомет зошто Вардар како Вардар е дефинитивно еден од најголемите брендови на Македонија, но да не се повторуваат грешките како во времето на Самсоненко...
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
353
Поени од реакции
1.984
Се согласувам со све, кое е решението во моментов за Вардар , сакаме вака да тераме или нов стабилен спонзор и јак Вардар ?

Прашање до тебе и до сите што со Вардар на лето ако остане вака ?

Јас мислам вака сега за опстанок без пари (да неможеме на градски) и ваков слаб Вардар веќе на сите ни е дојдено преку курац ...
Малку зезнато прашање, а одговорот пак ќе донесе прашања:

Кој е тој стабилен и јак спонзор?
Дали е фирма блиска до власта и налик на претходниот сопственик?
Кој ќе биде во управа?

Види, што би ми значело мене играњето на Градски ако новиот газда не ги плаќа обврските и пак остави огромен долг кон тоа претпријатие?

Еве да скратам, ако бирам помеѓу играње во Европа и таложење на милионски долгови и криминал или "стабилен" прволигаш кој се бори за 8-9 место, тогаш го избирам второто.

Кај нас ништо не е чисто, ете го спомна долгот, новиот газда ќе го покрие ли? Одма сме во слична ситуација. Уште од сега може да претпоставам како ќе одат работите: ќе нема пари, пред почеток на сезона ќе се појави "спасител" и после сите знаеме како оди понатаму, класично политичко-лингурски.

Нас ни треба тотално аполитичен човек/спонзор, се друго е вртење во круг пред конечна преселба во општинска или гасење на клубот. Дали може да се најде ваков човек/спонзор? Нема теоретска шанса...
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.978
Поени од реакции
15.317
Почекајте прво да опстанеме. Пред нас се веројатно три, а дај боже две утакмици. Евентуално играње во бараж е огромен ризик, 90 минути, 1 гол погрешка и отиде све низбрдо. Видовме дека нашите немаат капацитет да бркаат резултат. Имаме многу повреди, не треба да не лажат последните 2 победи. Детонит ќе биде незгоден противник.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
Малку зезнато прашање, а одговорот пак ќе донесе прашања:

Кој е тој стабилен и јак спонзор?
Дали е фирма блиска до власта и налик на претходниот сопственик?
Кој ќе биде во управа?

Види, што би ми значело мене играњето на Градски ако новиот газда не ги плаќа обврските и пак остави огромен долг кон тоа претпријатие?

Еве да скратам, ако бирам помеѓу играње во Европа и таложење на милионски долгови и криминал или "стабилен" прволигаш кој се бори за 8-9 место, тогаш го избирам второто.

Кај нас ништо не е чисто, ете го спомна долгот, новиот газда ќе го покрие ли? Одма сме во слична ситуација. Уште од сега може да претпоставам како ќе одат работите: ќе нема пари, пред почеток на сезона ќе се појави "спасител" и после сите знаеме како оди понатаму, класично политичко-лингурски.

Нас ни треба тотално аполитичен човек/спонзор, се друго е вртење во круг пред конечна преселба во општинска или гасење на клубот. Дали може да се најде ваков човек/спонзор? Нема теоретска шанса...
Не е зезнато прашањето туку реална вистина , градот Скопје ни даде околу 200.000 евра , трошоците за ФК Вардар месечно се околу 30.000-35.000 евра месечно , тие пари до лето ке се потрошат ..
За спонзорот кажав нема никакви детали , туку луѓе од новава власт да го дигнат Вардар нагоре , рано е сеуште за имиња на спонзори ..

Сепак има време за дискусија, сега е најбитно Вардар да обезбеди опстанок па после све друго ..
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
353
Поени од реакции
1.984
Не е зезнато прашањето туку реална вистина , градот Скопје ни даде околу 200.000 евра , трошоците за ФК Вардар месечно се околу 30.000-35.000 евра месечно , тие пари до лето ке се потрошат ..

Сепак има време за дискусија, сега е најбитно Вардар да обезбеди опстанок па после све друго ..
Зезнато е во однос на изборот што го имаме... Ти што би одбрал?

Добра си е дискусијата, многу подобро за ова да се пишува и дискутира, отколку да има глупи препукувања Скопје-Битола и сл.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
Зезнато е во однос на изборот што го имаме... Ти што би одбрал?

Добра си е дискусијата, многу подобро за ова да се пишува и дискутира, отколку да има глупи препукувања Скопје-Битола и сл.
Би одбрал нов стабилен спонзор секако на долг рок , ама не таков како Самсоненко да не остави на цедило кога падна неговата власт ..

Сакам јак Вардар да се бори за титула , 7 години ни поминаа од животот во агонија и тага за Вардар , доста патевме и како народ и како навивачи на Вардар , сите тука живееме еден живот и немаме време повеќе за чекање ..

Уште на лето нека помогне власта(реков има најави) во наоѓање спонзор и да играме европски утакмици на полн градски да не личи , а не да се молиме сега дали ке го победиме Детонит од Радовиш и дали ке останеме во прва лига.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.886
Поени од реакции
25.366
Малку зезнато прашање, а одговорот пак ќе донесе прашања:

Кој е тој стабилен и јак спонзор?
Дали е фирма блиска до власта и налик на претходниот сопственик?
Кој ќе биде во управа?

Види, што би ми значело мене играњето на Градски ако новиот газда не ги плаќа обврските и пак остави огромен долг кон тоа претпријатие?

Еве да скратам, ако бирам помеѓу играње во Европа и таложење на милионски долгови и криминал или "стабилен" прволигаш кој се бори за 8-9 место, тогаш го избирам второто.

Кај нас ништо не е чисто, ете го спомна долгот, новиот газда ќе го покрие ли? Одма сме во слична ситуација. Уште од сега може да претпоставам како ќе одат работите: ќе нема пари, пред почеток на сезона ќе се појави "спасител" и после сите знаеме како оди понатаму, класично политичко-лингурски.

Нас ни треба тотално аполитичен човек/спонзор, се друго е вртење во круг пред конечна преселба во општинска или гасење на клубот. Дали може да се најде ваков човек/спонзор? Нема теоретска шанса...
vo mkd postojat 3 firmi vmro, sds i dui. i koka kola neka dojde za sponozor ako nema amin od tie na vlast isto ke bide kako so sams.
Автоматски споено мислење:

Сите сакаат јак и стабилен Вардар, мислам дека нема некој што не го посакува тоа, но тој јак и стабилен Вардар треба да опстои и да биде секоја наредна година се појак и постабилен, а не да се тресе дали се сменила власта или не, тоа е муабетот... нормално е дека партијата која што е на власт ќе сака да има силен Вардар и во фудбал и во ракомет зошто Вардар како Вардар е дефинитивно еден од најголемите брендови на Македонија, но да не се повторуваат грешките како во времето на Самсоненко...
znaci ako toa sakame treba da ne ja menuvame vlasta sto ni dava najveke i da najdeme nacin plus kako da se samofinasirame... e sega ako sakas toa sto vikas treba barem 1M evra da gi sobereme nie nekako... kolku ke dades ti? ne si pravete filmovi....

edina greska so sams bese sto po pad na vladata ne uspeavme da go zadrzime podolgo na bilo kakov nacin.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
353
Поени од реакции
1.984
Би одбрал нов стабилен спонзор секако на долг рок , ама не таков како Самсоненко да не остави на цедило кога падна неговата власт ..

Сакам јак Вардар да се бори за титула , 7 години ни поминаа од животот во агонија и тага за Вардар , доста патевме и како народ и како навивачи на Вардар , сите тука живееме еден живот и немаме време повеќе за чекање ..

Уште на лето нека помогне власта(реков има најави) во наоѓање спонзор и да играме европски утакмици на полн градски да не личи , а не да се молиме сега дали ке го победиме Детонит од Радовиш и дали ке останеме во прва лига.
Сите тоа го сакаме, но последниве децении ништо од ова што е набројано не се споило заедно, затоа и ретко кој е оптимист за целата ситуација.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
641
Поени од реакции
3.418
znaci ako toa sakame treba da ne ja menuvame vlasta sto ni dava najveke i da najdeme nacin plus kako da se samofinasirame... e sega ako sakas toa sto vikas treba barem 1M evra da gi sobereme nie nekako... kolku ke dades ti? ne si pravete filmovi....

edina greska so sams bese sto po pad na vladata ne uspeavme da go zadrzime podolgo na bilo kakov nacin.
Има начини како клубот може да заработи од навивачите, потребно е малку да фати клубот континуитет, добри резултати и пред се добар маркетинг и менаџмент, јас не викам клубот да се самофинансира во иднина и да зависи само од тие средства, нормално дека кој спонзор и да дојде ќе биде со амин од власта кај нас функционираат така работите, муабетот е дека не можеме да се потпреш целосно на тој еден спонзор и да му се дадат одврзани раце како што му беа дадени на Самс па да се доведеме пак во ситуација да немаме тренинг центар, да немаме соблекувални, да немаме помошно игралиште, терен за млади категории и слично... не е само најди спонзор, земи титула две, искочи во Европа, па стави катанец на клубот...
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.886
Поени од реакции
25.366
Има начини како клубот може да заработи од навивачите, потребно е малку да фати клубот континуитет, добри резултати и пред се добар маркетинг и менаџмент, јас не викам клубот да се самофинансира во иднина и да зависи само од тие средства, нормално дека кој спонзор и да дојде ќе биде со амин од власта кај нас функционираат така работите, муабетот е дека не можеме да се потреш целосно на тој еден спонзор и да му се дадат одврзани раце како што му беа дадени на Самс па да се доведеме пак во ситуација да немаме тренинг центар, да немаме соблекувални, да немаме помошно игралиште, терен за млади категории и слично... не е само најди спонзор, земи титула две, искочи во Европа, па стави катанец на клубот...
nema ni priblizno dovolno. eve godinava kolku zarabotile od navivacite?

sto tocno bese loso so sams? kade go lociras problemot?
 
Член од
14 декември 2021
Мислења
863
Поени од реакции
3.344
nema ni priblizno dovolno. eve godinava kolku zarabotile od navivacite?

sto tocno bese loso so sams? kade go lociras problemot?
Како бре каде го лоцира проблемот, доволно е само тоа што му го зема помошното игралиште на Вардар позади источната трибина и буквално Вардар е бездомник сега, и да не ги спомувам другите работи како долгот и слично.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
353
Поени од реакции
1.984
vo mkd postojat 3 firmi vmro, sds i dui. i koka kola neka dojde za sponozor ako nema amin od tie na vlast isto ke bide kako so sams.
Автоматски споено мислење:



znaci ako toa sakame treba da ne ja menuvame vlasta sto ni dava najveke i da najdeme nacin plus kako da se samofinasirame... e sega ako sakas toa sto vikas treba barem 1M evra da gi sobereme nie nekako... kolku ke dades ti? ne si pravete filmovi....

edina greska so sams bese sto po pad na vladata ne uspeavme da go zadrzime podolgo na bilo kakov nacin.
Проблемот е што откако ќе дојде некоја од тие фирми што си ги набројал, по некоја година собираме донации, купуваме виртуелни карти и играме по ниви за да го спасиме клубот. Не е проблем да донесат спонзор политичариве, проблем е што после тоа клубот е пред тотален крах и распад заради нивно мешање/неработење/арамилук.

Ние тука плукаме по ЈПССДП дека не ни даваат да играме на Градски, а јас никаде не видов некој да каже кој го направил тој долг, дали е тоа Сергеј или некој пред него?

Јас лично не го негирам времето на СС, повеќе пати имам кажано дека тоа е најуспешниот период на клубот, но, во негово време се случија и потписи со Мексиканци, Аргентинци, Срби кои се избркаа за месец дена од клубот, нормално на штета на клубот, а Вардар до ден денес глава не може да крене од тие работи. Ако не се лажам, пред месец-два имаше објава дека побарувањата кон тој голманот биле подмирени и тргната ни е забраната за трансфери, а човекот немаше ниту еден настап за клубот. Второ, се случи Фенербахче и сите циркузи околу нив, па презентацијата на проект за стадион без една трибина позади головите (па имаше расправии тогаш дека намерно е изоставена западната) итн. Капак на сето ова е примопредавањето на клубот, каде што СС задржа се што е вредно, остави милиони долг, а никој не побара одговорност за сето тоа и на крајот се доведовме на ова дереџе.

Затоа и викам дека е зезната ситуација, дај Боже да грешам, но повеќе од сигурен сум дека изборот ќе ни биде помеѓу борба за живот + долгови над глава и стабилен клуб кој ќе се бори за титула/Европа + уште поголеми долгови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom