Фан Клуб: Вардар

Член од
20 септември 2023
Мислења
177
Поени од реакции
923
Гача мајсторе :D
Прекрасна сезона на капитенот.
Мртва утакмица, сигурица пораз од екипата која царува во купот. Не ни очекував нешто поинаку, се надевам на сметка на купот ќе дадат уште некој бод во првенството :D

Епа 17 години без куп финале. Или во превод, во новиот милениум (23 години) само ЕДНО ФИНАЛЕ сме имале.
Да ти ебам животот...
Најмизерен скор од сите подобри екс Ју тимови и тоа убедливо.

Дополнително, со дождов што падна, теренот прекрасен за игра. Топката не се движи, кал до коленици.
Легендата вика дека некогаш нема одбиено топка од слободен, корна или нафрлување…
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.092
Поени од реакции
1.782
Фокусот треба да е опстанок во лигава, заеби куп, кој секако не е реално за очекување да се освои, а дали си испаднал 1/8 финале или финале исто е нема некоја придобивка ни финансиска ни било каква... освен надеж
 
Член од
23 април 2022
Мислења
277
Поени од реакции
1.250
Гача мајсторе :D
Прекрасна сезона на капитенот.
Мртва утакмица, сигурица пораз од екипата која царува во купот. Не ни очекував нешто поинаку, се надевам на сметка на купот ќе дадат уште некој бод во првенството :D

Епа 17 години без куп финале. Или во превод, во новиот милениум (23 години) само ЕДНО ФИНАЛЕ сме имале.
Да ти ебам животот...
Најмизерен скор од сите подобри екс Ју тимови и тоа убедливо.

Дополнително, со дождов што падна, теренот прекрасен за игра. Топката не се движи, кал до коленици.
За него е успешна сезона штом траката заврши на неговата рака. Тоа што се случува околу не го секира премногу..
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.622
Поени од реакции
70.300
Мора малку да биде седнат на клупа, затоа што почнува да наликува на будалетинката Јорде. Ама проблемот е што немаме втор голман, односно Јовчев е премлад и не сме во ситуација да се коцкаме со неискусна единица на натпреварите од првенството. Некогаш тој ризик знае да се исплати, ама не сум нешто пресигурен во неговите квалитети.

Натпреваров кој ни следува со Брера е од огромно значење за нас, заедно со следната домашна утакмица со Воска. Повредата на Панта доаѓа во најлош можен момент и мислам дека многу тешко би дошле до посакуваните бодови...
 
Член од
23 април 2022
Мислења
277
Поени од реакции
1.250
Минатата сезона повредата на Панта ја сплоти екипата која ионака беше блиска сама по себе и фрли во преден план играчи кои ја оправдаа улогата, пред се Николовски. По таа повреда мораше од корен да се менува играта затоа што истата беше концепирана исклучиво на Мицевски. Оваа година имаме колку толку повеќе избор но и потешки противници од недела во недела, така да останува да се види како ќе се одвиваат работите во следните недели. Не е е дека не може да излезе нешто добро кога најмалку се надеваме
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
177
Поени од реакции
923
Фокусот треба да е опстанок во лигава, заеби куп, кој секако не е реално за очекување да се освои, а дали си испаднал 1/8 финале или финале исто е нема некоја придобивка ни финансиска ни било каква... освен надеж
Се ова држи вода и се согласувам ама јбг млад бев последен пат кога игравме финале, а верувам и тука ретко кој се се сеќава на тоа финале. Ако ја исклучиме лакрдијата од финале со Победа, последен пат игравме во 1999 година.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
887
Поени од реакции
2.782
Момци после долго време доаѓам во недела, иде некој друг од форум да пиемо по едно пиво заедно?
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.563
Поени од реакции
5.668
Утре играме дома со Брера која е во криза и нема победа 7 кола во лигата , Воска и Гостивар имаат тешки дуели со Шкендија и Струга и ова е шанса со победа да се израмниме по бодови со нив.

Без Мицевски секако ке биде тешко но победата над Работнички ни дава надеж дека барем на домашен терен можеме да освојуваме бодови :)
 
Член од
31 август 2020
Мислења
411
Поени од реакции
1.299

Како си пуштаат меѓу себе , бре племе гадно :гомце:
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.644
Поени од реакции
2.100
Како си пуштаат меѓу себе , бре племе гадно :гомце:
Шкендија испушти милион шанси. Оној Чинари е најголем виновник што денес Воска им скина бод. Ама најако беше кога влезе Шаркоски на дресот му пишуваше Шаркиски. Не ми е јасно како ниту овој не реагирал кога го добил дресот. :pos:

Додека Гостивар издоминира денес, оној Алпер Потук ги извади од копачки денес. Како игра секоја чест. Ако обезбедат опстанок тој ќе биде еден од најзаслужните.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom