Ајде бидна и таа победа после толку разочарувања. Се враќаме во игра со овие три бода. За вториот дел од сезоната ни следуваат многу полесни противници дома (Пандев, Воска, Тиквеш, Брегалница), каде може да се надеваме на бодови.
Но огромни проблеми имаме напред, другови. Слободно можам да кажам дека Лемос е најголемото разочарање за мене. Момакот уште толку ги успорува нападите со неговите вишок потези. Додека Србинчето е дефитивно нашиот најопасен играч во офанзива. Колку акции повлече, најмногу од сите влага во шанси за гол, ја имаше и најзрелата денеска, може да се каже дека и среќата не го посака. Ја не знам како се доведовме во ситуација да останеме без пристоен напаѓач, а верувам дека и покрај беспарицата можевме да најдеме подобро решение од Љутви. Бодови ќе не кошта тој пропуст.
Не ми е јасна намерата на Тетовка со Цветков. Кога веќе имаме еден играч под 21 година, не ја сфаќам потребата од него во првиот тим. Убедливо најслаб играч. Ај што упропасти милион акции према напред, тука ради негова грешка ќе примевме и гол. Поарно Дошев да добива шанса. Влезе детето во игра, беше бескомпромисен за тие 20 минути, дури и жолт си заработи, но топка не му прелета. Така се заслужува дресот на Вардар.
Исто така не знам колку е паметно што Панта го повлекува на стопер зашто многу губиме во поврзаноста на средина без него, но во недостаток на подобри, веројатно е изнудено решение.
Ќе биде ѓаволски тешко до декември, но мора да истраеме!