Ајде се надевам со добра организација ќе го повториме изданието со Работнички, а зошто да не и подобро од тоа.
Само нека се пише навремено на веб сајтот и официјалната ФБ страна околу терминот и местото на одигрување, како и за превозот бидејќи на нашиот форум прочитав дека ќе има автобуси од фонтана и железничка.
Знаејќи што се случи на мечот со Работнички, за да не настанат такви гужви при влегувањето, иако сме домаќини сега, сепак од една тесна врата се влегува и кога ќе дојдеме сите одеднаш настанува хаос, па мислам дека ќе биде најпаметно да се тргне порано за да не касниме на утакмицата !