Фантастичен начин да се освои титулата...последните три кола,победи против 2,3 и 4-от тим на табела.26 мечеви без пораз,со 2 победи во последните 2 кола,ќе биде соборен рекордот на бундеслигата.Ако не се премногу пијани и опуштени,не верувам дека ќе имаат било какви проблеми да го остварат и тоа.
Левандовски,Хумелс,Шмелцер,Кагава,Пишчек,Гундоган...сите одиграа одличен меч.
Не верувам дека по ваков меч,одлучувачки гол и вакви овации Кагава ќе го напушти тимот, а со него небото е лимит во Европа.Кога можат Челзи и Баерн да стигнат на чекор до финале,може и оваа генерација без дилеми.Само треба добра тактика,континуитет и што е најважно за Европа,среќа.Се друго е тука од квалитет,тренер па до уиграност,хемија и долга клупа.
Овој тим и тимот од првиот дел од сезоната се сосема различни.Мечот што ја смени сезоната беше победата над Баерн во Минхен.До тој меч не само во Европа туку и играта во Бундесот беше просечна,по него,резултатите говорат сами за себе.
Минатата година предноста беше голема а и Леверкузен не е тим што плаши во никој случај...оваа титула е далеку позначајна со оглед на тоа дека трката беше со Баерн и до двобојот во Дортмунд сите карти беа отворени.Лани и покрај 4-5 киксови,титулата во ниеден момент не беше доведена во прашање.
П.С Перфектно време за камбек на Геце.
![Кул :cool: :cool:](/styles/default/xenforo/smilies/cool.png)