- Член од
- 24 ноември 2010
- Мислења
- 41
- Поени од реакции
- 9
Комплетен водич за сегашните и идните фанови на Борусија Дортмунд
Ballspiel-Verein Borussia Dortmund
___________________
Германија, Година на основање 1909
Надимак на клубот: Die Borussen, Die Schwarzgelben
Веб сајт: www.bvb.de
____________________
Претседател: Д-р Рајнхард Раубал
Менаџер/Тренер: Јирген Клоп
_____________________
Стадион: Сигнал Идуна Парк
Капацитет: 80708
_____________________
Најлут ривал: Шалке
Други ривали: Баерн Минхен, Леверкузен
Икони на клубот: Штефан Ројтер, Ларс Рикен, Михаел Зорц, Отмар Хицфилд, Матијас Замер
_____________________
---------- Место во историјата ----------
Ballspielverein Borussia (BVB) Dortmund е германски клуб со база во Дортмунд, Северна Рајна-Вестфалиа и е добро познат како еден од најуспешните клубови во германскиот фудбал. Има освоено 6 шампионати во првата германска лига и 2 триумфа во Купот на Германија, Дортмунд го освои Купот на Победниците на Куповите во 1966 (станувајќи првиот германски тим да освои европска титула) и Уефа Лига на Шампиони во 1997.
Клубот е основан на 19 декември 1909 од страна на група на млади луѓе незадоволни од црковно-спонзорираното Младо Тројство, каде што тие играат фудбал под строги услови поставени од локалниот епархиски свештеник. Името Борусија е латински збор за Прусија, името е преземено од локалната пиварница Борусија. Тимот почнал да игра во сино-бели пругасти дресови со црвен појас, и црни шорцеви. Сепак, во 1913 година, тие за првпат го облекоа црно-жолтиот дрес и го користат и до ден денес.
Oberliga Запад, Првата дивизија во лигата во која беа вклучени Борусија, доминираат до крајот крајот на 50-тите. Во 1949 година Борусија стигна до финалето во Штутгарт против ВФР Манхајм, кое тие го загубија 2-3 по екстра времето. Клубот ја доби својата прва национална титула во 1956 година со 4-2 против Карлсруе Кометал. Една година подоцна, Борусија ја освои својата втора национална титула, против истата екипа. Во 1963 година, Борусија Дортмунд победи на последното финале пред да започне Бундеслигата. Тоа беше нивната трета национална титула.
Во 1962 година, на DFB се состанаа во Дортмунд и гласаа за конечно да се формира професионална фудбалска лига во Германија за истата да почне да се игра во Август 1963,позната денес како Бундеслигата. Борусија го заслужи своето место меѓу првите шеснаесет екипи да игра во новата лига со победата на последниот шампионат. Во 1965 година, Дортмунд го освои својот прв германскиот Куп. Тие имаа добри резултати следната идната година во лигата и го освоија Купот на Победниците на Куповите, ја предадоа позиција на врвот на Бундеслигата со губење на четири од нивните последните пет лига натпревари и го освоија второто место, три поени зад шампионот 1860 Минхен. 70-тите години се карактеризираат со финансиски проблеми и испаѓање од Бундеслигата во 1972 и отворањето на Вестфален, именуван според името Вестфалија, земјиштето на кое се наоѓа во 1974 година. Клубот го заработил враќањето во Бундеслигата во 1976 година, но продолжил да страда од финансиски проблеми низ 80-тите години, и тесно избегна повторно испаѓање во 1986 година. Клубот не уживаше значаен успех повторно, се додека не го освои германскиот Куп во 1989 година.
Во 1993 година, Дортмунд стигна до финалето на Купот на УЕФА, које тие загубија 1-6 вкупно од двата натпревари против Јувентус. Тие ја освои Бундеслигата во 1995 и 1996 - додека Матијас Замер во '96 страна е именуван европски фудбалер на годината. Во едно незаборавно финале на Лига на Шампиони во 1997 Лига во Минхен, Јувентус повторно се соочуваа со Дортмунд, но овојпат Борусија Дортмунд славеше со 3-1. Борусија продолжи понатаму и го победи бразилскиот клуб Cruzeiro 2-0 во 1997 Интерконтиненталниот Куп.
Во 2000 година, Борусија Дортмунд стана првиот и засега е единствениот клуб, кои јавно се тргува на германскиот пазар. Две години подоцна ја освои својата трета титула во Бундеслигата. Клубот заврши одлична работа и успеа на крајот од сезоната да го стигне Баер Леверкузен, обезбедувајќи ја титулата во последното коло. Во истата сезона, Борусија загуби во финалето на Купот на УЕФА против холандски Феенорд.
Од тогас среќата не е на страна на Дортмунд. Лошото Финансиско работење доведе до големи долгови и продажба на земјата на нивниот стадион. Сепак, поставувањето на Јирген Клоп донесе пресврт на настаните, во и надвор од теренот, и кулминираше во 2009/10 како најуспешна сезона до почетокот на новата декада.
--------------- Раководство ---------------
Менаџер: Јирген Клоп
Асистент: Жељко Бувац
Асистент: Питер Кравиц
Тренер на голмани: Волфганг Де Бер
Фитнес тренер: Оливер Бартлет
Тренер на прв тим: Флориан Ванглер
--------------- Тим ---------------
Голмани :
Роман Вајденфелер
Мичел Лангерак
Јохан Фочер
____________________
Клучен играч | Роман Вајденфелер
Дојде од екипата на Кајзерслаутерн како слободен играч, Вајденфелер беше долгогодишен ученик на Јенс Леман. Откако Леман замина за Арсенал, Роман ја искористи својата шанса и од тогаш е незаменлив број 1 на Дортмунд и втор капитен на екипата. Има 187 настапи за тимот и истотака е втор голман на Германската репрезентација иако нема настап на официјален натпревар.
__________________________________________________
Одбрана :
Тимот на Дортмунд има неверојатни играчи во овој дел на екипата, млади но веќе искусни Суботиќ и Хамелс се можеби најдобриот тандем централни одбранбени играчи во лигата, додека Сантана им нуди одлична подршка заменувајќи ги. Шмелцер е млад лев бек кој постојано напредува, заедно со искусниот Деде кој му го овозможува тој напредок. Овомојела и Пижчек ја покриваат дескана бековска позиција. Двајцата се офанзивни и одлично го надополнуваат стилот на игра на екипата иако според многумина тој е наслабиот дел на тимот.
Централни одбранбени играчи:
Метс Хамелс
Невен Суботиќ
Фелипе Сантана
Ласе Собиеч
Леви бекови:
Марсел Шмелцер
Деде
Десни Бекови:
Патрик Овомојела
Лукаж Пижчек
____________________
Клучен играч | Метс Хамелс
Неговата реутација во Германскиот фудбал секојденовно растеl, тој му се приклучи на тимот од неговиот ривал Баерн во 2008. Веке е Германски интернационалец, Хамелс е една од најсветлите точки во германскиот фудбал . Има потенцијал уште повеќе да напредува и да биде клучен играч на Дортмунд, се додека успеат да го задржат во својот тим. Заедно со Суботиќ, Хамелс ќе биде клуч на основата на овој млад тим.
__________________________________________________ _
Среден ред :
Дортмунд има одличен микс на млади и искусни играчи кој и најверојатно е најсилниот дел на тимот. Дефанзивно, Себастијан Кел може уште да понуди,но ќе треба да се бори со сегашниот првотимец Свен Бендер. Нури Сахин нуди креативност во средината. Од поофанзивниот дел на средината за место се борат Кагава и Геце. Tие се способни да играат и на страничните позиции. Лево крило е Кевин Гроскројц, истотака уште еден од академијата на Дортмунд кој има огромен потенцијал, додека на позицијата Десно Крило е Јакуб Блажшиковски кој често го гледаме како експлодира по таа страна. Во средниот ред има голем баланс, со играчи кои можат да играат различни позиции.
Средни дефанзивни играчи:
Себастијан Кел
Свен Бендер
Централни средни играчи:
Нури Сахин
Флориан Кринге
Маркус Феулнер
Офанзивни средни играчи:
Шинџи Кагава
Марио Геце
Антонио Да Силва
Лево крило:
Кевин Гроскројц
Десно крило
Јакуб "куба" Блажчиковски
____________________
Клучен играч | Нури Сахин
Сахин е квалитет. Неговата креативност и способноста за подавање може да ја отклучи и најтесната одбрана, и тој е еден од најнадарените играчи во Бундеслигата. Константен репрезентативец за неговата земај,и истотака доаѓа од школата на Дортмунд, со само 22 години тој е веќе клучен играч на екипата.
Но тука треба да се спомни и Марио Геце
кој нашироко е познат како најголемиот талент на Германија, добивајќи големи признанија и награди уште во младите категории. Овој млад фудбалер го има потенцијалот да ги надмини сите големи имиња на германскиот фудбал.

Напад :
Лукас Бариос е откритие на екипата уште со самото доаѓање , и е глава и рамена на сите напаѓачи во екипата. Има голем потенцијал овој сектор на екипата, тука се и Ле Талек, Левандовски, Гинчек кои се сите млади и кои допрво ќе се докажуваат. Мохамед Зидан е само надополнување и кој ке им пружа искуство на преостанатите.
Напаѓачи:
Лукас Бариос
Роберт Левандовски
Мохамед Зидан
Дамиен Ле Талек
Даниел Гинчек
____________________
Клучен играч | Лукас Бариос
Парагваецот е убиец пред противничкиот гол, способен е да игра повеќе улоги во нападот и тоа го прави со неодолив стил. Можи да игра и како класичен напаѓач но и како подршка на неговиот партнер користејќи ја неговата енергија,сила и добивајќи воздушни дуели иако неговата висина е скромна. Нема да помине долго време па на вратите на Дортмунд да затропаат големите клубови и да го бараат неговио потпис.
Фан клуб на Дортмунд од Македонија,
Влатко Јорданоски и Димитар Попов.