Игор, пошо глеам Сантата има голема шанса за шиткање, а и најверојатно и Бариош. Се шпекулира нешто трет централен дефанзивец или за втор напаѓач?? Или планирате само со Лева, Хумелс и Суботиќ да останете. И не е лошо да земете и некој крилен бек. Пошо ако сакате успешна сезона у европа мора да зајакнете и дефанзивата. И дали има шанси Шахин да се врати? Дали Ројс ќе биде прва замена за Лева?
Инаку догодина да ти е јасно дека нема да имате моќна одбрана ако играте со среден ред со Гетце, Ројс и Кагава. Јес да нападот ќе биде страшен ама овие не трчаат назад како коњите Гроскројс и Куба.
Тешко е да се предивидат трансферите. За мене само 2 се чисти. Бариос си оди сигурно веќе зимаваа не фалеше многу да си оди ама влето скоро сигурно оди во Кина за 12м Евра. Сантана е супер играч ама за жал не може да ги помине Суботиќ и Хумелс. Лојален играч е и не е фер да не го пуштаат. За 5м може да си оди. Гладбах е многу загреан за него како замена на Данте кој оди во Баерн.
Е сега за средината има многу варианти. Ако остане Кагава и го продолжи договорот, ќе си оди Куба сигурно. Не сака да седи на клупа што е и нормално за играч со негова класа. Ако не го продолжи Кагава договорот највероватно Куба ќе остане. Во право си дека ќе треба замена за Сантана. Имаше шпекулации за младиот Кирхоф од Мајнц. Дечкото има 21 години и е репрезентативец на младинците на Германија. Може за 5м да дојде како трет бек, ќе добие сигурно шанси за настапувајне. Но јасно дека ќе треба тука замена.
За крилен бек засега не верувам дека ќе земат некого. Пишчек заедно со Лам се најдобрите десни бекови во лигата, нема потреба значи десно. Лево е друго прашајне. Шмелцер си е ок ама не е нешто најнај. Но прашајне е, дали Дортмунд може за поефтини пари да најде подобар од него. Знаеш дека и Баерн не можеше да најде лев бек, Коентрао кој на пример е подобар од Шмелцер чинеше 25м Евра. Значи за толку пари не вреди тој и затоа засега Дортмунд не може да најде подобар лев бек од Шмелцер, тоа е мое мислејне.
Шахин поред мене не се враќа, Мурињо јасно кажа дека ќе го чува и ете почна и тој да игра во Реал. Плус Дортмунд на таа позиција има доста играчи како Кел, Бендер, Лајтнер, Гундоган а влето иде и Битенкурт значи нема потреба од Шахин, тамам се снајдоа и без него. Ама јасно е дека со него Дортмунд ќе добие поќе квалитет ама шансите се мали да се врати.
Бариос ако си оди ќе треба покрај Лева втор напаѓач. Привремено играчи како Ројс или Перишич можат да играат таа позиција но не се тие чисти напаѓачи. Сигурно ќе има замена за Бариос, се шпекулира на Ласога од Херта, ќе видиме.
Иначе во право си дека Дортмунд ќе биде доста офанзивен ама и сега е иста приказна. Освен што сега Гроскројц поќе вреди дефанзивно од офанзивно но системот на Дортмунд ги тера играчите и дефанзивно да работат и плус Бендер или Кел се тука како чистачи. Ама сепак ова ќе биде интересно прашајне, ќе видиме како Клоп ќе ја среди оваа дилема да нема премногу дупки. Сепак види го и Баерн кој слично игра напред. Робен, Милер и Рибери послаби се за дефанзивни работи ама средината со Швајни и Густаво/Тимо дејствуваат како чистачи значи има варианти тука. Ќе видиме.