Да не испадне овој како Спајдерменот првата утакмица хет трик после у земја пропадна.
Обамејанг не испадна лош, но Клоп не го ставаше често во стартниот состав и покрај повредените играчи што ги имаше. Од 32 бундеслигашки натпревари на 21 натпревар бил стартер и има постигнато 13 гола и 5 асистенции што не е лошо за прва сезона. Клоп често и ротираше сезонава бидејќи нели имаше секој пат повредени играчи, секој натпревар скоро различен состав играа така да не е лесно да се вклопиш толку лесно во клуб каде што има проблеми со повредени играчи и секој натпревар со различни играчи да играш. Тој не дојде во Дортмунд како докажан играч од типот на Мата, Азард или не знам кој туку дојде како надежен играч кој може да напредува и да стане играч како тие што ги набројав.
Клоп сезонава му се укажа и шанса да експериментира кога веќе не беа во борба за титулата во Бундес со играчи како Хофман, Јојиќ и Дурм кои добро се покажаа. Барем си виде човекот дали ќе може да смета на тие млади играчи и во следната сезона.