Фан Клуб: Борусија Дортмунд

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381
Ќе има комедии со Сар и Фридрих,доколку не купат централен бек.

Барем Данте да ви го продадеме,да не ни го лапнат Манчестер на сред сезона.:(:(
Podobro mlad igrac kako Ginter da zemat nego Dante. Dajte go vie negde za dobra para, nema da vi e na steta. KE najdete sekako zamena.
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 12:17 ---
11m EUR za Ranocchia (y)

http://www.football-italia.net/44170/ranocchia-his-way-dortmund
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Да не се излажат со овој. Ќе има комедии. Но, чим демантирал спортскиот директор не верувам дека ќе го ангажираат.

Нема да биде комедии,Клоп има да го среди,да биде тата мата во одбрана.Не значи дека ако во Интер моментално е лош,секаде ќе биде лош.
Интер игра со тројца во одбрана,тактика која не му одговара ни малку на Ранокија,не е таков тип на играч,а перспективен млад играч е,се надевам дека ќе го земат Дортмунд,дека ќе го среди Клоп,ќе го направи врвен играч и дека тоа ќе им се врати назад како шамар на бедната управа на Интер.
Сакам и се надевам деќа ке успее Ранокија во Дортмунд.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Ако лупнат Дортмунд 12 милиони на него,ондак бидете сигурно дека се и повеќе од убедени у квалитетите на дечкото....

Плус под палка на Клоп има да пее момакот.И ја мислам дека има талент у него ама не добил права прилика да дојде до израз.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.536
Поени од реакции
15.021
Тоа би било последна шанса за Ранокија да израсне од талент во фудбалер. Во Интер тој процес не успеа... ништо чудно... талент не успеал да се развие во Интер, а успеал во друг клуб.

Јас со години пишувам дека од сите млади (полека остаруваат) дефанзивци, што се појавија изминативе неколку години, Ранокија е со најголем талент.

Само да не заборавиме, ова генерација на италијански дефанзивци (Бонучи, Ранокија, Огбона, Астори) не е ни на приближно ниво, на некогашните легендарни дефанзивци кои ги дала Италија.

Шанси за успех:

51% (y)

49% (n)

:D

П.С. Ако Ранокиа се изгради како дефанзивец во Германија ќе биде уште еден доказ дека италијанскиот фудбал навистина не оди во добра насока. :)
 

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198
Kлетва на Лева оти не го пуштивте изминатово лето и сеа треба на улица да се расправа со тие вашите навивачи неандарталци.:нинџ:
Абе види сеа,има шанси да си у право !
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Лева наводно ишамарал некој средношколец пошто овој дур Лева проаѓал со Кајенот му покажал среден прст.....Лева нагло застанал и се упатил према малиов кој вика дека било многу заебано пошто и девојката на Лева искочила од колата која патем е европски шампион у карате :pos:

За среќа све завршило ок.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.802
Поени од реакции
44.102
Лева наводно ишамарал некој средношколец пошто овој дур Лева проаѓал со Кајенот му покажал среден прст.....Лева нагло застанал и се упатил према малиов кој вика дека било многу заебано пошто и девојката на Лева искочила од колата која патем е европски шампион у карате :pos:

За среќа све завршило ок.
http://uk.eurosport.yahoo.com/news/football-dortmund-striker-lewandowski-denies-hitting-teenager-095548307--sow.html
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.955
Поени од реакции
116.521
Раонкија е топ фудбалер и има страшни предиспозиции за да биде еден од најдобрите дефанзивци во светот. Он неговиот потенцијал во Интер сега за сега не го покажува. Ако дојде во Дортмунд мислам дека одлично ќе се снајде бидејќи пред се ќе биде под палката на еден од најдобрите светски тренери во моментов, а и лично мој омилен. Само има една голема маана Рано, многу голем киксер е. Он е како крава, дава дава млеко и на крај кога ќе ја шутне кофата џабе толку млеко се измолзело од неа. Епа исто и овој, добро игра, добро игра и одеднаш ќе направи некој чуден кикс кој што не би го направило ни дете од 10 години и се ќе усере.
Сеедно, добра инвестиција би било тоа за Дортмунд.
 

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198
Напаѓачот на Борусија (Дортмунд), Роберт Левандовски, не очекува добар однос од навивачите откако стана јасно дека од следната сезона ќе го носи дресот на Баерн (Минхен). Весникот "Билд" откри за инцидентот пред домот на полскиот репрезентативец, поради што мораше да даде изјава во полиција. Додека се влегувал во својот автомобил, група навивачи на Борусија (Д) го навредувале, а еден од нив дури му покажал среден прст. Фудбалерот не ја издржал провокацијата и го удрил во чело навивачот. Подоцна, 17-годишното момче поднело жалба за напад. Самиот Левандовски го искористил профилот на една од социјалните мрежи за да ја разјасни ситуацијата.
"Инцидентот пред мојот дом ме принуди да реагирам. Ако не реагирав, медиумите ќе направеа нова "сензација". Нема да му држам лекции за убаво однесување на едно 17-годишно момче, но и нема ниту да му дозволам да ме навредува мене и моето семејство. Сакам да истакнам дека не сум користел сила, иако тие лица отворено го нарушува моето право на личен живот. Се надевам дека тоа ќе остане изолиран случај и ќе можам да се сконцентрирам целосно на мојата игра во дресот на Борусија", напиша Левандовски.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381
Отиде Куба. Со повредиве не е нормално годинава.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.411
Поени од реакции
26.410
Клоп изјавил дека нема да бидат активни на трансфер пазарот. Како бе нема да купуваат играч сега и Куба кога се повреди. Чудни се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom