Читав многу за овој ама искрено не ми се познати акции како на овие агенти од Левандовски. Агентот само најдоброто го прави за својте играчи ама све во рамките на дозволеното. Иначе Раиола буквално го спаси Мики од Донецк, пола држава имаше трансфер-права на него плус ко подпиша во времето во Донецк тоа го правел без агент па земал некој смешни 600.000 Долари годишно.
Штом Мики се одлучил за Дортмунд пред Ливерпул и Тотенхем, а се шпекулира и дека далеку поголеми клубови го барале, тогаш агентот и играчот стварно донеле вистинска одлука а не оделе само по парите. Ама да, со агентиве секојпат се има проблем, но кај некој има галама по медиуми како кај Лева а кај други не. Читав денес во Süddeutsche Zeitung Röckenhaus кој е блиску до Дортмунд и пишал дека Цорк и Вацке ко пошле во Украина како со Мафиаши да преговарале, ама ете успеала да намалат за 6м ЕУР, и Цорк е опасен
--- надополнето: 8 јули 2013 во 19:00 ---
Сакам да информирам за случувајната во Дортмунд, сепак стана клуб од интерес во Европскиот фудбал и гледам се повеќе заинтересирани во фудбал се информираат и за Дортмунд