Фан Клуб: Беласица

  • Креатор на темата Soprano
  • Време на започнување

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Што беше ФК Беласица во минатото а што е денес!

Детали

Создадено На Сабота, 13 Јули 2013 19:13
Датум на објавување
Напишано Од Петар Христов
Категорија: Македонски фудбал
Посети: 493​

ФК Беласица Струмица е еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија. Според документите кои денес се чуваат, основачкото собрание на ФК Беласица било одржано на 13 август во далечната 1922 година каде што за прв претседател на клубот бил избран Ѓорѓи Москов.

Да гледаме низ историјата на овој клуб , нема да знаеме од каде да започнеме. Неколку другари од Струмица имале голема желба за фудбал кои играле, па дури имале и свој клуб, опремата морале сами да си ја набавуваат. Некое време подоцна тие дознале дека во неколку градови постојат регистрирани фудбалски клубови кои се натпреваруваат во тогашен Лопатачки сојуз.
Почетокот на функционирањето на ФК Беласица започна кога била купета и првата фудбалска топка за три лири од селанец од Баница. Оваа топка била остаток од англиските војници за време на првата светска војна. Неколку години подоцна игралиштето на Беласица било подместено каде што денес се наоѓа и стадионот „Младост“.
ФК Беласица е една од најдобрите школи во Македонија која на македонскиот фудбал му донесе многу репрезентативци и интернационалци кои сега играат во најголемите европски гиганти, дел од нив се Пандев, Ацо Стојков, браќата Попови, Балдовалиев а неодамна за лондонскиот тим Арсенал потпиша и младиот голман Дени Илиев кој беше чувар на мрежата на струмичка Беласица.

Веќе 7 сезони ФК Беласица игра во Втората МФЛ а последната сезона ја одигра и во третата МФЛ каде што го освои 4тото место па не успеа да се избори за влез во повисог ранг.
ФК Беласица не е единствен клуб во Струмица, во овој фудбалски град има уште две фудбалски екипо а тоа се ФК Тиверија и градскиот ривал и вицешампион на Македонија ФК Турново. Веќе подолго време струмичани се незадоволни со состојбите во клубот и по малку љубоморна на локалниот ривал Хоризонт Турново кој годинава имаше успешна сезона.
ФК Беласица е единствениот клуб во Македонија кој што беше поканет да учествува на еден од најголемите турнири во Светот за млади таленти , Вијареџо Куп во Италија , каде што веќе неколку години по ред константно ги презентира идните фудбалски ѕвезди од овој крај.

ШТО ЗНАЧИ БЕЛАСИЦА И ШТО ЗНАЧИ ДА ЖИВЕЕШ ЗА БЕЛАСИЦА ?


Прашање кое се помалку се поставува, прашање кое може да го одговори само тој што живее за тој клуб. Која е таа Беласица и што треба да значи за струмичани?
Клуб формиран многу одамна официално регистриран 1922 година клуб кој не потпадна под бугарските и големосрпските влијанија во тоа време клуб кој не потклекна ни пред комунистите во Струмица кои сакаа да го земат овој клуб и да го направат член на друштвото каде што симбол е црвената петокрака. А која е причината поради која беа неуспешни.Не поради тоа што Беласица е голем клуб не затоа што имаше брдо пари туку поради тоа што граѓаните на Струмица работниците обичните луѓе не сакаа да им се земе тоа што е нивно тоа со што се гордееа а тоа беше Беласица.

Работење од утро до мрак за да се заработи корка леб и еден фудбалски тим чии натпревари ги посетуваа и ги чекаа за да заборават на маките а тој има име гордо исправено ФК БЕЛАСИЦА. Имаше една фудбалска лига која имаше великани од големи размери тимови од кои стравуваше Европа а тие пак големи џинови секогаш стравуваа кога во купот ќе се појавеше името ФК Беласица пред нив. Не зошто е голем не зошто има врвни играчи од врвен калибар но бидејќи имаше играчи струмичани кои знаеа колку тежи тој дрес клуб кој имаше навивачи кои само чекаа да дојде некој од овие тимови и да покажат дека под градот на Царевите Кули царува еден тим обоен во плаво-бело.
Имаше еден Динамо Загреб клуб кој беше дрим тим во Југославија тим кој ги имаше најдобрите играчи тим кој се тресеше и го почитуваше цела Европа а тој тим го порази на Беласица само со играта на еден играч а тој да ти е од Беласица и да се вика Рингов.

Дојде и независна Македонија а Беласица полека станува симбол на еден цел регион а тоа е Југоисточна Македонија каде од сите градови доагаа навивачи да ја гледат Беласица. Беласица која се бори на средината на табелата но со најдобри навивачи и полн стадион. Панда во втора лига очајно барајќи помош да се врати каде што и е местото.
Еден човек се појавува и ветува јас ќе ја спасам а тој е Ванчо Таковски човек кој стои во срцето на секој навивач на Беласица прави нова Беласица а таа Беласица прави кенгруски скок и од последна доаѓа до прва и се враќа во првата лига. А таму таа се бори за титула се до крајот. Последно коло стадионот полн Беласица победува а сите го чекат резултатот од Чаир каде што одеднаш се слушнува победува ривалот за титула и таа останува во Скопје.
Солзи низ очите на цел стадион возрасни мажи дечиња момчиња сакат да ги потсопрат солзите но тие сами течат нивната Беласица не е шампион. Гледаме и ги почитуваме на навиачите на Борусија Дортмунд а некое време во Македонски услови тоа беа „АДУЦИТЕ“, навивачите на ФК Беаласица.
Таа Беласица е вечна и сака пак да се врати сака повторно да ги има Ајдуци кои беа секаде со неа кои беа најдобри сака да има полн стадион и да носи радости . Оваа Беласица бара помош од оние кои ги радуваше кои им даваше безценети моменти полни стадиони радости и солзи. БЕЛАСИЦА ТОА ГО ЗАСЛУЖУВА.
од навивачката група „Ајдуци“ зборуваат дека не сакаат ни да слушнат за фузија со било кој клуб и дека сакат нивниот клуб по фер и коректен пат да стигне до елитата, таму каде што им е местото.

90 ГОДИНИ ФК БЕЛАСИЦА
ПИСМО ОД НАВИВАЧИТЕ ДО УПРАВАТА НА ФК БЕЛАСИЦА И ПОРАКА ЗА ГОРАН ПАНДЕВ ДА ГО ПРЕВЗЕМЕ КЛУБОТ
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
ne praj mabet za belasica od praistorijata gledi sega sto sranje e.
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
koga pandev i zaev mu ponudija pola milion da go kupat , ovoj ne sakase,sega ke skapuvat vo 3 liga.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.382
Поени од реакции
38.792
Милион бараше мислам. Оддамна се тие муабети дека Перо барам 1 милион евра за да го ослободи клубот , е сеа колку се точни незнам.
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
Милион бараше мислам. Оддамна се тие муабети дека Перо барам 1 милион евра за да го ослободи клубот , е сеа колку се точни незнам.
da da i pred TV izjavi deka bara 1 milion za da go prodade klubot dodeka Pandev i gradonacalniko na Strumica,Zoran zaev mu davaa pola milion.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Беласица учествува на Копа Карневале во Вијареџо! Денес изгуби со 1:0 од Лацио. Обратете внимание на вториот пенал. Не постоеше...
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.383
Па добро де немало пенал, не дадоа гол па правдата е задоволена... Поразот си е пораз , чист . Од толку 100% шанси за Лацио само 1-0 е вистинско чудо.. лесно можело да биде 6,7-0.. , честитки до голманот свака част...
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Виареџо: Беласица ремизираше против Национал Парагвај (1-1)

  • Автор: ekipa
  • Објавено: февруари 6, 2014 18:35
Младинската екипа на Беласица одигра 1-1 против Национал Парагвај, во вториот натпревар од групата на меѓународниот турнир што се одржува во Виареџо, Италија. По минималниот пораз од Лацио (1-0), струмичките фудбалери и на овој меч го потврдија својот квалитет и покажаа дека можат да се носат рамноправно со своите ривали.
Национал Парагвај поведе во 42.минута со погодокот на Делвале, меѓутоа во вториот дел Коцев го израмни резултатот на 1-1.
Во третиот меч од групата, Беласица ќе игра против италијанскиот тим Варезе.
http://ekipa.mk/viaredho-belasitsa-remizirashe-protiv-natsional-paragvaj-1-1/
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Kako stignale do ova natprevaruvanje ?? Koj gi finansira ? Pretpostauvavm Pandev:cautious:

Беласица уште од времето на Таковски (нека му е лека земјата) учествува редовно на оваа натпреварување. Токму на тој турнир ги видоа Пандев и Стојков, потоа исто по овој турнир колку што се секавам и Душан Савиќ водеше преговори со Фиорентина и т.н. Значи Беласица е редовен учесник на тој турнир веке 10 години, а за финансирање ваљда си плаќа газда Перо....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom