БЕЛАСИЦА колко гордо тоа звучи планина полна со историја убавини рај за очите и еден клуб фудбалски што го носи нејзиното име.БЕЛАСИЦА тим за кој прерасна во болест во ДНК на струмичани пренесена од колено на колено БЕЛАСИЦА гордоста на нашата Струмица.Далачената 22 Август 1922 основана како клуб за активирање на работничката класа немајќи престава дека ќе израсне во симбол на градот под Царевите Кули дека ќе стане симбол на градот под планината чие што име го носи.Стадионот Младост не е само обичен стадион туку е место каде што секој струмичанец научил што е победа а што радост што е љубов,енергија,радост и солзи каде што научил уште од мал што значи да си дел од едно големо семејство што значи да си струмичанец.Победите кои радуваа поразите по кои се тагува денес имат една посебна тежина посебна вредност.Клбот кој не прави горди струмичани што кога гледаш Серија А или Премиер Лига слушаш за нејзината славна академија во топ 100 во Европа единствена од Македонија денес и си и попотребен од било кога.Дојде ден кој ни во најлошите кошмари не го сонувавме а тоа да играме бараж за влез во втора лига но ете дојде.Познатите струмички каравани во СФРЈ и Македонија во времето на Ванчо Таковски добиват посебна потреба за уште еден оној најбитен караван за да го издигнеме клубо како феникс од пепелта.Затоа сите кои ја сакате СТРУМИЦА кои што сте горди СТРУМИЧАНИ и кои бар нешто ви значи БЕЛАСИЦА во Сабота во 12 часот одиме заедно да ја подржиме во најбитната и најболната за жал битка во 91 годиншната историја борбата за враќање кон врвот патот е трасиран целта јасна но помошта од секој е неопходна.Затоа сите заедно со Ајдуци одиме во Скопје за да покажеме НА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА КОЈА Е ГОРДСТА НА ЦЕЛА СТРУМИЦА.И најважно од се ние како фанклуб оваа битка ја посветуваме на човекот кој повеќе го цениме и бараме од кога замина клубот без кој секој разговор за БЕЛАСИЦА неможе да помине без неговото име а тоа еден и едиствениот вистинскиот претседател кој го сакаше од срце клубот ВАНЧО ТАКОВКСИ