И јас мислам дека Чави го достигна врвот на неговите тренерски можности, веќе ланската втора полусезона едвај ја истуркавме со никаква игра, оваа продолжи со тонењето. Требаше како асистент да се испроба прво, кај Пеп да научи многу работи што му недостигаат, како Артета да стане, ама своеглав е Чавиво, мисли се знае ваљда. Почна да забегува со изјавите, сме ја слушале лентата на повеќе негови претходници кога не сакаат да ја признаат реалноста и секој лош резултат му е, можевме да победиме ама немавме среќа. Кога ќе почнат да се повикуваат на среќа, знаеш дека дотука му е силата. Се вратија Педри и Френки, си рековме можда сега ќе е пресвртница, ама испадна обратно, се полоши се. Лани одбраната ја извади сезоната некако, ама годинава и таму е промаја. Има кредит Чави да ја дотурка сезонава и то ќе е то најверојатно.