За мене ова е очекувано, пишав многупати пред сезоната да почне. Почнавме со реконструкција на тимот и ваквите резултати се нормални, да не заборавиме колку е закаснет ребилдот и почнат во ваква криза кога се нема пари за соодветни замени. Не може да помине без последици тоа, крупни грешки се правени години наназад. Кога би имале добра финансиска состојба многу полесно би оделе промените, да се надеваме дека за скоро со вакцините ќе биде ставен крај на пандемијата и клубот ќе се крене финансиски.
Не можеме моментално да се носиме со најдобрите тимови, особено напаѓачки сега без Ансу и со најслабиот Меси во историјата. Но, не сме многу далеку од Реал и Атлетико, нијанси одлучуваа во двата дуели, не фрчеа шанси пред наш гол и двата дуели ги изгубивме поради послабиот напад. Штета што цела вина ќе му биде препишана на Куман, а најмалце е крив за ситуацијата, максимум вади со составот што го има, но ваљда знаеше дека ова го чека кога ја напушти Холандија. Можеби не до тој степен дека Меси ќе изгледа како Брејтвејт, дека нема да се има денар за Депај, Вајналдум итн, ама сепак би требало да е свесен дека се качи на бродот што бајаги беше потонат.