Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Вечер очекувам победа со оглед на тоа дека досега нема Куман победено против Топ6 екипа.
 
Очекуван состав за вечер.. само што го очекував Кутињо во првите 11..
 
Слабо пријатели слабоо на чело со Меси..
Ова не е лошо, туку катастрофа.
Несакам да се радувам на повреда на играчи ама Пике изгледа се повреди, директно на колено доби удар. Исто така после шутот при крај се држеше за мускул, може и он се повреди.
Нема да играат они, ама немаме ни соодетна замена. Ќе треба Де Јонг да го игра штопер.
 
Екипа на духови. Тоа стана Барса веќе. Скоро никој не играше ништо вечерва. Едино Штеген што му одбрани на Саул и Алба што даде по некоја добра топка која не ја употребија.

Порази од Реал и Атлетико, 9 бода зад лидерот уште од сега, киксови со слаби екипи... Ништо од оваа сезона. Да се надеваме само дека барем ќе почнат да тепаат на послабите во лигата да не пукне некој епски срам па во ваква конкуренција да завршат надвор од топ 4. Инаку останува да си чекаме нова управа, легендите да го преземат клубот, па да дочекаме вистински промени.
 
За мене ова е очекувано, пишав многупати пред сезоната да почне. Почнавме со реконструкција на тимот и ваквите резултати се нормални, да не заборавиме колку е закаснет ребилдот и почнат во ваква криза кога се нема пари за соодветни замени. Не може да помине без последици тоа, крупни грешки се правени години наназад. Кога би имале добра финансиска состојба многу полесно би оделе промените, да се надеваме дека за скоро со вакцините ќе биде ставен крај на пандемијата и клубот ќе се крене финансиски.

Не можеме моментално да се носиме со најдобрите тимови, особено напаѓачки сега без Ансу и со најслабиот Меси во историјата. Но, не сме многу далеку од Реал и Атлетико, нијанси одлучуваа во двата дуели, не фрчеа шанси пред наш гол и двата дуели ги изгубивме поради послабиот напад. Штета што цела вина ќе му биде препишана на Куман, а најмалце е крив за ситуацијата, максимум вади со составот што го има, но ваљда знаеше дека ова го чека кога ја напушти Холандија. Можеби не до тој степен дека Меси ќе изгледа како Брејтвејт, дека нема да се има денар за Депај, Вајналдум итн, ама сепак би требало да е свесен дека се качи на бродот што бајаги беше потонат.
 
Пак сите збориме за Пиќе и Роберто, а сите забораваме дека одбраната ни е подобрена сезонава и не играат толку катастрофално како што збориме.
Вчера, со исклучок на голот, во кој и Пиќе имаше улога на кривец пошо приемот му беше лош и ако добро ја процени топката, веројатно утакмицата ќе завршеше 0-0.

Голманот и одбраната ( Тер, Роберто, Пиќе, Ленгле и Алба) и среданата (Де Јонг и Пјанич) ни се скоро па секогаш на ниво, нормално имаат киксови, али се ок.

Проблемот годинава ни е офанзивниот дел. Без Фати, немаме ни класично крило ни класичен напаѓач.
Меси вчера не изигра на ниво. Гризман супер се движеше, ама џабе коа немаше поддршка од Педри, Дембеле и Меси.

Во многу лоша ситуација е клубот, а ќе мора да се тргне по јака 9ка (Лаутаро) плус без пари да се земе Депај.

Дембеле ако не сака да го продолжи договорот треба далета, ако остане Меси и Кутињо треба да лета и ако ја врати формата, ама тука на 10ка би играле Меси, Педри и Гризман.

На тие 2ца, плус Бретвајт, Фирпо, Алења и Умтити, ќе има простор за 3-4 засилувања, кој повеќето би биле слободни играчи.
 
@The Shadow Walker, во право си дека со реконструкција на тимот вакви резултати се нормални и да не се надеваме многу на трофеи, ама вакви мртви Реал и солидни Атлетико (иако гол разликата им е 18:2) треба да земеме Ла Лига или Куп, не треба да се откажат уште во 8мо коло.
Во лига шампиони нема што да се надеваме, има таму далеку поспремни екипи.
Моментално во домашно првенство не можеме 2 победи поред да сврзаме, се надевам ќе биде подобро.
 
Роберто два месеци во аут, Пике најмалку четири. :( Нема крај на проблемите...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom