тешка ќе биде сезонава у пм. клучна ќе биде за да се скрши реал тотално.
во лига на шампиони и да не тепаме, во случај да не го освои ни реал ќе биде добро.
домашно мора да се освои, бидејќи нема кој друг да го земе освен ние или реал.
во случај да го освоиме, мурињо ќе биде под страшен притисок, веројатно пред бркање, ќе имаат нов почеток и нормално пад голем повторно.
со евентуално останување на пеп, ќе врземе 5 титули во серија 100%. зборам под услов да се освои оваа година.
но, оваа година ќе биде убедливо најтешко. испуштивме шанса на почеток да направиме солидна предност од 5 поени, и шанса за 2-3 кикса.. ама што е тука е.
иниеста мора да се врати. он е човекот кој праи потег кога на меси не му е денот.
виља мора да ја подобри ефикасноста. неговата неефикасност досега не кошта 4 бода...не зборам за шутеви неизградени, туку зицери од кои просечен центарфор би стрелал 100%. посебно оној со валенсија во 90та минута и топката на тацна од меси.
маскерано е од непроценливо значење. иако не учествува во голем дел од акциите кога се постигнуваат голови или креираат шанси, и покрај тоа се мислам што би праеле без него да не го земавме.
иако е малтене почеток на сезона, мора мора мора секоја утакмица да се добие макар 1-0. убеден сум дека оваа сезона е клучна за разбивање на реал! дури и да се остави убавината на страна (нешто со што пеп не би се сложил) само да се одигра доволно паметно да се добие сезоната. мора!