1.Од сега ќе играме со 3 играчи во одбрана.Досега во оваа сезона немавме константна одбрана, поради повреди итн..Идеално е за играчот кој ќе игра во срцето не одбраната е да е добро технички поткован, нешто ко Роналд Куман.
Идеалниот играч за оваа улога е Бускец, но тој е потребен во диамантот, па затоа Пиќе ни преостанува како следеча најдобра опција.
Преостанатите ќе варираат Алвес - Пиќе - Пујол, Пујол - Пиќе - Абидал итн итн..
2.Играјќи со 3-4-3 ќе го намали влијанието на Даниел Алвеш врз играта.Играјки на десната страна од одбранбената тројка тој ке игра ограничена улога т.е повеќе дефанзивна.Барселона многу зависи од Алвес во напаѓачка смисла, и тоа ќе се види во остатокот од првенството и другите купови.И сега доаѓа идејата да се игра Алвеш ко RW, но тој е башка слаб со голгетерските способности, а и каде ќе играат Педро и Санчез?
Против Валенсија не ми беше доста по ќејф Алвеш, некако не му е природна позиција.Дани е најдобар како десен бек, и за да го извлечеме најдоброто од него треба да игра на таа позиција.
Но за почит е што против Атлетико, Д.Алвеш изигра многу дисциплинирано во таа задња 3, ретко се наоѓаше во спротивната половина.Беше многу чудно да се гледа како тој игра дефанзивно, ептен дефанзивно.
Значи оваа втора точка ми е малце чудна, и појма неам како ќе се развива.Се надевам Пеп ќе најде солуција, оти ипак јас сакам да го гледам Дани како десен бек.
3.Факторот Чави.Во 3-4-3, според мене го намалува влијанието на маестрото.Во оваа формација има потреба од играчи од средината кои ќе играат по левата и десната страна за да се креира диамант, стриктни улоги.3-4-3 нема да има класични бекови па затоа играчите од средината ќе делуваат и ко крила.Против Валенсија Чави изигра по десната страна од средината, но секако Чави ко Чави се префрлуваше во средината на теренот во обид да се доминира средината, па затоа по таа страна имавме многу проблеми,(Матју не уби).Значи ако играме 3-4-3 во остатокот на сезоната, Чави ќе треба да игра една стриктна улога, а не слободна ко во 4-3-3...
4.Против Атлетико приметив дека менуваме формации во текот на играта.Почнавме со 3-4-3, но неколку пати сменивме на 4-3-3.Бускец се враќаше во одбраната каде добивавме 4 одбранбени фудбалери.Тоа беше направено толку добро, едвај се приметуваше, брилијантно.