Па не халуцинираш. Лапорта не е бизнисмен и во клубот тој не работеше од него да направи финансиски гигант, туку работеше од љубов, а резултатите беа огромни, направи повеќе од гигант. Тој беше приврзан кон клубот со љубов, се гледаше и од наптреварите на кои беше присутен, радоста при секој погодок, а и при изјавите кои ги даваше.
Росељ е бизнисмен, кој откако Лапорта стана претседател, а не он, работеше и зборуваше против интересот на клубот и како најголем политички простак, организираше избори за гласање недоверба, кои за негова несреќа, само ја покажаа довербата на фановите кон Лапорта.
Со изборот за претседател, мислев дека Росељ ќе биде одличен претседател, како голем бизнисмен со такво образование, ќе направи од клубот сериозна институција(не дека и сега не е), која може и ќе ја направи за неколку години. Меѓутоа, изгледа ова за него е само една етапа, каде што сака да ги докаже своите способности и во Барселона тој гледа само како обична институција или обичен фудбалски клуб (треба да го знае слоганот MES QUE UN CLUB).
Меѓутоа, сеуште е рано за такви заклучоци, нема ни 2 полни месеци откако е претседател, па се надевам дека јас со горенапишаното грешам и дека Сандро ќе ме демантира. Затоа, засега ја има мојата доверба. Но не слепа доверба.