Да се убацам у дискусијава околу Лаутаро, мислам веќе еднаш пишав за ова овде, уште еден тотално промашен трансфер би бил, превише пари за играч што нема како да го уклопиш со моменталните играчи на располагање. Баш тоа што Депај игра и како крило го прави многу поприлагодлив на моменталниот напад што го има Барса, носење нова класична 9-ка ќе ги преслика истите проблеми од минатава сезона. Веќе е тука Гризман кој повеќе е 9-ка отколку крило, плус го имаш Меси кој е далеку од крило и пречесто го завзема централниот простор, носење шпиц пак ќе донесе гужва во средината и еден од Гризман или Лаутаро би трпел во зависност од позициите на кои што би играле, а пак тимот нема да ја има потребната ширина и пробивност во нападите поради згуснатиот напад.
Не дека е лош играч Лаутаро, напротив одличен е, и баш делува на профил на играч што би одговарал во нападот на Барса, ама со моменталниве играчи на располагање ќе биде чиста глупост, единствено да си отиде Гризман па да има логика да го носат, така да Депај како поефтина опција е далеку подобра во моментов. Уосталом, по мене, има доволно квалитет во нападот Барса, само Меси носи еден куп голови и асистенции, Гризман со подобра позиција за него може да допринесе многу, а многу ветуваат и Фати и Тринкао и греота ќе биде да се забетонираат на клупа. Депај секако би имал солиден придонес, а за Дембеле не знам што да мислам, може да експлодира затоа што има потенцијал и сите го знаеме тоа, ама дали ќе издржи сезона без повреди не може никој да предвиди.
Како и да е, време е да пресечат со носење на играчи само ради име, без притоа некаков план и концепт како би ги уклопиле во тимот и без уопште да го консултираат тренерот за неговите замисли, затоа и сум повеќе за Вајналдум отколку Тиаго (колку и да сакам лично Тиаго да го видам назад). Брдо пари се потрошија на Кутињо и Гризман за да играат ван позиција и да ги направиш тотално неупотребливи, истото ќе биде и со Лаутаро. Среќа што немаат пари да го земат, иначе 100% сум сигурен дека ќе се излетаа по него