Фан Клуб: Барселона

Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.957
Со овај шо прајме, си ја сјеба кариерата со една глупа одлука, место операција, некаков третман одбра. И Дембелето тргна по негови стапки и сега не можат да се склопат од повреди.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.429
Поени од реакции
39.041
Среди тато Хорхе изгледа, омекнати се работите и се шушка на големо дека Меси ќе добие 50 милиони нето плата годишно во наредните 2 сезони. Сеуште се е на ниво на шпекулација, али мислам дека на таа вечера шо беа падна некој пред договор.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.899
Поени од реакции
67.551
Среди тато Хорхе изгледа, омекнати се работите и се шушка на големо дека Меси ќе добие 50 милиони нето плата годишно во наредните 2 сезони. Сеуште се е на ниво на шпекулација, али мислам дека на таа вечера шо беа падна некој пред договор.
 
O

ob1

Гостин

Сериозно цела оваа драма ја направи Меси за да избоксува повеќе пари?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
749
Поени од реакции
731

50 милиони а не може да изигра цели 90мин,се влече по терен,пресинг не игра,изгуби топка не се враќа по неа..
Куман ако има свое јас ќе го вади на 60-70мин
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.429
Поени од реакции
39.041
Сериозно цела оваа драма ја направи Меси за да избоксува повеќе пари?
Не верувам, ако се понудени тие пари тоа е само за да ја амортизираат ситуацијата. Меси договорите ги обновува секојпат година дена пред истекот, така да оваа лето секако ќе имаше преговори и мислам дека лесно ќе ги добиеше истите пари без драмата.

Сепак сеуште се само шпекулации, ќе видиме шо ќе се дешава во наредните денови.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.731
Поени од реакции
22.891
Да бе, сигурно дека (овојпат) парите се проблем :pos: :pos:
Не знам што ќе се случува ако остане. Дали ќе има мотив да искине за последна сезона или пак нема да се замара 2% и со тоа атмосферата во екипата ќе биде лом.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.957
Како бе нема да се замара, Меси да го ставиш на улица да игра ќе сака да победи, немало да се замара.
Автоматски споено мислење:

Не верувам, ако се понудени тие пари тоа е само за да ја амортизираат ситуацијата. Меси договорите ги обновува секојпат година дена пред истекот, така да оваа лето секако ќе имаше преговори и мислам дека лесно ќе ги добиеше истите пари без драмата.

Сепак сеуште се само шпекулации, ќе видиме шо ќе се дешава во наредните денови.
Ќе се вртат секакви шпекулации, ама мислам не е за пари. И досега земаше 40+ соси бонуси.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.676
Поени од реакции
4.155
Стајте и пепел на сезонава, дури и Меси да остане немаме шанси за никакви титули. Вистински промени очекувам од наредно лето, би било фантастично некако да се забрзаат работите со избори, па новата управа да го има јануарскиот трансфер рок.
Пренамена на средства, платите на Ракитич и Видал кај Меси во новиот договор :D
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.429
Поени од реакции
39.041
Пренамена на средства, платите на Ракитич и Видал кај Меси во новиот договор :D
Па зошто да не. Иако дефинитивно не е за пари, нема бирање средства кога пробуваш да го задржиш во тимот најдобриот играч во светот. Сити ако успее да го зема за фри, комотно ќе му дадат милион фунти неделно како од шала.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.957
Со заминувањето на Ракитиќ, Видал и се надеваме Суарез, ќе се ослободат околу 50 милиони од буџетот. Ако замине и Умтити, тоа се уште 10тина.

Можда и ние претеруваме, во лигава пак би требало да сме конкурентни, не се ни Реал ни Атлетико којзнае колку јаки, а не ни пазарат нешто летово. Плус ако остане Меси мислам нема дилема дека пак ќе сме едни од фаворитите за лига и куп.
Ние со Пјаниќ и се надевам Вајналдум, во комбинација со Де Јонг ќе бидеме сосем друга приказна мислам. За Вајналдум имам надеж дека ќе го биде, зошто Куман совршено го познава и ќе му ја знае улогата веднаш, а исто супер се вклопени со Де Јонг во репрезентација. Тука се враќа и Кутињо, ако остане нормално, а Пуиг се повеќе добива на важност.

Напред го имаме и Тринкао сега, Ансу И Дембеле, а и Гризман. Тука треба напаѓач да се купи, мој фаворит е Депај.

Најмалце промени има во одбраната и тоа е проблем, бековските позиции ќе бидат најголем проблем.

Значи на екипава ако дојде Вајналдум ќе и бидат потребни уште 4 засилувања, лев бек, десен бек, стопер и напаѓач.
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.056
Поени од реакции
2.550
Имаме добар тим искрено.Поразот од Баерн направи да мислиме дека сме до толку катастрофални.Треба промени во одбраната односно еден класа стопер и десен бек,Вајналдум и напаѓач некој и ќе имаме топ тим.Секако се надевам Кутињо дека ќе се врати,има фудбал во него само да се разигра.
Дембеле-Гризман-Меси
Кутињо
Де Јонг----Пјанич
Алба-Ленгле-------?---------?
Штеген
Овој Тринкао има потенцијал како и Педри.На клупа ги имаме и Фати,Пуиг,Алења,Бускетс,Роберто и лично јас би сакал Видал да остане.Единствен играч кој дава 200% на секоја утакмица.Во некој тесни натпревари може да влегува да ја зацврстува средината.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom