Ја пробувам да го одбранам фан клубов, они бетер продужуваат

Добро бе дечки, од кај ги вадите информацииве вака од ракав, јас од ниеден медиум не видов вакво инфо. Дефинитивно е малку штета што на ваков начин ќе заминат одредени, поготово Суарез кој остави голем белег, ама во фудбалот едноставно некогаш нема простор за емоции и мора да се пресече, раководството е криво што не мислеше на време на ова и си створи огромен хаос летово.
Се слагам иначе делумно околу муабетите за трансфери, не знам зошто одредени тешко им е да сфатат дека играчот вреди колку што клубот со кој е под договор ќе одлучи, колку сака нека му биде вредност на трансфермаркет и слични портали. Многу повеќе фактори се во игра во одредување на цена за одреден играч, квалитетот на играчот и неговата моментална „реална“ цена се само почетна точка, во зависност од должина на договор преостанато, потреба на клубот да продава/купува, форма, карактер на играч и слично цената може да оди и нагоре и надоле, споредби од типот Осимен вреди 70 милиони не може Суарез да вреди 15 се бесцелни