Фан Клуб: Барселона

Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Дечко, муабетот е дека не измислуваме ние на форумов.

Сите статии на страната се преведени само од светски медиуми. Најчесто Марка, Спорт и Мундо.
Добро, ај за промена вклучи го ти мозокот, и размисли за "вестите" што ги пренесуваш. Таму пишува дека Фирпо или Семедо би заминале во Интер. Интер пред еден месец го купи Хакими да игра на десен бек, а овој Фирпо не може да игра ни во Академија Пандев.

Колку по тебе оваа вест има шанси да биде вистинита?
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.769
Поени од реакции
12.107
А да им ја видаш евалуацијата на играчите што ја прават. Лани пишуваа дека Ракитич може да го продадат за 40 милиони. Ракитич. За 40 милиони. Не постои клуб на светот кој би платил повеќе од 10 милиони за Ракитич. За Дембеле сметаа дека без никаков проблем би зеле 80 милиони, за Кутињо 70, и така во бескрај.
Знам. И сите овие трампи со пари плус Дембеле за Нејмар.
Барселона е преполна со старци и потрошени играчи. За овие пара нема да добијат. Треба да се среќни макар и за минимална сума да се отарасат од нив. Гризман, Дембеле и Кутињо треба да пробаат некако да ги вклопат и воиграат барем една сезона колку да може да залажат некого. Вака за џабе ќе ги дадат, а ништо нема да купат. Немаат многу простор за маневри. Немаат со што да се пазарат. Капак им е глупоста со Артур и Пјанич. Млад играч дадоа за скоро потрошен играч со максиум сезона, две пред себе. Сместа треба да се отарасат од него дури вреди нешто. Фирповци и слични ботови не ги коментирам
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.284
Поени од реакции
4.216
Добро, ај за промена вклучи го ти мозокот, и размисли за "вестите" што ги пренесуваш. Таму пишува дека Фирпо или Семедо би заминале во Интер. Интер пред еден месец го купи Хакими да игра на десен бек, а овој Фирпо не може да игра ни во Академија Пандев.

Колку по тебе оваа вест има шанси да биде вистинита?
Прво викаш измислуваме глупости, после коа гледаш дека не е така и пренесуваме информации менуваш тема.

Може ич не е реално, ама јас пренесувам како пишуваат.

За мене понереално е што Интер бара 110 милиони за напаѓач што има изиграно едвај 2 сезони и тоа не којзнае какви.... реалната вредност не му е повеќе од 50-60 милиони...

А уште понереална ми е управата на Барселона, а воедно и најглупа управа у свет што планира да го купи...
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.162
Поени од реакции
4.709
Мундо депортиво и каталонски Спорт пишуваат све и свашта, мадридски АС и Марка се бетер мислам кога станува збор за Барса и скоро све што искача од овие се тешки глупости и шпекулации што дур ги читаш знаеш дека немаат допирна точка со реалноста. Знаат да извадат по нешто релевантно, пред се мислам на каталноските, ама еден тон шпекулации кружат. RAC1 е многу порелевантен, имаше уште по некој новинар ама ги заборавам, како и да е голем дел од шпекулациите треба да се земат со резерва.
Да не беше кризава веројатно ќе тргнеа по Лаутаро и ќе одеа на исплата на клаузулата, пробуваа да направат некој компромис со вметнување играчи, а Интер беа во потрага по бекови па затоа Семедо и Фирпо беа на мета, ама јасно е дека Интер нема таква трампа да прифати, во меѓувреме го купија и Хакими така да ништо од таков трансфер летово, а мислам дека и Куман воопшто не би го сакал него и ако се купува напаѓач ќе се оди по друг тип на играч, и секако поефтин.

Иначе, кога зборите за продавање на играчи од Барса, често приметувам во фан клубов дека заборавате дека Барса не е клуб што продава, односно продава само вишок, во една таква принудена ситуација не може да извлечеш сума, па вредел Суарез и тродупло повеќе од некој рандом шпиц од Лил. Сите знаат дека Барса сака да се ослободи од Х играч и ќе пробаат да го искористат тоа да спуштат најниско што може.

Интерашиве ај добро, форсира Џонтра нормално, ама Владимирчо што се смее на шпекулациите и муабетите, а чека Санчо да потпише и готово Јунајтед титула ќе крене, веќе имаше тежок блам кога зема со Сити играч по играч да споредува, истата грешка по втор пат. Смешки бил Дембеле, кој колку и да испадна смешен со оглед на сумата и товарот да го замени Нејмар, во периодите кога не беше повреден имаше одлични партии, ама затоа не е смешно што Јунајтед 17-та сезона играта ќе ја темели и гради околу Погба, конечно на неговата права позиција, мислиш претходно лев бек го играле :D
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.826
Поени од реакции
11.919
Фирпо плус 40 милиони за Лаутаро.
Ракитич, Суарез плус 40 милиони за Де Брујн.
Кутињо, Дембеле плус 35 милиони за Нејмар.
Пиќе, Умтити плус 30 милиони за Вирџил Ван Дајк.
Серхи Роберто плус 36 милиони за Ван де Бек.

Тер Штеген

Семедо , Вирџил Ван Дајк , Ленгле, Алба

Френки Де Јонг

Де Брујн , Ван де Бек

Меси, Лаутаро Мартинез , Нејмар

Па доџите да се играмо :cool:
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Смешки бил Дембеле, кој колку и да испадна смешен со оглед на сумата и товарот да го замени Нејмар, во периодите кога не беше повреден имаше одлични партии,
Сите две одлични партии?
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.162
Поени од реакции
4.709
Сите две одлични партии?
Ме мрзи да навлагам во дискусија, не ни планирам да го бранам Дембеле, ама која иронија е да се ситиш и смееш на вакви теми, а да лупаш такви глупости за Јунајтед
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Ме мрзи да навлагам во дискусија, не ни планирам да го бранам Дембеле, ама која иронија е да се ситиш и смееш на вакви теми, а да лупаш такви глупости за Јунајтед
Какви глупости лупам јас за Јунајтед во врска со трансферите? Негде сум напишал дека ќе им го дадеме Лингард на ПСЖ во трампа Нејмар глава за глава, или сум напишал дека Џонс ќе го продаде Јунајтед за 40 милиони евра? На тоа ниво ви се глупостите во фан клубот.

А за Дембеле не знам што би бранел, веројатно е топ пет најголеми флопови во историјата на фудбалот. Комбинацијата од три влезни трансфери во Барса составена од Дембеле, Кутињо и Гризман, која е тотал од нешто под 400 милиони евра е веројатно најлошиот потез на било кој клуб од кога постои фудбалот. Еве јас ти гарантирам дека 10 години ќе и требаат на Барса да се опорави од тие три трансфери.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.529
Без намера за провокација или слично, али преголема моќ има Меси во Барса. Ест дека е бог за фудбал и се тоа, али да му ебеш матер, ако имаш проблем со тренер или слично тоа треба да се канализира приватно и дискретно, а не да не го фермаш 2 посто на сред утакмица, цел свет да гледа.

Друга работа, Гризман и Кутињо се зверови, али не се прославија ради тоа што играа на позиција шо Меси им ја постави. Исти к... како Ибрахимовиќ. Затоа Меси до ден денес плаче по Нејмар и Суарез, пошто него лично му одговарат 100% (шо е супер, али има играчи шо не се навикнати да ја водат таа игра, така да има тренери шо знаат како да те вклопат, ест дека си бог за фудбал ама виде што се деси со Баерн) Значи почитувај го тренерот. Да беше 18 години збор немаше да зуцне и можеби подобро ќе испаднеа работите.

Роналдо зеде да прди нешто во Реал, фино лепо го испратија, денес ниту него му е поарно без Реал, нити на Реал му е поарно без него. Али се знае: На прво место е клубот. А и се знае кој е играч, кој е претседател, кој е тренер. Нема прдење.

Треба претседател со муда и тренер со муда.

Тек тогаш се дешават промени. Ќе си заминел? Па добро брату и Роналдињо си замина. И Роналдо си замина. Има начин, али кога нема еден клуб нормална структура е тешко.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.162
Поени од реакции
4.709
Какви глупости лупам јас за Јунајтед во врска со трансферите? Негде сум напишал дека ќе им го дадеме Лингард на ПСЖ во трампа Нејмар глава за глава, или сум напишал дека Џонс ќе го продаде Јунајтед за 40 милиони евра? На тоа ниво ви се глупостите во фан клубот.

А за Дембеле не знам што би бранел, веројатно е топ пет најголеми флопови во историјата на фудбалот. Комбинацијата од три влезни трансфери во Барса составена од Дембеле, Кутињо и Гризман, која е тотал од нешто под 400 милиони евра е веројатно најлошиот потез на било кој клуб од кога постои фудбалот. Еве јас ти гарантирам дека 10 години ќе и требаат на Барса да се опорави од тие три трансфери.
Не за трансферите на Јунајтед, за играчкиот кадар повеќе и споредбите кои ги правиш со другите екипи, можда според тебе и од Барса се поквалитетни кога ќе ги фатиш тие играч по играч споредби да ги правиш :) Исто ниво на пристрасност и необјективност ко некои постови во фан-клубов на кои се смееш.

Тројцата се квалитетни играчи, проблемот е што се донесени без план, без концепт и без воопшто да биде прашан Валверде дали би му одговарале во замислите и на кои позиции би играле, овој си тераше со неговиот стил и овие играчи воопшто не одговараа на тоа. Згора на тоа што Дембеле го затераа невидени малери со повредите, на почетокот беше проблем и несериозноста, ама после стварно се трудеше, бар според тоа што се пишуваше по медиуми, се искина од плачење кога се повреди пак. Било кој од тројцава може да блесне со нов тренер и малку поинаков пристап и стил на игра, Дембеле веројатно добива последна шанса сезонава што следи, а на Гризман би му судел после следнава сезона, со Суарез надвор од тимот и играње на позиција на која што треба да игра
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Не за трансферите на Јунајтед, за играчкиот кадар повеќе и споредбите кои ги правиш со другите екипи, можда според тебе и од Барса се поквалитетни кога ќе ги фатиш тие играч по играч споредби да ги правиш :) Исто ниво на пристрасност и необјективност ко некои постови во фан-клубов на кои се смееш.
Тоа беше еден единствен пост, кој сега е потполно изваден од контекст, ама нема врска, таков е форумот. Дури не ни беше во фан клубот на Манчестер. Јас овде ти зборувам за константно трескање глупости во фан клубот на Барселона, ден за ден, на тема трансфери и вредноста на играчите.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.586
Поени од реакции
13.953
Суарез бара да му се исплатат 25 милиони за да си оди ко слободен играч, наместо да биде продаден и да му помогне на клубот со тоа. Не заслужува почит и доста му е една минута разговор за да биде шитнат. Другите не се имаат огласено, но очекувам исто и тие да се понашаат.

И да, за кур ни е црепот Лаутаро, ни во нивниот тим не е најдобар напаѓач, Лукаку го има измислено фудбалот за него колку и да е зицераш. Ќе го шиткаат за некоја сезона за двеста грама кикирики.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.162
Поени од реакции
4.709
Јас овде ти зборувам за константно трескање глупости во фан клубот на Барселона, ден за ден, на тема трансфери и вредноста на играчите.
Суарез бара да му се исплатат 25 милиони за да си оди ко слободен играч, наместо да биде продаден и да му помогне на клубот со тоа. Не заслужува почит и доста му е една минута разговор за да биде шитнат. Другите не се имаат огласено, но очекувам исто и тие да се понашаат.
Ја пробувам да го одбранам фан клубов, они бетер продужуваат :D Добро бе дечки, од кај ги вадите информацииве вака од ракав, јас од ниеден медиум не видов вакво инфо. Дефинитивно е малку штета што на ваков начин ќе заминат одредени, поготово Суарез кој остави голем белег, ама во фудбалот едноставно некогаш нема простор за емоции и мора да се пресече, раководството е криво што не мислеше на време на ова и си створи огромен хаос летово.

Се слагам иначе делумно околу муабетите за трансфери, не знам зошто одредени тешко им е да сфатат дека играчот вреди колку што клубот со кој е под договор ќе одлучи, колку сака нека му биде вредност на трансфермаркет и слични портали. Многу повеќе фактори се во игра во одредување на цена за одреден играч, квалитетот на играчот и неговата моментална „реална“ цена се само почетна точка, во зависност од должина на договор преостанато, потреба на клубот да продава/купува, форма, карактер на играч и слично цената може да оди и нагоре и надоле, споредби од типот Осимен вреди 70 милиони не може Суарез да вреди 15 се бесцелни
 
Фала, не ми треба некој да ме брани. Од факинг ставро и компанија, со нула ги множам, тој е најголемиот непознавач на фудбал којшто сум го прочитал по интернетов, професионален трескач на глупости :lolzz:

Суарез рече нема да биде проблем за клубот и ќе замине, а ваму бара баснословни суми, ништо не му значи клубот изгледа и затоа не заслужува подобро испраќање од шут во канта.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom