Гледам никој не споменува за вчера дека толку критикуваниот(на форумов) Роберто одигра одличен натпревар.
Одбрана многу храбро неколку пати спаси чист гол,во напад си е стандард добар.
100 пати боље бек е од Семедо,реално со техниката неможе ни да им се спореди,Семедо кога има топка само гледам кај ќе ја згреши,со Роберто многу поголема сигурност има,плус видете ја уиграноста на Роберто со Меси,одлично си се разбираат,исто и со Суарез видете колку подобро набацува,лани еден куп асистенции за Суарез.
Ел Класико знаеме сите Роберто како го игра.
Од друга страна Семедо освен што е подобар кога игра еден на еден во одбрана друго ништо,во напад многу повеќе грешки прави.
Овој Фирпо се повеќе мислам дека нема да го биде,на почеток мислев добра работа дека направија што го донесоа ама...ептен несигурен ми делува,како Дембеле на бек да го гледам,грешни пасови колку сакаш,плус во одбрана како изгубен делува,вчера за малце автогол ќе си дадеше што ќе не кошташе пораз.
Кога води топка на 2 метра од него ја води,само чекам момент да ја изгуби.
Единствено што има брзина ама џабе кога незнае да ја искорити ни техника има ни мозок.
Замерка за Валверде што имам,КАКО МОЖЕ РАКИТИЧ УШТЕ ДА ИГРА???
Ми се лоши кога го гледам на терен,не е возможно колку е пропаднат,сфакам дека има направено многу за клубот ама ова е веќе срамота,и Чави и Иниеста кога осетија дека неможат да дадат максимум се повелкоа.
Незнам на овој како не му е срам да плаче да игра прва постава,се гледа ли некад после утакмица што изиграл...ако има статистика некој нека прати,едно 20 топки заеба сигурно.
Останатото стандар си тера сезонава како останатите,Меси си ја води цела екипа на грб се преку него оди,Суарез сезонава е далеку подобра барем за сега,Гризман топло-ладно на повеќето утакмици го нема,средината Артур,Де Јонг и Видал супер за сега посебно третиов 4 гола даде во Ла Лига,Бускетс стандард како и прошлите сезони.
Одбраната катастрофа се надевам дека ќе се средат до пролет,ако не сакаат да пукне пак некој дебакл.ќ
Тоа е тоа,сезонава може на терен изгледаме катастрофално ама сепак во ЛШ прво место ни е осигурано,во Ла Лига на врвот сме со Реал ама очекувам сега во Декември да се одлепиме,доста тешки утакмици играат Реал плус Ел Класико дома го играме така да мора победа.