Лошо делуваме на терен, посебно срединава лоша и во одбрана и во напад. Треба Меси да ја земе од средина за да се дојде до шеснаестерецот на Јуве, иначе тешко иде градењето на акциите. Кога губиме топка и треба да се браниме, исто срединава потфрла бааги, Јуве у дел од секунда ни е пред нашиот гол и ни создава шанси, како од шала ги претрчуваат на тој дел од теренот.
Јуве без неколку првотимци камен делува. Дисциплинирано, цврсто, а и во напад добри. Единствен кикс кога им ја украде Дембеле у шеснаестерец, иначе другово топ го изиграа.
На Дембеле му фалат тренинзи, воочливо е тоа, ипак момакот има се на се три тренинга со првотимците, едни се вратија во четвртокот други у петокот по интернационалните натпревари.
Немаше потреба од прва минута да го гори Валверде на ваков натпревар, таман ќе си беше у второ да влезе.
И, нека поигра малце лево Дембеле.