Моментално сме само со Педро и Меси у напад. Нејмар целосно ќе се врати во септември, Суарез дури 25/26 Октомври за ЕлКласико. Ова е знак дека Квардадо 99% потпишува. Се мислам дека Енрике ќе форсира некоја друга формација (3-2-3-2).
За првата утакмица ќе го нема сигурно Пиќе кој е суспендиран, а и Вермален и Тер Штерген. Тоа значи дека би почнале со 4-3-3 формација освен ако не го игра Маскерано стопер со Бартра и Матје.
Алвеш - Бартра - Матје - Алба одбрана, Бускетс - Раќитич - Иниеста средина и у напад Меси - Рафиња - Педро, или да игра со Маскерано у средина, а Иниеста крило, ама така ич не би биле креативни.
Е сега, ако дојде Квардадо сигурно ќе бара првотимски статус, а за десен бек мислам дека е премногу офанзивен, со 3 во одбрана ќе биде катастрофа така да незнам што ќе се прави. Ја би земал класичен десен бек и би го пуштил Монтоја на едногодишна позајмица заедно со С.Роберто или би го продал Алвеш. За у напад незнам што планираат али многу се 11 утакмици што ќе пропушти Суарез. А и сега сме тенки со позајмицава на Делофеу. Нека пробаат да го земат Ето на една година, и така е без пари а и би прифатил да седи на клупа само да се врати кај нас.. ќе влага по потреба за бункер екипи.
Sent from my GT-S6500D using Tapatalk 2