Не дај боже ако дојдеме до пенали, го јадевме стапот.
Искрено утре очекувам многу тежок и неизвесен меч. Иако посакувам нешто налик на Лион, Баерн, Арсенал, Шахтјор од нокаут фазите на Кампот, реално тешко да се види такво нешто.
Последните 6/7 утакмци со Милан стандард беа тешки и неизвесни, и завршуваа или нерешено или со минимална наша победа.
Треба грешните пасови помеѓу одбраната и средниот ред да се сведат на минимум, зашто реално Милан шансата ќе ја бара само со контра при грешен пас на Барса или при некоја нафрлена топка кон Ибра.
Исто одлично би било да видиме пресинг како првите 45 минути од саботната утакмица против Билбао, да се враќа брзо топката у наш посед, да не им се даде на нивната одбрана буквално да дише и со некоја акција да се поведе уште у прво полувреме. Ептен ќе биде битно да се постигне гол што порано.
Освен знаење утре ќе ни треба и спортска среќа.
Visca Barca