Интересно
Гостувањето на Барселона во Милано во Лигата на шампионите беше искористено за многу приказни, а една од нив беше и за силината на Меси односно зошто тој е меѓу фудбалерите кои ретко се на листата на повредени.
За да се добие вистинскиот одговор бил побаран професорот Џорџо Галанти кој е одговорен за лекарскиот тим на Фиорентина. Тој има интересен одговор на прашањето, а сето тоа е врз основа на неговото научно истражување.
"Меси е ретко меѓу повредените бидејќи трча правилно. Тој трча на прсти и затоа секогаш има предност. Дури и кога ја шутира топката тој не гази на целата нога. Речиси и не гази на петица. И кога го соборуваат тој секогаш е во движење, никогаш не стои цврсто на земјата. На тој начин стартовите на противничките играчи, кои можеби изгледаат многу драматично, сепак, му нанесуваат само мали болки", вели Галанти.
Покрај ова тој објаснува и што би се случило доколку ситуацијата е спротивна, односно доколку не трча на прсти и гази на целото стапало.
"Ако е цврсто на земјата кога го фаулираат тогаш со сигурност ќе имаше многу, многу повеќе повреди", изјавува Галанти.