Не го гледам второто полувреме. Ама од кога решија да играат фудбал(околу 20 мин.) буквално везеа по теренот. Тоа се бара од оваа екипа. Само реализацијата да се подобри.
Мора ли на секој противнички голман да му ја креваме цената после натпревар со Барса?
Да не го урочам Санчез, ама се повеќе и повеќе почнува да се вклопува во тимот.
Меси си е Меси, најдобар играч во светот, ама мене почнува да ме нервира со тоа негово стоење во место додека ја нема топката во нозете. Како да изгуби воља за игра, да нема мотивација, ниту трча, ниту се замара. Ептен кога добие топка или во некоја контра, само тогаш трча.