Каснам со честитките али славев синоќа...
За натпреварот незнам што да кажам... ЛАВОВИ!!!
Сите до еден оставија срце на терен, сите до еден. Пеп изненади со формацијата и тактиката, она што немаше храброст да го направи никој друг пред него на ваков важен натпревар, затоа што се плаши од отказ и од фановите, Пеп го направи без проблем. И МУ СЕ ИСПЛАТИ. ЅВЕР!
Со едната рака го кренавме трофејот, останува сега да издржиме до крај без ниту еден кикс. Верувам дека со ваква мотивација и ваков победнички менталитет, можеме да постигнеме се.
Сеуште неможам да поверувам каква тактика направи Пеп и како играчите ја прифатија. Како да играат цел живот со истата формација.