Вечерта пред натпреварот сонував дека ќе заврши 0 - 4, ама и ова е добро
Факт е дека оваа година и во 2та дуела Реал не беше целосно надигран како лани, дури и во двата натпревари си имаше свои шанси, но го нема тимскиот дух на Барса.
Феноменални пасови на Чави, Меси беше постојано удвојуван или утројуван така што немаше многу простор за игра, но тоа што го доби го искористи. Педро беше можеби најслаба алка во првиот дел, но со голот се извади за тоа. Иниеста реално годинава е далеку од играта лани, но и повредите си го направија своето.
До крај реално има 3 потешки дуели. Со Еспањол на гости, кој секогаш игра крајно мотивирано во овие дуели, но со оглед на слабата игра сезонава очекувам сигурна победа. Според мене можеби клучниот натпревар е гостувањето на Мадригал против Виљареал каде со победа би била веќе сигурна титулата, па би можел да се дозволи и кикс против Севиља која ќе се бори за 4то место до крај и би било лошо да мора да се оди на победа во тој дуел.
Сепак и Реал може да киксне до крајот, има дуел дома со Валенсија, гостување на жешкиот терен на Алмерија и кај Мајорка исто така.