Фан Клуб: Барселона

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Ibrahimovic vo sekoj klub se zadrzuvase 3 ili 2 sezoni
1999–2001 Malmö 40 (16)
2001–2004 Ajax 74 (35) 2004–2006
Juventus 70 (23) 2006–
I ne go prodava timot sam si izrazuva zelba za drugi predizvici
Можда. Ама не менува тоа ништо. Ако не успее трансферот пак нема да има мотивација да продолжи да игра.
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Првиот Болд. Како може Интер да биде губитник ако не се реализира трансферот кога во прашање е најдобриот напаѓач во светот. Интер сака да го задржи Ибра, Ибра сака да си оди и сите преговарања се само за да му се исполни желбата на Ибра. Ако трансферот не успее, Ибра ќе си се помири со желбата дека Барселона не вложила доволен напор да го ангажира. Пошто Ибра сам вели дека е најдобар игрч за него треба да се плати 90 милиони евра ако Барса не сака да одви тоа значи дека Барса не се труди доволно. Според твојата логика, Јунајтед направи топ потег што го продаде Роналдо, или пак Милан направи уште подобар потег што го продаде Кака.

Вториот болд. Ибра ќе го качи Ето на грб и ќе даде повеќе погодоци од Ето во Ла Лига. Затоа можеш да сањаш дека Ето во моментов е подобар. Ибра игра во првенство каде што се игра Катанаџо, каде што има милион тактики и пред се помалите екипи се бранат со по 10 играчи и успева да даде по 20-25 погодоци. Да не збориме за соиграчите што ги има во Интер и оние што го чекаат во Барселона а што го има Ето сега. Ибра има два пати подобар дриблинг, два пати е подобар во играта со глава и има два пати посилен и попрецизиен удар од Ето. Ето има само брзина и ништо повеќе во споредба со Ибра. Ибра следната сезона можеби ќе се прилагодува, може ќе му требааат два, месеци, три пет, после тоа има да ги кине противничките мрежи. Еден Ларсон правеше парче во Барса не па Ибра.

Третиот Болд. Да бе ова е маалски фудбал па ќе се курца и нема да игра добро. Ова Вардар и Работнички е па ќе изиграва манекен на теренот.

Четвртиот болд. Ниту Морати ниту Мурињо нема да прават се за да се реализира трансферот. Ќе сторат онолку колку што им одговара. Ако биде биде ако не не. Не е Интер тој што очајно Бара нов напаѓач и сака да се ослободи од постоечкиот. Во таа улога се наоѓа Браса.
Кај е Ибра во ЛШ зошто еден гол нема дадено на пример на Јуве.Доста со тој среден ред ,во Интер се оди преку Ибра и слободните сите тој ги шутира во Барса не е се преку Ето.Ето не е добар само во Шпанија добар е и во ЛШ.
Милито даде 24 гола тука некаде е и Ди Вајо и двајцата играа во Шпанија за Ди Вајо нема што да кажам катастрофа Милито последната сезона даде 15 во Сарагоса нели требаше според тебе да даде 70 исто и Касано.
Ето може и да не успее во Интер но може и да растури исто и Ибра во Барса.
Ова е ризик и за двата тима но мислам дека Интер е во преднос бидејки добива и 48 мил.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Првиот Болд. Како може Интер да биде губитник ако не се реализира трансферот кога во прашање е најдобриот напаѓач во светот. Интер сака да го задржи Ибра, Ибра сака да си оди и сите преговарања се само за да му се исполни желбата на Ибра. Ако трансферот не успее, Ибра ќе си се помири со желбата дека Барселона не вложила доволен напор да го ангажира. Пошто Ибра сам вели дека е најдобар игрч за него треба да се плати 90 милиони евра ако Барса не сака да одви тоа значи дека Барса не се труди доволно. Според твојата логика, Јунајтед направи топ потег што го продаде Роналдо, или пак Милан направи уште подобар потег што го продаде Кака.

Не топ, генијален потег беше одлуката да се земат 96 милиони евра за Роналдо. Нема шанси да придонесе Роналдо толку за Јунајтед до крајот на договорот.

Е сеа, тоа што Ферги не ги потроши парите да го засили тимот е друга работа. Да ги земеше Рибери, напаѓач и добар ДМ ќе беа скоро непобедливи.

Интер да сакаше да го задржи Ибра ќе го задржеше. На Морати му требаат парите од трансферот, како што кажа и самиот на почеток на летото, а воедно добива и солидна замена.

Вториот болд. Ибра ќе го качи Ето на грб и ќе даде повеќе погодоци од Ето во Ла Лига. Затоа можеш да сањаш дека Ето во моментов е подобар. Ибра игра во првенство каде што се игра Катанаџо, каде што има милион тактики и пред се помалите екипи се бранат со по 10 играчи и успева да даде по 20-25 погодоци. Да не збориме за соиграчите што ги има во Интер и оние што го чекаат во Барселона а што го има Ето сега. Ибра има два пати подобар дриблинг, два пати е подобар во играта со глава и има два пати посилен и попрецизиен удар од Ето. Ето има само брзина и ништо повеќе во споредба со Ибра. Ибра следната сезона можеби ќе се прилагодува, може ќе му требааат два, месеци, три пет, после тоа има да ги кине противничките мрежи. Еден Ларсон правеше парче во Барса не па Ибра.

Прво. Каде во постот кажав дека Ето е подобар од Ибра. Ето е психички појак од Ибра тоа е ФАКТ.

Ето ќе има мотивација да игра за Барса дури и ако остане, Ибра нема да ја има мотивацијата затоа што сака нов предизвик.

(Ето има многу повеќе од брзина, ќе го видиш тоа ако игра за Интер следната сезона.)

Третиот Болд. Да бе ова е маалски фудбал па ќе се курца и нема да игра добро. Ова Вардар и Работнички е па ќе изиграва манекен на теренот.
Не е тоа курцање во смисла дека ќе стои на терен ко дрво. Едноставно формата ќе му падне кога ќе нема мотивација, има 150000000000000 примери за такви фудбалери. Најсвеж пример е Дрогба. Играше како инвалид за времето на Сколари таму, а одма почна да игра добро кога дојде Хидинк.

Четвртиот болд. Ниту Морати ниту Мурињо нема да прават се за да се реализира трансферот. Ќе сторат онолку колку што им одговара. Ако биде биде ако не не. Не е Интер тој што очајно Бара нов напаѓач и сака да се ослободи од постоечкиот. Во таа улога се наоѓа Браса.
Верувај, Барса воопшто не толку очајна како што изгледа, а не е ни Интер.

Како што кажа другите играчи на Интер не се со истиот квалитет на Барса и Манчестер.

Ви треба многу пофлексибилен среден ред и квалитетни замени.

Интер моментално нема пари за да направи таков тим И да го задржи Ибрахимович во исто време.

Со овој трансфер ќе имаат напаѓач способен да го замени Ибра барем по број на голови и ќе имате еден многу квалитетен плејмејкер кој кога е во форма е во рангот на Ињеста и Чави.

Проблемот со Хлеб оваа година беше што него му требаше време да се адаптира, а за тоа време Ињеста и Чави си ги зацементираа своите места затоа што играа во изворедна форма. После тоа Пеп не сакаше да ризикува и да го растура средниот ред.

Исто така со парите од Ибрахимович веројатно ќе го купите и Чаби Алонсо.

Среден ред со Хлеб--Камбијасо-Мота--Чаби e еден од најсилните средни редови во светот кој ќе ви донесе многу голема стабилност.

Додај го на тоа и нападот со Милито и Ето и најдобрата одбрана во светот моментално и имаш тим кој е многу посилен од тимот кој го има само Ибрахимович во него и просечен среден ред.
 
bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41

Значи вака. За Интер и Барса навивам едно добри 8-9 години. Интер ми е во срцето и единствен клуб за мене. Барса е само споредба работа и клуб кон кого имам големи симпатии кои за жал не можат да се споредуваат со оние кон Интер.

Двата клуба ги пратам исто и веруј дека Барса е во многу поочајна состојба отколку што ти мислиш или пак се обидуваш да го скриеш очајот.

Во период кога Реал Мадрид се засили ненормално и што има тим што претставува страв и трепет за сите Барселона не може да најде напаѓач откако втора година по ред се обидува да го избрка најдобриот стрелец.

Бензема ја одби Барса, Атлетико Мадрид ја одбива за Форлан, Валенсија поставува превисока цена за Виља, за Агуеро можете само да сањате, Ето исто како да не е ваш и се наоѓате во многу многу лоша ситуација.

Фановите се нервозни зошто нема ниту еден ангажман, Лапорта нема уште многу од претседалскиот мандат и еднинствен спас ви е ангажман на Златан Ибрахимович најдобриот напаѓач во светот во моментов.

Наместо да дадете 50 милиони за Виља, Бараса тие пари ќе му ги даде на Интер, во исто време ќе се ослободи од Ето и ќе одговорите на Галактикос ерата на Реал Мадрид.

Викаш Интер има слаб среден ред, и до некаде си во право зошто со години нема квалитетен плејмејкер. Но трансфер пазарот трае уште 50 дена и до тогаш Морати може да го одврзе кесето и да донесе пристојно име за да го комплетира тимот. Со еден Диего што отиде во Јуве, Интер ќе имаше среден ред од рангот на Ман Утд, Барселона, Челзи, Ливерпул, Милан и останати тимови. Башка треба да се продадат уште 5-6 фудбалери со кој можеа да се собат пари за реализација на таков трансфер а не да се продава Ибра.

пс Одам на пиво сега ќе ја продолжиме дебата по полноќ
 
Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Иако се уште не е целосно закрепнат од повредата на коленото, која ја заработи пред скоро една година, дефанзивецот на Барселона, Габриел Милито почна со полесни тренинзи и се очекува да биде максимално подготвен за стартот на новата сезона.
Милито се рехабилитира скоро 14 месеци и многумина сметаа дека тој е загубен за фудбалот, но лекарите го тврдеа спротивното и потенцираа дека нема потреба од брзање тој да се врати на теренот.
Засега нашиот Милито се наоѓа во тапа форма,но со постепени тренинзи белким ќе се врати во посакуваната форма.:toe:

Еве ја таа информација http://www.fcbarcelona.com/web/english/noticies/futbol/temporada09-10/07/n090719105972.html.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Значи вака. За Интер и Барса навивам едно добри 8-9 години. Интер ми е во срцето и единствен клуб за мене. Барса е само споредба работа и клуб кон кого имам големи симпатии кои за жал не можат да се споредуваат со оние кон Интер.

Двата клуба ги пратам исто и веруј дека Барса е во многу поочајна состојба отколку што ти мислиш или пак се обидуваш да го скриеш очајот.

Во период кога Реал Мадрид се засили ненормално и што има тим што претставува страв и трепет за сите Барселона не може да најде напаѓач откако втора година по ред се обидува да го избрка најдобриот стрелец.

Бензема ја одби Барса, Атлетико Мадрид ја одбива за Форлан, Валенсија поставува превисока цена за Виља, за Агуеро можете само да сањате, Ето исто како да не е ваш и се наоѓате во многу многу лоша ситуација.

Фановите се нервозни зошто нема ниту еден ангажман, Лапорта нема уште многу од претседалскиот мандат и еднинствен спас ви е ангажман на Златан Ибрахимович најдобриот напаѓач во светот во моментов.

Наместо да дадете 50 милиони за Виља, Бараса тие пари ќе му ги даде на Интер, во исто време ќе се ослободи од Ето и ќе одговорите на Галактикос ерата на Реал Мадрид.

Викаш Интер има слаб среден ред, и до некаде си во право зошто со години нема квалитетен плејмејкер. Но трансфер пазарот трае уште 50 дена и до тогаш Морати може да го одврзе кесето и да донесе пристојно име за да го комплетира тимот. Со еден Диего што отиде во Јуве, Интер ќе имаше среден ред од рангот на Ман Утд, Барселона, Челзи, Ливерпул, Милан и останати тимови. Башка треба да се продадат уште 5-6 фудбалери со кој можеа да се собат пари за реализација на таков трансфер а не да се продава Ибра.

пс Одам на пиво сега ќе ја продолжиме дебата по полноќ
Нема никаков проблем ако Ето остане. Проблемот ќе биде следната година кога ќе мора по секоја цена да се купи напаѓач па клубовите ќе ги дигаат цените за нас до небо ама Лапорта и не мора да се грижи за тоа затоа што нема да биде претседател.

Ако стварно ја следиш Барса како што тврдиш ќе знаеш дека Бензема никогаш не беше опција, а за Форлан немало официјална понуда.

За Виља имало само една понуда од 42 милиони која Лоренте ја одбил со образложение дека Виља не е на продажба по никоја цена.

Иако има нетрпение кај навивачите, Лапорта кажа дека ако дојде Ибрахимович тоа нема да биде последен трансфер така што има многу опции да ги задоволи фановите.

Барса нема потреба да реагира на Галактико 2 револуцијата во Мадрид. Почетокот на втората галактико ера е реакцијата на Мадрид на тројната круна на Барса.

Исто така, можда не е проблем да го одврзе кесето Морати иако самиот кажа дека е можно да продаде важен играч за да собере пари.

Проблемот е во тоа што немате баш многу квалитетни опции за плејмејкер.

Деко е премногу стар и е огромен ризик, Диего потпиша за Јуве, Чави и Ињеста нема шанси да ги земете.

Плејмејкерите се скапоцени за клубовите. Хлеб е реално најдобриот ДОСТАПЕН плејмејкер и тој е достапен само на позајмица.

Со трансферот на Ибра буквално имате самофинансирање на нова ера во клубот.

Го продавате најдобриот играч, и со добивките од трансферот имате нов тим многу појак од претходниот.

П.С Од тие 5-6 играчи што ги спомна, биди среќен ако Интер собере 25 милиони. Сите се стари или не беа првотимци.

Гледај го како пример Максвел. Нема шанси фудбалер од тој квалитет да си оди толку ефтино во нормална ситуација.

П.П.С

Уживај во пивото. :party1: Се читаме утре.
 
Член од
30 октомври 2008
Мислења
1.046
Поени од реакции
35
од овај трансфер имаат чар и интер и барса.јбг интер е најдобар напаѓач на светов ама кога сака во барса нека си оди.народски речено тој е курва.:helou:чекајте ме и мене по полноќ:smir:

*ибрахимович ...а не интер :kesa:
 
P

pepito*

Гостин
Значи овај Лапорта не е здрав!!!
Не малтретираше цело време и сега наеднаш му ја исполни желбата на Пеп
Па сега уште вели дека ќе имало уште 3 засилувања
Најверојатно-ЦБ,ДМ(што можи да игра и ЦМ) и ЛВ/РВ
Перфектни на тие позиции се(најдобри опции за кои сме биле и не сме биле заинтересирани)
ЦБ-Бруно Алвес,Налдо..
ДМ/ЦМ-Фабрегас,Мигел Велосо,Поулсен..
ЛВ/РВ-Рибери(мали се шансите,но..),Мата,Силва..
Доста ни се Бруно Алвес,Фабрегас и Мата-така мислам најдобро ќе биде
 
B

Beck's

Гостин
Cestito oficialnata raspravija narecena Ibrahimovic-Eto pocnata eve vecerva i na fan club Barcelona.Ne znam dali ne sakate da se pomiruvate so realnosta,ili pak sakate da pokazete deka ste maestri po dolgi tekstovi.
Ova mi e prv pat da diskutiram za ovaj slucaj i toa: Sigurno se sekavate na pocetok na transfer periodot koi be najavenite zasiluvanja na Barcelona-Tokmu Maxwell i Ibra.E sea eve slucajno Maxwell preku nok potpisa za Barca,isto taka preku nok se najavija "spekulaci" i za Ibra.Sport.es uste pred 3 dena kaza Fichado.Emd isto taka.Sea da preminuvame kaj glavnite licnosti
1.Laporta: se e vo najdobar red,Ibra sekogas ni bese 1 cel
2.Morati: so Laporta imame odlicni odnosi,i pregovorite odaat vo najdobar red
3.Ibra: ponudata na Barsa e interesna
4.Eto: niti da niti ne,samo vika deka toj e toj sto ke bira sto saka(niti Laporta,niti Morati)
5.Agentot na Ibra: Ibra e podobar od R9,Benzema,Kaka i deka e postignat dogovor pomegu Barsa i Inter,ostanuva znaci samo Eto
6.Koeman: Ibra ke blesne vo Barsa
7.Nekoj tip ne mozam da se setam na imeto,sto igral vo Inter kaza: Ibra narednata sezona ke igra vo Barselona

Epa dragi moi koj od ovie laze: Vesnicite ili Kompetentnite luge:smir:
 
ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Постигнат е договор официјално за Ибра?

Ако е така, ондак честитки. Сепак мислам дека подобро ќе беше Ето да остане.
 
InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Добар е Ибрахимович ќе ни се најде у Барса така треба, ама нема да беше лошо и да си остане Ето!!!:smir:
 
Член од
4 ноември 2008
Мислења
1.330
Поени од реакции
80

Fikela

Реалист...
Член од
8 март 2009
Мислења
370
Поени од реакции
2
Само што општината изгледа несака да помогне остава клубот сам со свои средства да го прави стадионот. КОПИЉАЦИ
Е тоа ти се вика ИДИОТИЗАМ... клубот е икона на градот а тие нејќан да помогнат за изработка на ваков проект...:nenene:
 
Член од
4 ноември 2008
Мислења
1.330
Поени од реакции
80
Е тоа ти се вика ИДИОТИЗАМ... клубот е икона на градот а тие нејќан да помогнат за изработка на ваков проект...:nenene:
Епа ајде де....ама сепак се многу пари,инаку од срце би помогнале за клубот кој е нивна гордост.Мислам дека сеуште е неостварлива оваа идеја и дека во наредни 5,6 години нема да биде овој проект:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom