Фан Клуб: Барселона

Статус
Затворена за нови мислења.

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Serpico напиша:
Ддиме, шо си чуден... Свати го Николче. Навива за екипа која наредната година за противник има тим кој во нападот ги има Роналдињо, Ето, Меси и Тиери Анри.

И јас би се нервирал да сум на негово место :)
одвај чекам да видам кој ќе го има реал во нападот.Ми мириса на Руд,Кака,Робињо,Тевез
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
ivan1real напиша:
одвај чекам да видам кој ќе го има реал во нападот.Ми мириса на Руд,Кака,Робињо,Тевез
Ова е веке израз на немоќ, нас не не интересира каков ке биде нападот на Реал-имате тема таму радувајте си се на шпекулации, на вас очигледно ви смета Ето-Роналдињо-Меси-Анри па затоа пишувате...
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.730
Поени од реакции
9.716
Честито за Анри, ѕверка е човекот. Вие од Реал може што сакате да кажете за него, најјак е на својата позиција во светов. Барса свати дека треба да си го смени тимот колку толку. Анри и Роналдињо во ист тим знаете бре што значи?! Размислете па постирајте ги овде Робињо и Руд и овие двајца кои сеуште не потпишале.
 
T

tino097

Гостин
Видете малце и на негативноста со доаѓањето на Анри, вистина да Барса доби извонреден играч али доби и его плус. Знаеме дека во Арсенал тој беше бог и во течките моменти беше играчот кој требаше да ја земи топката во свои нозе. Барселона веќе покажа дека има мали несогласувања на тоа поле, посебно ласните препукувања Ето - Роналдињо. Значи сега ќе има его плус во екипата. Баш ме интереисра како ќе се одвиваат настаните доколку останат и Ето и Роналдињо и какви ќе бидат реакциите доколку некој од нив биди заменет за време на битни натпревари.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
кои расправии бе ? тоа беше само напумпано од новинарите, а до сега ако рајкард можеше да ги чува овие звезди, нема да му прави проблем Анри(познат како скромен дечко)...и за кој замени збориш? сите 4ца ке играат у прва постава :helou:
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
tino097 напиша:
Видете малце и на негативноста со доаѓањето на Анри, вистина да Барса доби извонреден играч али доби и его плус. Знаеме дека во Арсенал тој беше бог и во течките моменти беше играчот кој требаше да ја земи топката во свои нозе. Барселона веќе покажа дека има мали несогласувања на тоа поле, посебно ласните препукувања Ето - Роналдињо. Значи сега ќе има его плус во екипата. Баш ме интереисра како ќе се одвиваат настаните доколку останат и Ето и Роналдињо и какви ќе бидат реакциите доколку некој од нив биди заменет за време на битни натпревари.
Нема потреба од препукувања.Никој нема да биде изоставен.
Ето и Анри во напад,Роналдињо и Меси крилно.
Паласио ќе добива шанси но не како стандарден.Сепак Анри и не е толку млад па ќе има шанса често да го замени.
МИР У КУЌА!!!!!!!!!!!
Поише проблемот ќе биде за средина.Дали Иниеста,или Деко но тоа не е толку страшно.
А Гудјонсен и Савиола сигурно си одат.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
tino097 напиша:
...Значи сега ќе има его плус во екипата...
Его плус?

Мрзам да се повторувам, али бар прочитај...

...Тиери Анри во своето прво интервју после објавениот трансфер го рече следното:

In the four first months I am going to learn. I will listen the boys who are there. There is a way to follow. Luckily, it is Tutu (Thuram) with which there I grew in Monaco. And those that they want to me to welcome to me. Sam (Etуo) to which I admire much and Ronaldinho, with that I also have particular bows. I do not arrive with my great pile shoes. I arrive to learn, with humility
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
јас би сакал и деко да си иде, остарува и не трча толку многу...подобро ке биде Чави-ињеста во средина (резерва туре), а и паласио уште не потпишал-сега со анри вероватно и нема да потпише
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Ddime напиша:
јас би сакал и деко да си иде, остарува и не трча толку многу...подобро ке биде Чави-ињеста во средина (резерва туре)
И ја така мислам.Деко не е она што беше.Чави ќе игра малце поповлечено и ќе ги корегира грешките на офанзивните играчи од средина.Иниеста одлично ќе го замени Деко
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Деко е неверојатен играч. Имаше слаба сезона, ама барем за употребливи топки, човекот е врвен. Исто како и Чави, со таа разлика што Деко е малку поофанзивен - како Иниеста.

Вистината е дека ни требаат играчи на секоја позиција. Кога ќе се има повеќе од еден избор за едно место, тогаш и желбата за докажување на секој еден играч ќе е голема на секој еден натпревар.

Единствената офанзивна алка која фалеше - Убиец на голмани - сега ја имаме.

Уште Киву, една коска во средина како Туре и решение за страничните бековски позиции...
Invinsible!
 
T

tino097

Гостин
Serpico напиша:
Его плус?
Мрзам да се повторувам, али бар прочитај...

...Тиери Анри во своето прво интервју после објавениот трансфер го рече следното:

In the four first months
I am going to learn. I will listen the boys who are there. There is a way to follow. Luckily, it is Tutu (Thuram) with which there I grew in Monaco. And those that they want to me to welcome to me. Sam (Etуo) to which I admire much and Ronaldinho, with that I also have particular bows. I do not arrive with my great pile shoes. I arrive to learn, with humility
Види, статусот што го имаше во Арсенал е неповторлив. и во ред дека гледа со етузијазам кон новата средина, тоа е нормално, затоа и потпиша. Но многу звезди е тешко да се задоволат кога работите тргнуваат накај лошо.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
tino097 напиша:
Види, статусот што го имаше во Арсенал е неповторлив. и во ред дека гледа со етузијазам кон новата средина, тоа е нормално, затоа и потпиша. Но многу звезди е тешко да се задоволат кога работите тргнуваат накај лошо.
Во право си... требаше да го земат Мазнов, а не Анри.
Проголтај ја кнедлата во грло - Арсенал едноставно веќе не беше перспективно место за Тиери.

А за ѕвездите... во минатото сме виделе и позитивни и негативни примери. На пример, Милан 96-98-ма и Интер од 99-05-та. Реално, затоа постои тренер, кој ако се наметне како авторитет ќе ја држи екипата во ред.

Со оглед на многу реални фактори како исцрпување, повреди, излегување од форма итн. НИКАКО не можам да кажам дека не е паметно играч како Тиери Анри да биде ангажиран во Барселона. Цело време имај на ум дека Рајкард знаел да ги искулира и одмори и Ето, и Роналдињо и Меси - и да победува без нив. Никој нема и не бара статус на незаменлив - каков што на пример барал Ромарио во истата екипа, пред 13 години. Ромарио заминал.

За разлика од Реал, Барса не купува играчи само за да продава дресови. Иако и тоа ќе го прави. Анри не случајно е купен после свежо завршената катастрофална сезона... сите се возбудени од новиот проспект за иднината, и ја заборавија глупавата безтрофејна сезона. Анри најавува нова епоха во тимот...Некогаш за создавање на позитивна атмосфера т.е. дух околу екипата, треба да се направи комплетен ремонт. Во конкретниов случај, доволен е еден играч. Темел на промените. Останатите (Киву, Абидал, Туре....) ќе се само јаготките на шлагот.
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
ivan1real напиша:
одвај чекам да видам кој ќе го има реал во нападот.Ми мириса на Руд,Кака,Робињо,Тевез
МНОГУ МИ Е ГАЈЛЕ МЕНЕ КОЈ ЌЕ ГО ИМА РЕАЛ ВО НАПАДОТ! СИ ИМАШ 20 ТЕМИ КАДЕ МОЖЕШ ДА ГО НАПИШЕШ ОВА, И ТИ ТУКА НАЈДЕ БЕ:tapp:

Инаку за тоа со егото. Глупости! Само притисок од новинарите врз тимот на Барса .... ништо посебно.
 
F

fantomX

Гостин
Тоа со едно его плус зависи од односот меѓу играчите и тренерот, со својот авторитет. Годинава Рајкард не се покажа многу, а за в година ќе видиме. До каде е работата со Киву? Ако го земете него, и уште еден добар дефанзивец, како навивач на Реал, со тешко срце кажувам дека Реал в година ќе има многу посилен конкурент во Барселона за титулата:raz:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom