Ти изгледа многу играш Pro Evolution Soccer :tv: а тоа многу лошо ти влијае, али нема веза, тоа си е твоја работа.
Карваљо премина во Реал Мадрид само заради Мурињо, инаку немаше тој да го напушти Челзи, за Ван Дер Варт нема место во Баерн + Тони Крос за него е
(на PES 2010, Ван Дер Варт е подобар од Тони Крос затоа го сакаш во Баерн :icon_bigg) зошто Симон Кјаер кога ги имаме Брено и Бадштубер а велиш Хазард замена за Робен? тоа го сакаше ти? А Томас Милер нели може да го замени Робен? Милер кој беше најдобар стрелец на Светското првенство со 5 гола и 3 асистенции. И да не заборавиме дека беше избран за најдобар млад играч на турнирот. А за минатата сезона да не зборувам, ги одигра скоро сите натпревари за Баерн, а Баерн минатата сезона играше во финале ЛШ и беше шампион во Бундеслигата и германскиот куп. Значи според тебе Хазард е подобар од Милер. И да те потсетам дека Робен ке игра од јануари што значи дека ке игра за Баерн во побитните натпревари во ЛШ, нема потреба да игра против Клуж и Базел а го имаме и Хамит Алтинтоп на таа позиција. Не ве разбирам веке некои фанови на Баерн што пишувате тука на форумот секој ден. Вие сите тука ја критикувате управата на Баерн, но управата на Баерн не е виновна туку Ван Гал беше тој што мисли дека нема потреба од нови играчи, доколку Луис Ван Гал сакаше некое засилување во одбраната, управата одма ке реагираше и ке се потрудеше тој играч да го доведе во Баерн, играч што го предложил Ван Гал. Тој едноставно верува во тој тим што го има и тој мисли дека нема потреба од нови засилувања во одбраната и јас го подржувам затоа што и јас мислам дека
Брено, Бадштубер и Контенто ке бидат многу важен дел од тимот на Баерн во иднина а за тоа да го успеат тие, треба да им се даде шанса. Баерн беше навистина сериозно заинтересиран за Коентрао но Потругалците бараа огромна сума од 30 милиони евра за Коентрао па така Баерн се откажа од играчот и ги подржувам во тоа, клуб денеска што може да си го дозволи тоа е само Манчестер Сити (затоа што газдите се глупи и немаат поима од фудбал а сакаат да си прават интересно, за нив тоа е забава и ја остваруваат секоја желба на тренерот Мачини без разлика дали тој играч вреди толку или не, не ме изненадува доколку прочитам некогаш на некој сајт дека Ман.Сити понудил 10 милиони евра за играч од ФК Работнички), значи да инвестира во играч како Коентрао 30 милиони евра, а големо прашање е како ке се развива и дали ке успее во друг клуб тој играч, зошто да не ја почнеме сезоната со Контенто кога нема голема разлика од тие двајца играчи, зошто да дадеме 30 мил.евра за играч кој само една сезона се покажал добро во Бенфика (значи зборувам за играч што се покажал само ЕДНА СЕЗОНА во Бенфика, не зборувам за играч што се докажал во Челзи или Ман.Јун и го изместил Ешли Кол или Евра од првиот состав),
кога можеме наредното лето тие 30 милиони евра да ги дадеме за напаѓач како Џеко бидејки Клозе веке од наредната сезона ке го напушти Баерн па затоа мислам дека Баерн наредното лето ке купи напаѓач.
Без навреда, ова не се однесува само до тебе туку и до другите фанови (не сите де) кои пишуваат секојдневно овде. Нема потреба за реплика затоа што јас повторно нема да ти реплицирам :ne_zboram Мило ми е што си фан на Баерн, поздрав :smir: