Фан Клуб: Арсенал

Makaveli_Gunner

The_Motherfucker*
Член од
4 февруари 2011
Мислења
647
Поени од реакции
274
Составот за денес
Arsenal starting XI
Ospina, Monreal, Koscienly, Mustafi, Bellerin, Wilshere, Xhaka, Ramsey, Ozil, Welbeck, Lacazette
 
Sura

Gooner 4 Life
Член од
6 мај 2010
Мислења
3.422
Поени од реакции
1.923
Јак состав ,ајде мушки да изиграат за чичо денес!!!!
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Nejke da vleze barem 1,vaka visime ....Atletico e ekipa sto znae dobro da se odbrani..........
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Леле, цел се тресам од нервоза, некако се тргна во наша полза, знам дека ќе заебиме работа.
На крај дури и не се осеќаше дека играме со играч повеќе, целосно се издишаа
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Леле, цел се тресам од нервоза, некако се тргна во наша полза, знам дека ќе заебиме работа.
На крај дури и не се осеќаше дека играме со играч повеќе, целосно се издишаа
Сега стариот ќе ги разбуди на полувреме,мора да се даде гол.....Исто мора и Вилшер да го извади,освен што се плетка ништо не направи,нека влезе Ивоби нека рашири малце игра....
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Велбек се подобар и подобар ! Ајде еден брз гол на старт на второ полувреме
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Немам коментар, како може вакви глупости да се случуваат.

Не дека е готово, ама не знам како со нашата гостинска форма и домашната на Атлетико ќе направиме нешто плус.

Мизерен крај ќе биде за Венгер за жал, а за ништо не може да го укривиме денеска
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Капитенски.....

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Еден карлинг куп и потенцијален европски трофеј ни упропастува капитенот.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Немаше да ми толку мака да ми биде ако 1-1 завршеше но ако Атлетико стварно имаа игра и постигнеа заслужен гол, а не вака, се изнамачивме за гол а они еден поклон од нашата бедна одбрана
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Сами себе се сјебавме, таков ни е менталитетот посран оваа сезона. На сите ни беше јасно што се деси во прво полувреме, кога се почна 11-11 играта беше релативно отворена и ние тргнавме фуриозно со одлична игра се до исклучувањето, кога се исклучи хрватов се затворија бункер, не можеше да се пробија, па дури имаа и Атлетико шанси кога нашиве паѓаа психички и кондиционо. Второ полувреме се вратија фала богу, држеа целосна 100% контрола, ама сам си пресуди Кошчелни, кој има сезона за заборав, и мислам кој и да дојде нов тренер нема да смета на него како првотимец следна сезона. Ништо не е готово, да излеземе од проколнатата форма на гости, сме играле и против многу подобри тимови одлично на гости, верувам во дечкиве, само си ја искомпикувавме задачата до плафон, од скоро готово вересија направивме

И голот примен беше дефиниција за малери.
1. Кошчелни си ја исфрла топката во глава и се одбива директно во ногата на Гризман
2. Оспина одлично му брани на Гризман, ама топката пак се одбива до Гризман
3. Мустафи кога имаше предност во шпринт да ја исфрли одбиената топка, се лизнува и паѓа
4. Топката сепак го погодува Мустафи ама не доволно ниско за целосно да се спречи, туку се одбива горе во мрежа. :tapp:
 
Голот беше дефиниција за малер и глупава одбрана, на цела мизерна реакција на Косиелни па и Мустафи се лизна, абе кога не бива не бива, цела сезона се ми е рамно, оваа беше едина утакмица која ја гледав со жар и возбуда, мизерно се осеќам сега.

Треба некој невозможен подвиг на направиме во Мадрид, ај белки Микитарјан ќе се врати, ќе бидеме поопасни со него, но дури и по некоја случајност да дадеме гол таму не знам како ќе успееме да не примиме
 
Само да дадеме, после ќе мислиме на друго. Во гостинските натпревари оваа сезона, или барем во пола, немаме воопшто ни креирани шанси ни удари, а сега плус ќе треба и на Облак да му дадеме гол. Единствена солуција ми е да влезат без резерва, да тргнат по тој гол уште од старт да загризаат, да изненадат, па многу полесно ќе се игра ако ги изненадиме со 0:1. Ама за тоа што би било кога би било, само ако се тргне да се брани, или само да се држи топка, го наебавме ежот, мора да се загризе јако без резерва, па и ризик малку јбг, не сме во ситуација да тактизираме
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Реално и со 1-0 ќе беше погубно ако тргневме да играме на 0-0 во Мадрид како што играа Атлетико вечерва оти секако немаше да успее, далеку од тоа дека викам дека 1-1 е подобар резултат, но и вака и така мора да дедеме гол во Мадрид, едноставно мораме
 
Kajgana Shop

На врв Bottom