Сакав толку да напишам, а сега не знам ништо, апсолутно ништо.. Но знам едно, ако титулата беше далеку, сега титулата е во хоризонтот, не се гледа... Без разлика како ке заврши мечот (победа на Утд.) ние сме далеку, веќе многу далеку.. Ова ќе влијае на тимот, и тоа како.. Се плашам дека и наредното коло можеби ќе киксниме на домашен терен.. Мечов не го коментирам, но ако јас бев тој кој „пробуваше“ некако да ублажи, пред мечов, губење ан бодови, тогаш јас сум најразочаран, бидејќи во првиот меч имавме се..
Дијаби, имаше свиткана нога, и пробувам да го „сфатам“ зошто реагираше онака, веројатно Дијаби го праша Џој дали е намерно ? И овој има одоговорено Да, и затоа онака реагираше.. Но, убеден сум дека ако останеше во игра, немаше да се случи да примиме повеќе од 1 гол... Скилачи е катастрофа, сега се видоа сите слабости при прикривање, и сум задоволен со 4-4, оти не сакам да помислам шо ќе беше ако судијата го признаеше голот, и ако Нолан погодеше во 93 е тогаш, не знам...
Само знам, дека можеби титулата е изгубена, можеби... Ако Утд не почне да губи бодови, ќе биде тешко, и тоа многу