Сеуште немаме толку комепетитивен тим, сеуште немаме клупа. Незнам, можеби ова го зборам поради искуствата од претходните сезони. Нема сезона во последниве 6 години кога барем 3ца клучни играчи, првотимци, на кои се потпира нашата игра да не поминат барем по најмалку 2 месеци повредени. Тоа редовно, како по правило се случува во Декември, Јануари, Фебруари и делумно Март, кога се крши сезоната, кога се прави вистинскиот чекор кон титулата. Речиси секоја сезона после 20 Ноември ние импровизираме со првиот состав и играта затоа што во секоја линија имаме повреди, плукни залепи е работава. Крпена одбрана, крпен среден ред, за напад да не зборувам, кога го немаше Ван Перси пред три сезони (мислам) го игравме Аршавин како напаѓач, кога се повреди Клиши го игравме Фламини како лев бек и уште многу такви нелогични, успешни и неуспешни експерименти и импровизации.
Иако таквите импровизации можат да бидат искористени против одредени противници како изненадување, не можеме да се потпираме на нив во текот на цела сезона.
И тоа што во последно време ме нервира многу е дека демек ако земеме DM ќе ги уназадиме Кокелин и Фримпонг, искрено веќе не ме интересира, ако е добро детето ќе се избори за старт ако не фала и чао. Можеби доколку претходната сезона не ни беше „карма каша“ тие двајцата ќе добиваа повеќе минути, сигурно и Шамак и Парк ќе добиеа повеќе шанси, но нас секој натпревар ни беше важен. И тогаш во тие тешки моменти покажавме дека можеме да изиграме добро кога треба, со чесни исклучоци, падови во играта им се случуваат на сите тимови. Ни беа повредени сите бекови - издржавме, пола сезона немавме CAM - издржавме, некои натпревари со комбиниран состав ги изигравме маестрално. Но тоа беше доволно само до третото место, и тоа одвај се довлечкавме до таму.
Играта треба да се прилагодува на секој противник, ни требаат повеќе опции, нови идеи, тоа најбезболно се постигнува со засилувања и резерви во секој сегмент од играта. Нас, последниве 6-7 сезони тоа ни фалеше. Еден играч, ма колку и да биде добар, неможе да издржи да изигра 30 и кусур натпревари на исто темпо и исто ниво на висока концентрација, тие сепак се луѓе. Младите од друга страна се неискусни и нивните реакции некогаш се избрзани или воопшто ги нема.
Според мене, да не беше Професорот сиве овие тешки години, ќе бевме бетер од Ливерпул. Јас мислам дека ни фалат уште 2-3ца играчи и секако да ги избркаме тие што демек играат а всушност само земаат плата која е многу повисока од повеќето првотимци во послабите клубови.
Поздрав!
П.С: Не ми се пишува повеќе... за оваа тема можеме да организираме семинар во траење од најмалку 4 дена!