Фан Клуб: Арсенал

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Муабетот ми беше, предхдоните години неколку пати бевме на чело на табела, се до март месец па следуваа повреди, како на пр. таа на Едуардо. После сезоната кога си отиде Анри сите не отпишуваа, но се боревме некако. Е сеа, ако имаме еден компетитивен состав, мислам дека можеме да направиме повеќе. А сезонава во ПЛ, ќе се води битка. Голема битка. Шампионот нема шанси да има повеќе од 70 до 75 бода, па можно е секој бод да е Шампионска титула.

Сити во прв ред, Челзи, Јунајтед и Арсенал во втор ред. Трет ред Тотенхем, под услов да дојди Боаш. Четврт ред, Ливерпул, Евертон и Сандерленд се тимови кои ќе можат да ги победат сите, и да се победат меѓу себе, сите. Очекувам голема битка и суперинтересна ПЛ. Едвај чекам да почне.
А Њукасл? А Вест Хем?
 

derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
Сеуште немаме толку комепетитивен тим, сеуште немаме клупа. Незнам, можеби ова го зборам поради искуствата од претходните сезони. Нема сезона во последниве 6 години кога барем 3ца клучни играчи, првотимци, на кои се потпира нашата игра да не поминат барем по најмалку 2 месеци повредени. Тоа редовно, како по правило се случува во Декември, Јануари, Фебруари и делумно Март, кога се крши сезоната, кога се прави вистинскиот чекор кон титулата. Речиси секоја сезона после 20 Ноември ние импровизираме со првиот состав и играта затоа што во секоја линија имаме повреди, плукни залепи е работава. Крпена одбрана, крпен среден ред, за напад да не зборувам, кога го немаше Ван Перси пред три сезони (мислам) го игравме Аршавин како напаѓач, кога се повреди Клиши го игравме Фламини како лев бек и уште многу такви нелогични, успешни и неуспешни експерименти и импровизации.
Иако таквите импровизации можат да бидат искористени против одредени противници како изненадување, не можеме да се потпираме на нив во текот на цела сезона.
И тоа што во последно време ме нервира многу е дека демек ако земеме DM ќе ги уназадиме Кокелин и Фримпонг, искрено веќе не ме интересира, ако е добро детето ќе се избори за старт ако не фала и чао. Можеби доколку претходната сезона не ни беше „карма каша“ тие двајцата ќе добиваа повеќе минути, сигурно и Шамак и Парк ќе добиеа повеќе шанси, но нас секој натпревар ни беше важен. И тогаш во тие тешки моменти покажавме дека можеме да изиграме добро кога треба, со чесни исклучоци, падови во играта им се случуваат на сите тимови. Ни беа повредени сите бекови - издржавме, пола сезона немавме CAM - издржавме, некои натпревари со комбиниран состав ги изигравме маестрално. Но тоа беше доволно само до третото место, и тоа одвај се довлечкавме до таму.
Играта треба да се прилагодува на секој противник, ни требаат повеќе опции, нови идеи, тоа најбезболно се постигнува со засилувања и резерви во секој сегмент од играта. Нас, последниве 6-7 сезони тоа ни фалеше. Еден играч, ма колку и да биде добар, неможе да издржи да изигра 30 и кусур натпревари на исто темпо и исто ниво на висока концентрација, тие сепак се луѓе. Младите од друга страна се неискусни и нивните реакции некогаш се избрзани или воопшто ги нема.

Според мене, да не беше Професорот сиве овие тешки години, ќе бевме бетер од Ливерпул. Јас мислам дека ни фалат уште 2-3ца играчи и секако да ги избркаме тие што демек играат а всушност само земаат плата која е многу повисока од повеќето првотимци во послабите клубови.
Поздрав!

П.С: Не ми се пишува повеќе... за оваа тема можеме да организираме семинар во траење од најмалку 4 дена! ;)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
А Њукасл? А Вест Хем?
Мислам, ама мислам дека силата на Њукасал ја покажаа во изминатава сезона. Не очекувам многу од нив во наредната. Ќе видиме. Вест Хем ? Не прај забава.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.161
Како што знам самиот изјави пред некој ден дека почнува со тренинзи и ќе биде подготвен на стартот.
Only had 5 days off. Just been keeping my head down and training everyday at the training ground. Proper graft. Looking forward to pre-season now.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Како живее најбогатиот Русин

Алишер Усманов има палата од 77 милиони долари, дома си гради римска бања, комшии му се Ени Ленокс, Џуд Ло и Џорџ Мајкл, и не сака кога го критикуваат Путин.


Во Лондон Усманов има викторијанска палата што ја купил за 77 милиони долари. Во неа сега гради огромна бања во римски стил и подземен базен. Неговата викендичка пак е поранешна кралска палата изградена во 1524-та, која зафаќа површина од 300 ари.
Милијардерот поседува и јахта од 100 милиони долари, Дилбар. Претходно имаше јахта од 273 милиони долари. Наводно, неодамна купил Ербас А430, најголемиот приватен авион во Русија, а можеби и во цела Европа.
Усманов е сопственик и на рускиот весник Kommersant, кој има тираж од 131.000. Тој им даде отказ на ЦЕО-то и главниот уредник на весникот, откако беа објавени негативни коментари за Владимир Путин, бележи Business insider. Богаташот исто така ги откупил правата за огромна колекција на советски цртани филмови за околу 10 милиони долари и ги донирал на руска телевизија.
Фондацијата Arts and Sports Charity на олигархот стои зад успешната кандидатура на Русија за домаќин на светското првенство во фудбал во 2018-та.
Негова животна сопатничка е Ирина, поранешна гимнастичарка, со која се венча во 1992-ра.
Извор
Само уште овој ни фали да ни го расипе тимот!
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.483
Поени од реакции
10.220
Не зборете без везе.Со овој на чело и Венгер менаџер,професорот би ги имал сите средства потребни...Не заборавај дека тие средства ќе бидат паметно трошени и не би се расфлувал за играчи повеќе од 25 мил. ;)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.090
Не зборете без везе.Со овој на чело и Венгер менаџер,професорот би ги имал сите средства потребни...Не заборавај дека тие средства ќе бидат паметно трошени и не би се расфлувал за играчи повеќе од 25 мил. ;)
е шо зборвиш...шта би било кад би било... ако беше баба машка ќе ја викав дедо...
Кој ти дават гаранција дека и Усманов не е преварантско копилиште ? Ти да не си разговарал лично со него ? И да си разговарал која ти е гаранцијата дека не те излажал...
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
е шо зборвиш...шта би било кад би било... ако беше баба машка ќе ја викав дедо...
Кој ти дават гаранција дека и Усманов не е преварантско копилиште ? Ти да не си разговарал лично со него ? И да си разговарал која ти е гаранцијата дека не те излажал...
А што имаш ти против Усманов? Ти згрешил нешто? Или само дека е богат Русин (родум од Узбекистан)? Па добро Кренке што направи? Мислиш дека ќе дојде Усманов и Арсенал ќе се прекрсти во Алишер Клуб и ќе играат дворски шутови во тим?
не гледајте со предрасуди бе луѓе, би било одлично доколку и Усманов е во бордот, да има збор човекот. 30% акции држи, не мора да е негов клубот, ама сигурно ќе допринесе за подобрување на состојбите.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Јас сум за еден сопственик на Арсенал, макар, тој бил и лично самиот ЃАВОЛ. Ете дотаму е дојдена работата.
 

derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
Сигурно има причини зошто останатите од бордот го држат Усманов надвор. За разлика од нас, останатите топ клубови во ПЛ се во длаок минус, ние имаме стадион за кој сеуште плаќаме. Имаме и нов систем на финансиско работење и одржлив развој, проект на кој се работи 10тина години. Имаме академија која константно произведува играчи така да и со прилично слаб состав сме компетитивни и за разлика од некои други клубови ние секоја сезона играме во ЛШ.
Не гледам причина зошто некој би го ризикувал сето ова за еден тип со сомнително минато и уште посомнителна иднина, кој ја злоупотреби ситуацијата за да си го зголеми својот удел во Арсенал, да го преземе клубот.
Лично јас бев против тоа во Арсенал да има доминантен сопственик кој сам ќе управува со клубот, не го сакам Кронке а уште помалку Усманов. Досега бевме доста успешни и без „Sugar Dadies“ не гледам зошто и понатаму не би биле.
Единствен сопственик е опасна работа, или е таму за да си го зголеми сопственото конто или ќе ги сплеска клубските пари и плус неговите, некое време ќе бидеме силни но после кога ќе почнат проблемите - ќе се посере на клубот и ќе си замине.
Никој од нас незнае што точно се случува, бордот си работи и многу малку релевантни информации оттаму излегуваат, така да 99% од тоа што го читаме е чиста шпекулација и новинарски спин.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
А па сегашниов борд многу е салам. Тие го држат Усманов надвор, но дали заради Арсенал или лични нивни интереси тоа е големо прашање. Да имаме стадион, убава позтивна работа, финасиски добро се одржува клубот без големи долгови, ама проектот на кој се работи 10 години баш и не е многу успешен. Кои се тие ептен добри играчи кои ги направила академијата, има ли барем тројца за 10 години. Последниве два трансфер периода, каде што купуваме малце постари и поискунси играчо баш не ми кажуваат дека Венгер сеуште цврство верува во проектот на млади деца кои ќе станат ѕвезди.

Статус-кво ситуацијата е задоволителна за многумина, но на се посилна конкуренција во лигата прашање е колку е одржлива, уште 10 години вака и... Ќе живееме во минатото, ќе станаме како оние на кои им се смееме а немаат освоено лига 20 години.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.090
А што имаш ти против Усманов? Ти згрешил нешто? Или само дека е богат Русин (родум од Узбекистан)? Па добро Кренке што направи? Мислиш дека ќе дојде Усманов и Арсенал ќе се прекрсти во Алишер Клуб и ќе играат дворски шутови во тим?
не гледајте со предрасуди бе луѓе, би било одлично доколку и Усманов е во бордот, да има збор човекот. 30% акции држи, не мора да е негов клубот, ама сигурно ќе допринесе за подобрување на состојбите.
кој спомна дека со "Кренке" е супер... едноставно според мене беше најдобро да не се променит бордот на директори али ете ги продадоа акциите и од двете зла за среќа ги продадоја на помалото...

Кој ташак да изиграваме вештачки клуб ко челзи кога Арсенал има историја и немат потреба од некој прљав русин да ни донеси трофеи...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom