Фан Клуб: Арсенал

Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Иначе морам да кажам дека релативно грубо играше Арсенал, не знам дали и во Англија така играат. Не викам дека намерно ги повредија играчите, во никој случај, но за жал Бендер давата вилици му се скршиле и до Јануари не ќе може да игра. Геце само некој ден ќе паузира. Иначе ми се допадна многу реакцијата на публиката ко го носеја Бендер и ко му даваа аплуас но морам да забележам дека навивачите на Дортмунд скоро цела утакмица беа погласни и поќе навиваа.
Знаете, во Германија ја земаат Англија и навивајнето таму како пример и го великуваат но ми се чини дека спротивно во Англија почнаа да ја земаат атмосферата во Германските стадиони како пример.
Можеби има тука нешто со правилата за навивачите во стадионот. Се изненадив што на навивачите на Дортмудн им беше дозволено да стојат пошто нормално тоа во Емирати не е дозволено и со тоа се губи на атмосфера?
Абе не би рекол грубо, Бендер сам налета и се удри дури он направи фаул во таа ситуација и се самоповреди. Геце исто така налета на Сонг кој беше поставен во место. ПОточно се “самоповредија“.

Инаку за навивањето Англија има како мит дека се хулигани, но сепак тие хулигани домашните работи ги чуваат. На времето правеја ЌхаосЌ низ европа каде што беа казнети за учество во Европа на почеток на 90тите. Е после тоа воведоја строги правила со Х претпознатливи мерки како не давање карти на секого, затворски казни за “мали“ екцеси итн. Во прв ред даваа карти на инвалидизирани лица итн кои придонесоја за митот од енглеските хулигани да оди во историја и далеку се од порано иако на гостувања сеуште прават бељи битејќи тоа не е нивно.....

Инаку за играта немоѓам да најдам некоја замерка голема. Сите на ниво посебно ме радува играта на Сантос и му пблагодарам на Клиши што замина затоа што мислам дека он ни беше малерот. Мертезакер одличен иако многумина го критикуваат искуството му помага да ги надмине недостатоците да ги елиминира како тромавоста. Инаку во Европа сите натпреари ги изигра на доста високо ниво а многу брзо сум убеден дека ќе се адаптира и на енглескиот стил на игра.

Исто така сум доста пријатно изненаден и од Волкот кој последниве неколку натпревари игра на доста високо ниво за разлика од минатата година. Посебно гледам доста голем напредок во центаршутот. иако изгледа како да не центрирал убаво сепак топката има доста чудно се движи и им создава проблеми на одбраната и голманите. И да почесто помага назад.

Али би споменал и одбраната на дортмунд која изигра доста добро убаво покриваше но сепак попушти на крај и тоа е тоа што ми се свиѓа кај нас што имавме смирена игра и покрај таква цврста одбрана. Порано секогас против вакви тимови сме имале проблеми и имаше многу нервоза. Ова подобруање би рекол дека се должи на искуството што го донесовме со Артета и Жервињо, а и останатиот дел од екипата созреа. Бенајун иако многумина негодуваа за неговиот трансфер сепак мислам дека е одличен играч со искуство и одлична клупа. Вчера со неговото влагање се освежи играта а и доста борбен ми изгледа. Фала им на челзи што ни го дадоја иако многумина не го скаат.

И за крај ме радува врачањето на Диаби и нека му работи Хот подобро за да одмори малку Ремзи....
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Добра серија имаме, многу добра, и по самите изјави на Венгер и по играта се гледа дека тимот од оваа сезона има поинаков пристап од претходните, можеби нема толку атрактивност во играта, ама има многу поголема стабилност, а и реално со Вермален во одбрана, многу подобрениот Косиелни, Сантос кој е 10 пати поарен од Клиши, Артета внесува многу сигурност во средината. Само вака да продолжиме.

Еве уште еден голем подржувач на Арсенал во фан клубот:)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Еееее Федерер.. Добро е добро. Ме бендисва добрата „клима“ во тимот и стабилноста во целиот тим. Беа растревожени со заминувањето на Фабрегас и Насри, но сега се се среди. Тимот се движи во правилна насока, имаме добар тим, добра игра...

Сабота, Арсенал - Фулам, 18 45, спортклуб плус, во живо. Иначе, податок кој самите го кажаа во една емисија, дека Арсенал е најбараната екипа за преноси и дека токму Ние го држиме рекордот оваа година, со најповеќе преноси во живо. Дури 3 повеќе од тимовите од Манчестер.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Промената во климата се должи тоа што нема новинари и шпекулации за тоа дали Фабрегас ќе си одел, па како течел договорот на Насри, сите нови играчи што дојдоа го сакаат клубот и сакаат да играат во Арсенал.

Затоа и клубот и Венгер не сакаат премногу галама да прават за договорот на В.Перси, за да не се наруши моменталнта негова, а и формата на клубот.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Да да, а и извесно е дека Ван Перси чека добар момент за да го продолжи договорот.
 

Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33
Ван Перси оди по стапките на великанот, Тиери Анри. Да се надеваме ќе му ги донесе успесите од времето на "Нескршливите" од генерацијата на Виера, Пирес итн. Јас сум огромен фан на Арсенал, секогаш со перницата стегната во рацете ги следам натпреварите и сум конечно среќен од стабилноста на тимот, нешто што го немаме видено последните неколку години.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Иначе морам да кажам дека релативно грубо играше Арсенал, не знам дали и во Англија така играат. Не викам дека намерно ги повредија играчите, во никој случај, но за жал Бендер давата вилици му се скршиле и до Јануари не ќе може да игра. Геце само некој ден ќе паузира. Иначе ми се допадна многу реакцијата на публиката ко го носеја Бендер и ко му даваа аплуас но морам да забележам дека навивачите на Дортмунд скоро цела утакмица беа погласни и поќе навиваа.
Знаете, во Германија ја земаат Англија и навивајнето таму како пример и го великуваат но ми се чини дека спротивно во Англија почнаа да ја земаат атмосферата во Германските стадиони како пример.
Можеби има тука нешто со правилата за навивачите во стадионот. Се изненадив што на навивачите на Дортмудн им беше дозволено да стојат пошто нормално тоа во Емирати не е дозволено и со тоа се губи на атмосфера?
Welcome to Premier League. Во Англија за да ти свирнат фаул треба да си многу погруб отколку во другите лиги. А тек Стоук да дојдат да ги видиш...
Абе во Германија се подобри навивачите отколку во Англија ама само на стадион. На улици е многу поразлично и тие работи многу многу не се изнесуваат надвор. Затоа и важи тоа што го викаш за навивачите во Германија. Плус за да се намалат инцидентите во Англија владеат многу закони на трибини.
А како што некој спомна погоре, ова се домашните навивачи. Гостинските навивачи на Арсенал >>>>>>>> Домашните навивачи на Арсенал
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А како што некој спомна погоре, ова се домашните навивачи. Гостинските навивачи на Арсенал >>>>>>>> Домашните навивачи на Арсенал
Се согласувам со тебе и скоро со сите клубови е така. Тие што патуваат на гости се најверните што го следат клубот секаде, во крвта им е да се бучни :) Освен на Стоук фановите, тие на свашта свират ко неартикулирани :Р
 

Makaveli_Gunner

The_Motherfucker*
Член од
4 февруари 2011
Мислења
647
Поени од реакции
274
http://www.youtube.com/watch?v=FUZxnW2tAHk&feature=youtu.be
Mало враќање во минатото лелеј колку ми фали ваков арсенал не сум разочаран и од сегашниот тим ама ова е тоа што се бараше борбеност со срце играње видете само луди Јенс што прави а како бега Роналдо детенцето хаха
:pos::pos::pos:
--- надополнето: Nov 24, 2011 9:58 PM ---
http://www.youtube.com/watch?v=Fc3p8gW54nE&feature=related
легендата :D
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
439
Поени од реакции
148
Уживајте... http://www.youtube.com/watch?v=1wbvM8IK9ag

Најдобрите акции, потези, асистенции на капитенот наш.Човек кој според мене има најсовршен лажњак финта шут у свет. :) Едноставно во тимот имаме нешто невидено, нешто вансериско, играч кој дојде од школата на Фејнорд во Арсенал и кој се развиваше и созреваше во времето на " The Invincibles ". За жал повредите го влечеа долго време и неможеше да заигра асално, врзуваше повреда по повреда. Сега фит, капитен на новиот Арсенал и пуни мрежи како никогаш порано.Пу пу да не го урочам само вака да продолжи и да ни го служи здравје!

И да, се чека продолжување на договорот на ЅВЕРОТ во најскоро време! :)

Бај Д Веј на видеото потегот на 6:23 :cuc:
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Оф топик: Колку беше убо да се види екс тимот и сегашниот тим на мечот меѓу Цонга и Надал. Од оваа генерација на Вилишир, Аршавин, Ван Перси, Артета, кои беа присутни на трибините па се до двајца великани, Анри и Пирес. Фантастично е да си го видиш минатото и сегашноста и пред тебе ти идат еден тон слики, сеќавања на убави и неубави моменти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom