- Член од
- 30 јули 2008
- Мислења
- 4.320
- Поени од реакции
- 2.846
Абе не би рекол грубо, Бендер сам налета и се удри дури он направи фаул во таа ситуација и се самоповреди. Геце исто така налета на Сонг кој беше поставен во место. ПОточно се “самоповредија“.Иначе морам да кажам дека релативно грубо играше Арсенал, не знам дали и во Англија така играат. Не викам дека намерно ги повредија играчите, во никој случај, но за жал Бендер давата вилици му се скршиле и до Јануари не ќе може да игра. Геце само некој ден ќе паузира. Иначе ми се допадна многу реакцијата на публиката ко го носеја Бендер и ко му даваа аплуас но морам да забележам дека навивачите на Дортмунд скоро цела утакмица беа погласни и поќе навиваа.
Знаете, во Германија ја земаат Англија и навивајнето таму како пример и го великуваат но ми се чини дека спротивно во Англија почнаа да ја земаат атмосферата во Германските стадиони како пример.
Можеби има тука нешто со правилата за навивачите во стадионот. Се изненадив што на навивачите на Дортмудн им беше дозволено да стојат пошто нормално тоа во Емирати не е дозволено и со тоа се губи на атмосфера?
Инаку за навивањето Англија има како мит дека се хулигани, но сепак тие хулигани домашните работи ги чуваат. На времето правеја ЌхаосЌ низ европа каде што беа казнети за учество во Европа на почеток на 90тите. Е после тоа воведоја строги правила со Х претпознатливи мерки како не давање карти на секого, затворски казни за “мали“ екцеси итн. Во прв ред даваа карти на инвалидизирани лица итн кои придонесоја за митот од енглеските хулигани да оди во историја и далеку се од порано иако на гостувања сеуште прават бељи битејќи тоа не е нивно.....
Инаку за играта немоѓам да најдам некоја замерка голема. Сите на ниво посебно ме радува играта на Сантос и му пблагодарам на Клиши што замина затоа што мислам дека он ни беше малерот. Мертезакер одличен иако многумина го критикуваат искуството му помага да ги надмине недостатоците да ги елиминира како тромавоста. Инаку во Европа сите натпреари ги изигра на доста високо ниво а многу брзо сум убеден дека ќе се адаптира и на енглескиот стил на игра.
Исто така сум доста пријатно изненаден и од Волкот кој последниве неколку натпревари игра на доста високо ниво за разлика од минатата година. Посебно гледам доста голем напредок во центаршутот. иако изгледа како да не центрирал убаво сепак топката има доста чудно се движи и им создава проблеми на одбраната и голманите. И да почесто помага назад.
Али би споменал и одбраната на дортмунд која изигра доста добро убаво покриваше но сепак попушти на крај и тоа е тоа што ми се свиѓа кај нас што имавме смирена игра и покрај таква цврста одбрана. Порано секогас против вакви тимови сме имале проблеми и имаше многу нервоза. Ова подобруање би рекол дека се должи на искуството што го донесовме со Артета и Жервињо, а и останатиот дел од екипата созреа. Бенајун иако многумина негодуваа за неговиот трансфер сепак мислам дека е одличен играч со искуство и одлична клупа. Вчера со неговото влагање се освежи играта а и доста борбен ми изгледа. Фала им на челзи што ни го дадоја иако многумина не го скаат.
И за крај ме радува врачањето на Диаби и нека му работи Хот подобро за да одмори малку Ремзи....