Time Shift klik forward in to the Future
2014 Фабрегас потпиша за Сантандер
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
2015 Фабрегас: Најголемата грешка во мојата кариера беше што си заминав од Арсенал!
Венгер: I told u so
И така почнува нова сезона... Некои предвидуваат и очекуваат катастрофа, но тоа се само некои. Нема да му биде прв пат на Арсенал да остане без своите најпрепознатливи и најистурени поединци, па како што е и редно пак ќе се бориме за титула. Најмногу поради тоа што сега се отвори простор и пак се враќа натпреварувањето и борбата за влез во првиот тим. Досега две места во тимот беа зацементирни и достапни исто колку и можноста да изградиме колонија на Марс до 2020.
Е сега, малку за горенаведениот timelaps, кажете ми кој играч се прославил откако заминал од Арсенал?
.
.
.
Ни јас неможам да се сетам, а тоа не е поради тоа што сме млади и не сме го гледале Арсенал толку како другите, навистина нема таков (неброејќи го Кешли, стварно е квалитет и за губење на таков играч јас би пратил некој апсаана, али бидна веќе)
Каде е страшниот Адебајор, незаменливиот Хлеб, пробивниот Рејес итн сите мислеа дека Арсенал е премал клуб за нив.
Смешно нели, е па таа смеа сега ги боли.
Нема да лажам, ми е криво затоа што го осиромашивме фудбалот со продажбата на Цеск, отиде јабана детето, е тоа ти е „Рани куче да те лае“.
Некои работи во Арсенал едноставно се констатни, купуваме млади крила и ги имаме за извоз, јебига со бековите ни се слаба точка, штета што од сите тие деца ниту еден нема да биде играч од калибарот на Арсенал, ама чика Венгершевиц(Juden) очигледно не мисли така. Или пак ние ништо не разбираме а тој ги молзи Сити и си ги чува како индиска света крава.
Како и да е, за неколку часа ја започнуваме сезоната и на лице место ќе се увериме кој бил во право а кој не.
Од денеска не коментирам натпревари пред тие официјално да завршат.
И да мислам дека Арсенал го затвори трансфер пазарот, незнам зошто ама мислам дека на Емирати поскоро Обама ќе дојде отколку некој играч. (Џенкинсон, Мијачи, Чемберлејн, и овој сега што ќе дојде не ги сметам за играчи, тие не се ништо повеќе од децата во маало кои играат фудбал на улица, т.е во наредните неколку сезони нема да имаме никаква корист од нив, болна вистина жал ми е, ама така ние функционираме, Self susteinable model, my ass)
Поздрав Ганери!!! и Господ нека ни е на помош