Ако Мавропанос е стварно ѕверка како што пренесуваат тие што пратат Бундес, ако Холдинг си ја врати старата форма и Салиба е стварно талент кој ќе ги оправда очекувањата, тогаш нема веќе место во тимот да има за Давид Луиз, односно и да остане би ја имал улогата на Мустафи што ја имаше сезонава, небитен ко семафор во ГТА. Ама ова е премногу ако, може да функицонира може и не, Давид Луиз е играч што знае да е продуктивен многу напред, што знае одлично да пренесе топка и да подаде точен пас, технички добар дефанзивец, ако продолжи со квалитетни партии се помали се шансите дека сите тројца од погоре ќе добијат шанса во Арсенал, ако продолжи со топло-ладно, ќе добијат верувам освен ако не се пратени пак на позајмица, ама сосема е веорјатно да не се ни приближно нивните игри како тие партии што ги играле во Франција и Германија, бидејќи Англија не е Франција и Германија, и тогаш ќе сме бајги заебани ако го шутнеме Луиз и се потпреме на квалитетите на играчи кои не ни добиле права минутажа во Арсенал или имале топло-ладно настапи. Добар е сега фактот што имаме здрави играчи, па млади играчи ко Нкетиа не мора да се влечат секогаш на клупа или прв тим, туку си играат во натпреварувањата за млади, не форсираме и не фрламе во оган некој само бидејќи мораме, ако тој не се покажал за најквалитетен кадар.