Фан Клуб: Арсенал

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Стерлинг е гад, ама многу јак играч. Снажен е плус и скочен, независно што е метро и жилет. Плус чуден е составов на Артета, многу изменет од претходно и два тројца немаа играно месец дена пред оваа утакмица.
У кој универзум е Стерлинг снажен?
Брз, да, технички добар, да, ама снежен?!
Мене крајно непријатно ми стана гледајќи што им прави Марез на Мари, Тирни и Џака. Во пензија ги прати, не знам дали го сопреа еднаш успешно, ко на корзо си се шета.

Џака милион пати во 45 минути не стави во опасна позиција, бидејќи лабаво дејствува во опасна зона, лошо интервенира и губи топки по што се создаваат шанси за гол што Сити среќа не ги искористи.

Не изненадија со ран гол, иначе со оваа тактика Артета им игра на Сити, и лани крај на сезона вака успеавме да ги тепаме, шанси нема иначе, 3 класи се подобри на секоја позиција, или барем на секоја, ете голман и уште некоја позиција може да се дискутира.

Оба ако не му спречи чист гол на Сака, во стилот на Бентнер и Фабрегас во ЛШ порано....
Лидс, Вест Хем и ВБА извадиле нерешено, Тотенхем и Лестер ги тепале Сити оваа сезона.
Ако за Тотенхем и Лестер може да дискутираме дали имаат подобри играчи од Арсенал, кои се тие вундеркинди што ги имаат Лидс, Вест Хем и ВБА па шо успеале да извадат бод?

Не спорам дека Сити се подобри на секоја позиција, ама не е дека тоа е пресудно за добар резултат. Посебно срам ќе биде ако изгубиме зошто Стерлинг дал гол со глава. 8 гола вкупно има до сеа дадено со глава...
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.829
Поени од реакции
487
Поразот оди вина на маестро Микел Артета.
Де нека му каже некој дека може да праве измени и пред 70та минута ќе ве молам!!!
Среќа Сити ни игрa со пола сила.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
У кој универзум е Стерлинг снажен?
Брз, да, технички добар, да, ама снежен?!

Лидс, Вест Хем и ВБА извадиле нерешено, Тотенхем и Лестер ги тепале Сити оваа сезона.
Ако за Тотенхем и Лестер може да дискутираме дали имаат подобри играчи од Арсенал, кои се тие вундеркинди што ги имаат Лидс, Вест Хем и ВБА па шо успеале да извадат бод?

Не спорам дека Сити се подобри на секоја позиција, ама не е дека тоа е пресудно за добар резултат. Посебно срам ќе биде ако изгубиме зошто Стерлинг дал гол со глава. 8 гола вкупно има до сеа дадено со глава...
Чекај бе човек, не си во право. Сите тие порази и нерешени беа пред неколку месеци, пред Сити да влезе во формата во која е сега. Нешто слично ко со Ливерпул, ете сега кој стигне ги тепа, ама не беше отсекогаш така, нешто слично како Јунајтед на почеток на сезона во споредба со формата отпосле.

На ваков наапан Сити воопшто не е грев да изгубиш 0:1.

Не е дека немавме шанси, едноставно се чоукнавме кога ќе се најдовме во гол шанса и прав удар вооошто не ни упативме. Второ полувреме веќе и престанаат да играат се помирија со поразот.

Мене друга ситуација ме мачи. Лаказет конечно си влага во некоја пристојна форма, Артета решава да го стартува Оба напред, а Лаказет на клупа. Оба дава хет трик, и со тоа му се ресетира бројачот на мртвило утакмици, и сега пак си стартува, а е премногу бескорисен. И сега да не испадне и Лаказет пак камен да стане, Оба исто камен, и со курот во раце да сме. А нападот е нешто што најмногу не мачи сезонава, еден да е разигран континуирано, нема шанси да не сме во топ6.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Во исчекување на изјава на Артета како тоа сме доминирале, контролирале играта, не сме дозволиле да креираат шанси и нормално незаслужено поразени со ТОЧНО НУЛА, сио број 0 креирани шанси.
Ама, ама Емери

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Во исчекување на изјава на Артета како тоа сме доминирале, контролирале играта, не сме дозволиле да креираат шанси и нормално незаслужено поразени со ТОЧНО НУЛА, сио број 0 креирани шанси.
Ама, ама Емери

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
Gledam bogot Emeri so go falea deka bil prv, vtor u spansko, malce mu potonale brodovite.

Prosecen trener za prosecen tim kako Viljareal, ma kakov saka neka e Arteta, brkanjeto na zalizaniot bese prav poteg

Sent from my SM-A217F using Tapatalk
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Светлосни години сме позади тим што беше светлосни години позади нас пред 15 години. Тоа прави паметна инвестиција, паметно водење на тим. Резултатот е можда 1-0 ама чуството е ко да сме изгубиле 8-0. Менталитетот е 0, борба 0, желба освен кај Сака,Тирни и Холдинг кај сите други 0. Капитенот изигра капитенско пи*карски, заменикот капитен Белерин поарно да се насади ко дрво повеќе корист ќе имаме од него. Лимитот на Џака се гледа кога играме против јака средина. Елнени против нас играше, да има барем малце у мозокот ко што има у нозете за трчање ќе беше асален играч. Одегард не чепна топка,а и кога чепна не беше сјаен, промаши доста пасеви. Составот мене не ми беше проблем, знаеме сите што е приоритет и дека мораше некаква ротација, ама кога веќе е 1-0 и колку и лошо да губиме и не газат сеуште има шанса од к*р некој гол да падне, Артета мораше да направи измени порано и да направи измени со јајца. Мораше Обамејанг да го извади, мораше Мартинели да го стави за да внесе енергија во мртвилово. Тирни не можеше на нозе да стои во 50-та минута и изигра 90 минути. Во никој случај не оди на негова вина поразов, сите знаевме исходо, не сме дораснати да играме против Сити, ни од играчки аспект гледано, ни од ментален.

Артета се додека го игра Белерин, и се додека се понаша ко да нема храброст да направи потези со јајца од мене ќе нема 100% поддршка.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Чекај бе човек, не си во право. Сите тие порази и нерешени беа пред неколку месеци, пред Сити да влезе во формата во која е сега. Нешто слично ко со Ливерпул, ете сега кој стигне ги тепа, ама не беше отсекогаш така, нешто слично како Јунајтед на почеток на сезона во споредба со формата отпосле.

На ваков наапан Сити воопшто не е грев да изгубиш 0:1.

Не е дека немавме шанси, едноставно се чоукнавме кога ќе се најдовме во гол шанса и прав удар вооошто не ни упативме. Второ полувреме веќе и престанаат да играат се помирија со поразот.

Мене друга ситуација ме мачи. Лаказет конечно си влага во некоја пристојна форма, Артета решава да го стартува Оба напред, а Лаказет на клупа. Оба дава хет трик, и со тоа му се ресетира бројачот на мртвило утакмици, и сега пак си стартува, а е премногу бескорисен. И сега да не испадне и Лаказет пак камен да стане, Оба исто камен, и со курот во раце да сме. А нападот е нешто што најмногу не мачи сезонава, еден да е разигран континуирано, нема шанси да не сме во топ6.
Океј, да, сите тие порази и нерешени се од поодамна. И да, океј, Сити е во форма, ама тоа не значи дека нема некој да ја прекине таа форма, а тоа може да биде Арсенал. Уствари поентата на целиот тој пост ми е дека не треба оправдување да биде дека Сити имаат 3 класи подобри играчи или дека биле во форма. Едноставно Арсенал не игра добро и некако немаше желба да извади добар резултат.

Според мене немаше да биде грев ако тој еден гол го дадеше некој друг од Стрелинг со глава, човекот има у цела кариера вкупно 8 голови со глава дадено.

За болдот се слагаме. Оба исто ко да не играше, ја бар не го заприметив.
Друга работа, освен шутот на Тирни при крај на прво полувреме, друга шанса според мене и немавме. Да имаше некои шуњања околу гол на Сити, ама тоа беа само шуњања, немаше некој добар шут.

Едино Тирни и Сака играа утакмицава, сите други беа за никаде.
Не знам зошто не играа Мартинели, Габриел и Себаљос. Минатата утакмица мислам дека Себаљос играше солидно и сигурно ќе беше покорисен од Елнени.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Во исчекување на изјава на Артета како тоа сме доминирале, контролирале играта, не сме дозволиле да креираат шанси и нормално незаслужено поразени со ТОЧНО НУЛА, сио број 0 креирани шанси.
Ама, ама Емери

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
1.05 беше коефициентот ти да се појавиш на темава после утакмицава.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Gledam bogot Emeri so go falea deka bil prv, vtor u spansko, malce mu potonale brodovite.

Prosecen trener za prosecen tim kako Viljareal, ma kakov saka neka e Arteta, brkanjeto na zalizaniot bese prav poteg

Sent from my SM-A217F using Tapatalk
Затоа Артета му покажува како треба, нек учи Емери како се доминира

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
1.05 беше коефициентот ти да се појавиш на темава после утакмицава.
Извини шти ти го повредив егото, сепак одкилно одиграа нема што, мора да се пофали твојот човек Артета маестрална тактика,

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.859
Поени од реакции
7.082
Многу досаден пристап на фудбал практикуваме, приоритет цело време безбедност, вака не можеш да свртеш резултат во своја полза против било кој, не само Сити ...
Бескрајно враќање топка назад, назад и пак назад...

За играчите, Арсенал никад нема да може да понуди на било кој тренер цела постава според негова мерка, клубот нема буџет без дно како Сити, овие што ги имаме сметам дека се доволни квалитетни ако ништо друго барем да се борат за ЛЕ.
Трофеј таму сезонава би било премија, дали сме кадарни за такво нешто е голем знак прашалник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom