Елнени за Џака е бог на фудбалот. Во што тоа Џака заслужи да игра пред Елнени? Елнени е далеку посигурен со топка, помалку (односно ич) киксови не прави, Елнени е далеку постабилен играч, не прави глупости од типот на непотребен жолт, црвен, пенал. Елнени кога прима топка не се понаша како да е на корзо и гледа да ја зачува во посед па макар и пас 20 метра наназад да даде, Џака 50% од примените топки му се изгубени бидејќи драгоцени секудни се губат дур ја префрла од една на друга нога и ја гради. Ете Џака имал подобри долги топки (една прецизна по натпревар), ама од ова што го гледам денес и минатите натпревари, Елнени и тоа како знае добар пас да упати. Така да, Елнени пред Џака било кога, било каде.
А тоа секако дека Елнени не е за прв тим за топ4 тим. Ама далеку сме од топ4 тим и така, најмал проблем Елнени е во тимов.